Каква петарда бе, со фитиљ оваа беше, како може да се толку смешни не ми е јасно, гледаат дека е загубен мечот одамна 1:3, 1:4, и пак остануваат со 2ца у одбрана. У продолжението ни дадоа 3 гола шо се вика. Летнале они напред ќе израмнувале...у секој случај добар бокс за Јунајтед, утакмицата толку ме потсети на поразот на Челзи од Сити дома 2:4 или колку беше кога имаа црвени картони, само шо нашите излегоа посмешни во финишот и поубаво ја украсија тортата. Жал ми е за Јанг и Руни, се мачеа но кога не бива не бива. Да немаше црвен картон сигурен сум ќе гледавме поинаков меч, но тоа е тоа, повеќе од заслужена победа за Сити. Ќе бидат осамени на врвот за некое време. Наше е да направиме подолга победничка серија во следните натпревари, зашто Сити очигледно не губи лесно бодови. И да не заборавам, Силва е машина. Секоја чест за партијата.