Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.630
Поени од реакции
8.361
Ешли јанг, Керик и Валенсија се најстарите членови на тимот.Изгледа уште една сезона ќе упика Ешли.А тимов инаку поприлично млад е.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.148
Поени од реакции
2.991
Чудно е што си заминува Руни, колку и да е ептен лош и во никаква форма последниве 2-3 години беше икона и легенда на клубот. Фала му за се што направи, тешко дека некој во блиско време ќе го постигне неговиот успех за најдобар стрелец во клубот. Нека му е со среќа во Евертон, нека постигне што повеќе голови против нашите ривали. :icon_mrgr:

И јас се зачудив со Рохо, што ли бара на турава? o_O
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.281
Поени од реакции
69.011
Рохо го видов пред некој ден со некој од нашиве на ручек на инста... со Ерера чинам. Кој знае како иде напредокот со повредата
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Рохо го видов пред некој ден со некој од нашиве на ручек на инста... со Ерера чинам. Кој знае како иде напредокот со повредата
Да, со Ерера беше. По финалето во ЛЕ јас видов клип кај жена му, како ја пере колата со малата, едвај одеше на ногата без штаки, чудо ќе биде ако е спремен да тренира, за играње фудбал да не правиме муабет.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.770
Поени од реакции
52.744
Сега Мата ви е најдобар стрелец, од моменталните играчи :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.047
Поени од реакции
7.218
Руни си е Руни, без разлика што беше потпросечно лош последните 2-3 сезони. Тоа што го направи тешко дека некој ќе го достигне во следниве 10-ина години. Којзнае, можеби таму некаде во помалите клубови се спрема некое ново фудбалско чудо кое во иднина ќе му се придружи на клубов и ќе биде мотор на успесите во иднина. Добар избор направи што се врати во Евертон, од каде и всушност потекнува. Сигурно ќе има мотив плус против конкурентите на Јунајтед да биде што подобар. Не би ме изненадило да даде и 10-ина гола и неколку асистенции, ако нема проблеми со повреди и ако има добра минутажа. Него сега си го дадовме најголемиот симбол на англискиот фудбал последниве 10 години. Некако се истенчи бројот на home-grown играчи. Какви се правилата, колку треба да се има минимум во составот?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.630
Поени од реакции
8.361


ко што искачаат слики од младински категории, се повеќе се мислам дека лажирал возраст Лукаку...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom