Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Уживај си дека Леви ќе ти го даде Кејн.

И дај не паничете за цениве, гледате дека овој период не може да се земе ништо квалитетно без разлика на која позиција игра без 50, не ви ги зема никој од новчаник.
Мората јас не сакам да дојде за никаква цена. 90 милиони за Мората се надвор од умот. 50 милиони за него се надвор од умот. Врти сучи, човекот е резерва. На Бензема. Ако се купува класичен центарфор, тогаш Лукаку мислам дека е најдобар избор. Треба еднаш да се пресече, или ќе се купува Гризман и ќе се игра со тројца продорни играчи напред, или пак ќе се купи тежок центарфор па ќе се игра со еден класичен шпиц. Ама пред овој избор Јунајтед има други приоритети.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Исто и јас, повеќе го сакам Белоти кој се споменува како алтернатива. Инаку се знае зошто Мадрид спомнале олкава сума за Мората, за да се согласат на продажба на Де Геа и доплата од наша страна.
 
Ако така ги прелажат нека се убие цела управа. Реално Де Геа вреди повеќе од Мората на фудбалскиот пазар. Де Геа е најдобриот голман на светот. Мората е просечен напаѓач кој му е резерва на Бензема. Нека се гонат со Мората.
 
Фората е што иако звучи смешно, Де Геа не сака сега баш да си оди како што сакаше преклани, доста новинари блиски до играчите го тврдат ова. Не е закаран со Мурињо како што беше со Ван Гал, дури напротив, Манчестер ќе игра ЛШ, останува само истиот проблем што беше последниве години, девојка му што живее во Мадрид. Мислам дека Реал пробува да го врати трансферот назад во игра преку нашата потреба за играчи од офанзивата.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
Мората е еден од најпреценетите играчи во моментов. Лукаку е 100 пати подобар избор од него, па и 50 милиони нека го платат повеќе ако треба. Ама црњото имаше изјава дека е договорен со неговиот следен клуб, а нашиве запнале по Мората... тоа може да значи дека ќе оди во Челзи...
 
B

BooBojan

Гостин
Ние можеме да си праеме бајрам на мозоко, ама најважно е шпицот кој ќе го земат, ако земат да се вклопи во тимот, и да играме брз и убав фудбал, а не очебол како некои натпревари, и најважното од се да може да постигне барем 20 голови во ПЛ, 5+ во ЛШ.

Можете да видете дека учинокот на крилата е на едно ниво кое не е нешто ВАУ ама и не е така мал, плус ако се знае дека сите од нив можат да изиграат уште поефикасно.

Видовме дека Руни догодина можеби и нема да игра во Јунајтед а и да игра, е потрошен, можеби дури како трет/четврт шпиц да остане во клубот со 3-4 пати помала плата. За Златан уште ништо не е сигурно. Значи тука сме само со Раш, на 20 години... И можеби Марсијал но тој не е класична 9ка. А за тој да игра у напад треба Мурињо да мења формација во 4-4-2 која е Јунајтедова традиција, ама моментално тешко дека може да ја играме, бидејќи средината мора да се уигра подобро, а и крилата за таа формација....

Пред да се збори за шпиц мора да се погледне понудата на пазарот.

Лукаку- Си оди сезонава од Евертон, дефинитивно, и не знам зошто ама мислам дека тој ќе биде новата 9ка на Јунајтед, бидејќи во спротива треба да иде у Челзи каде е Коста, а Конте игра со еден класичен шпиц. А Лукаку верувајте од 80милиони подолу нема да е сигурно. 80-100милиони.

Обамејан-Овој е дефинитивно ненормален ако иде у ПСЖ дека ќе деле минутажа со Кавани или најверојатно ќе му биде резерва. 70 милиони.

Белоти- На 24 години, 25 голови во Серија А во Торино, МАШАЛА, одличен шпиц, нешто слично на Лукаку, со минус во играта со топка,а плус во финишингот од Лукаку. и овој ќе има цена од некои си 60-80 милиони евра, во зависност од тоа кој ќе го купе.

Мертенс- Иако потпиша нов договор со Наполи, морав да го ставам на оваа листа, пријатно ме изненади оваа сезона, би рекол скоро исти играч како Гризман, со мал минус во играта со глава во однос на Гризман, и овој од 50-70 милиони би коштал.

Мората- Можеби оној кој е најпотценет од сите напагачи, само заради тоа што е резерва на Бензема, бидејќи французинот работи на терен и за Роналдо а плус е и милениче на Зизу. Искрено сакам тој да биде новата 9ка на Јунајтед, во ваква никаква сезона во Реал, каде беше втор шпиц и најчесто играше кога играше вториот тим на Реал, против слаби тимови или влегуваше по 20на минути како резерва успеа да даде 20 голови. АМА мора да му се сетите на мечевите од Јуве, каде што вистински си го покажа квалитетот.

Долберг- И јас бев скептик за дечково, ама машала и тој игра доста добар фудбал, е сега многу е млад и тој заедно со Раш да бидат главно оружје на Јунајтед. Инаку располага со одлични квалитети од позиционирање, игра со топка, учество во игра, и особено добар удар од далечина.

Mбапе- Нема потреба да збориме за него многу, одличен играч, но со цена од барем 130 милиони, и одлична снаодливост во простор, дриблиг, игра по крило.

Лаказет- Дечково може сосема добро да си ја одработи работата за прв шпиц со оглед на тоа дека, не знам како точно да се изразам, нема среќа во кариерата. Едноставно не знам како уште игра во Лион, гледајќи го неговиот квалитет. Квалитетен фудбалер за секоја позиција во тимот, и лидер на тимот. А скоро никој не го есапи, и ми делува потценето. А мислам дека може да се доведе во тим за некои си 50на милиони.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.550
Поени од реакции
8.128
Лукаку Лаказет Белоти ... Мората (in that order). Белоти и Лаказет ми се тука негде според рангрирањето, финеси се у прашање.

А едно не ми е јасно околу Лукаку, што ќе прави у Челзи покрај Коста.Исто и Аубамејанг, толку ли е заапан за пари што ќе иде у ПСЖ згора на тоа ќе дели минути со Кавани(веројатно).Толку ли се пичи од Англија што дури би одел у Франција?!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.612
Поени од реакции
6.408
Нека ги лупнат парите за Мората кој не е подобар ни од Рашфорд ни од Марсијал за таа позиција а десно крило ќе ни играт Лингард и Мата.

Толку бев во еуфорија за трансфер периодот после освојувањето на ЛЕ за да за 2 недели од извисувањето на Гризман до поврзување на Мората, Перишиќ и слични ме накурчат до максимум.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.896
Поени од реакции
22.976
Каков Мората какви бакрачи.Ако се зима шпиц(а итекако ни треба)Лукаку е најдобра опција ..Мората :facepalm::facepalm: ..па и 90 мил..
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.834
Поени од реакции
1.309
Нешто килава работава со засилувањава. Премногу корпи за кратко време.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Исто и јас, повеќе го сакам Белоти кој се споменува како алтернатива. Инаку се знае зошто Мадрид спомнале олкава сума за Мората, за да се согласат на продажба на Де Геа и доплата од наша страна.
Мадрид го батали Де Геа, можда англиските медиуми уште не го баталиле. Просто е, него Флорентино го сака, али играчите и Зидан не го сакаат. Е сега Зидан е еден од ретките тренери на Реал кој си изгради статус да му се почитува зборот.

http://www.marca.com/futbol/real-madrid/2017/06/07/5937cb24e2704e49378b4595.html

http://www.marca.com/futbol/real-madrid/2017/06/07/593801fc468aeb7b498b45c2.html

Дури мислам и дека приказната меѓу Мадрид и Де Геа сосема заврши, и ако во иднина се брка голман тоа ќе биде Донарума.

Сигурен сум дека Зидан и Мората го сака во свој тим, дури и му обеќаше повеќе минути наредна сезона, али Мората бара загарантиран првотимски статус во пресрет на светско. А факт е дека ко џокер од клупа го спаси Реал не знам колку пути оваа година.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376

Точно,затоа и го имаат проценето некаде на 80 милиони Мората, кој е солиден играч ама не знам колку би се снашол во ваков Манчестер. Подобро опции од него ми се секако и Лукаку и Белоти. Кога веч се фрлаат толку пари на напаѓач мислам дека прва опција би требало да биде Лукаку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom