Ние можеме да си праеме бајрам на мозоко, ама најважно е шпицот кој ќе го земат, ако земат да се вклопи во тимот, и да играме брз и убав фудбал, а не очебол како некои натпревари, и најважното од се да може да постигне барем 20 голови во ПЛ, 5+ во ЛШ.
Можете да видете дека учинокот на крилата е на едно ниво кое не е нешто ВАУ ама и не е така мал, плус ако се знае дека сите од нив можат да изиграат уште поефикасно.
Видовме дека Руни догодина можеби и нема да игра во Јунајтед а и да игра, е потрошен, можеби дури како трет/четврт шпиц да остане во клубот со 3-4 пати помала плата. За Златан уште ништо не е сигурно. Значи тука сме само со Раш, на 20 години... И можеби Марсијал но тој не е класична 9ка. А за тој да игра у напад треба Мурињо да мења формација во 4-4-2 која е Јунајтедова традиција, ама моментално тешко дека може да ја играме, бидејќи средината мора да се уигра подобро, а и крилата за таа формација....
Пред да се збори за шпиц мора да се погледне понудата на пазарот.
Лукаку- Си оди сезонава од Евертон, дефинитивно, и не знам зошто ама мислам дека тој ќе биде новата 9ка на Јунајтед, бидејќи во спротива треба да иде у Челзи каде е Коста, а Конте игра со еден класичен шпиц. А Лукаку верувајте од 80милиони подолу нема да е сигурно. 80-100милиони.
Обамејан-Овој е дефинитивно ненормален ако иде у ПСЖ дека ќе деле минутажа со Кавани или најверојатно ќе му биде резерва. 70 милиони.
Белоти- На 24 години, 25 голови во Серија А во Торино, МАШАЛА, одличен шпиц, нешто слично на Лукаку, со минус во играта со топка,а плус во финишингот од Лукаку. и овој ќе има цена од некои си 60-80 милиони евра, во зависност од тоа кој ќе го купе.
Мертенс- Иако потпиша нов договор со Наполи, морав да го ставам на оваа листа, пријатно ме изненади оваа сезона, би рекол скоро исти играч како Гризман, со мал минус во играта со глава во однос на Гризман, и овој од 50-70 милиони би коштал.
Мората- Можеби оној кој е најпотценет од сите напагачи, само заради тоа што е резерва на Бензема, бидејќи французинот работи на терен и за Роналдо а плус е и милениче на Зизу. Искрено сакам тој да биде новата 9ка на Јунајтед, во ваква никаква сезона во Реал, каде беше втор шпиц и најчесто играше кога играше вториот тим на Реал, против слаби тимови или влегуваше по 20на минути како резерва успеа да даде 20 голови. АМА мора да му се сетите на мечевите од Јуве, каде што вистински си го покажа квалитетот.
Долберг- И јас бев скептик за дечково, ама машала и тој игра доста добар фудбал, е сега многу е млад и тој заедно со Раш да бидат главно оружје на Јунајтед. Инаку располага со одлични квалитети од позиционирање, игра со топка, учество во игра, и особено добар удар од далечина.
Mбапе- Нема потреба да збориме за него многу, одличен играч, но со цена од барем 130 милиони, и одлична снаодливост во простор, дриблиг, игра по крило.
Лаказет- Дечково може сосема добро да си ја одработи работата за прв шпиц со оглед на тоа дека, не знам како точно да се изразам, нема среќа во кариерата. Едноставно не знам како уште игра во Лион, гледајќи го неговиот квалитет. Квалитетен фудбалер за секоја позиција во тимот, и лидер на тимот. А скоро никој не го есапи, и ми делува потценето. А мислам дека може да се доведе во тим за некои си 50на милиони.