Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.793
Поени од реакции
44.074
Значи никогаш нема да се разберете додека клубот не прекине да игра топло ладно. Моментално знаеме во само 3 дена да ги изиграме и најдобрата и најлошата утакмица во сезоната. Има напредок во играта точно, но проблемот е што не сме константни. Споредете ги второто полувреме со Виган и мечот со Хал во Лига купот три-четири дена после тоа.

Смешно е што се тешиме на глупости, сме гаѓале стативи, голманите бранеле против нас, Ибра ако ја удрел малце полево на челото ќе била гол и слично... Како и да ја вртиш, реализацијата ни е мизерна и тоа е сегмент кој ако не го поправиме никогаш нема да мрднеме од 6тата позиција на која сме заковани од Октомври месец. Џабе немаме пораз 4 месеци, кога не победуваме. Имаме 11 победи на 23 утакмици, што не е ни 50%. Киксаме дома лесни утакмици, на гости неможеме да се составиме со топката.


Како и да е, верувам дека можеме пред Арсенал и Ливерпул, имаме и подобар ростер и повеќе квалитет. Само треба 2 работи: да почнат да погодуваат зицери и да играат помашки на гостувањата.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
До Челзи натпреварот имаме 8 утакмици, сеа му е мајката тие да се искористат за нагоре во табелата инаку ќе си останат 6то!
 
R

red.devil

Гостин
ЛВГ го мислев, лапсуз направив.

Која пара на деца ја мавна ЛВГ жити се? Шо беше договорен уште пред да дојди, тој само даде зелено светло. Мемфис, Марсијал и Фосу Менса стигнаа како така помлади. Мемфис ако не се лажам на 21, другиве на 18. Еве ги денес кај се. Освен Марсијал кој имаше топ сезона лани, а од ЕП навака е топло ладно е стратегија за во иднина?
Си имаше ЛВГ на располагање финансии колку што имаше Мурињо. И во прва сезона сериозно го направи тоа што го направи Мурињо ова лето. Ерера, Ди Мариа, Фалкао, Блинд и Шо.
Разликата е што ЛВГ сакаше со 20 играчи плус младинци да прави конкурентен тим за ПЛ и да флопни во ера кога Челзи, Ливерпул и Сити играа катастрофа, а конкуренти за титула да бидат Лестер и Тотенхем.

И да, разликата беше 10 бода на околу 32-ро коло од крај на ЕПЛ и Сити успеа да ја анулира. И јас не пишав горе дека може едноставно 10 поени да се анулираат, туку дека и ако сме надвор од топ 4 имам доверба дека Мурињо ќе превземи соодветни чекори за следна сезона со цел да ги анулира недостатоците кои ги имаме годинава, а никаде не напишав дека 10 поени едноставно се анулираат и дека тоа ќе го направиме. Намерно напоменав дека размерот од 2ро до 7мо место е 10 поени, еве од 2ро до 6то е 8 или од 3то до 6то е 4 поени. Поентата е дека моменталнва позиција која ја имаме не ја отсликува реалната слика која ние ја пружаме на терен. Затоа не ја врти дискусијата како што ти одговара;)
Многу лапсузи се прават овде последно време. :D
Кога веќе тргнавме, разликата беше точно 8 бода на шест кола до крајот кога не тепаа 1-0, ама како што реков, не е битно.
Патем, друго што заборавив што е за пофалба се намалените повреди на играчите. Иако сметам дека тоа се должи што до октомври месец сите беа на одмор.

Тоа што ми е битно.
Ти како и некои други ми кажувате оптимистички фантазии шта би било кад би било. Јас ти кажувам каква е ситуацијата до сега. Разликувај ги тие два поими те молам.
Друго битно.
Првата сезона на Ван Гал како заврши со инвестицијата што ја имаше, едвај фатија место за ЛШ или се правеа муабети ех да беа тие две-три победи против некојси отепани екипи ќе бевме во борба за титула. Иста е приказната и сега, само за второ, трето место не за титула. Пак, има разлика. И фудбалот што го играше Ван Гал таа сезона личеше на Барса од најдобри денови споредено со ова што се игра денес.
Друго, Фалкао го сметаш како трансфер, океј беше фејл ако го сметаме како таков (иако вие истиве фаци кои што сега го сметате како феил на ЛВГ продававте муда за бубрези во темата на ПЛ дека не е ризик и фејл оти била позајмица само)... За вакво вртење на дискусија ми збориш? Oh the irony... Богови сте во тоа неколкумина овде.

Трето, како Ван Гал сакал 20 играчи кога остави тим кој што имало ВИШОК играчи според стандардите на Мурџо па им даде клоца без да ги испроба Мемфис (кој ти лично ми коментираше септемврито 2015-та дека бил на исто ниво со Марсијал според талент а сега ми продаваш муда за бубрези како некој аргумент против ЛВГ а тогаш дркаше на него или заборави?) и Шнајдерлин кој што доби за шест месеци 15мин лигашки фудбал а овде сите паѓавме во транс на трансферот и ЛВГ го правевме БОГ. Ќе ме интересира што ќе кажете за Марсијал кога ќе го ногира Мурџо (ако преживее до тогаш).
Четврто. Депај, Рашфорд, Шо, Марсијал, Фосу-Менса, Бротвик-Џексон, Блекет, МекНер, Јанузај, Переира... Сите добија шанса кај ЛВГ. Зборам за вистинска шанса без разлика дали бил принуден на тоа или не. Можел да плачи како мурџо за трансфери и тој... Ако ова за тебе не е млад состав не знам зошто ја тераме дискусијава. Верувај немаше да ми е криво деца од академија да губат бодови од Хал и Барнили наместо самопрогласениот крал на ОТ да ми изиграва принцеза во ПМС.
Петто ај да се вратам на темата за трансферите да не речиш пак бегам од тоа.
Ван Гал не промаши трансфер исто како и Мурињо, разликата е типот на трансферите и таргетите.
ЛВГ го исчисти ѓубрето од тимот, го поднови тимот со талент и додаде искуство во Швајштангер, едино нешто што му фалеше беа стопер и уште еден централен мидфилдер. Не знам некој тогаш да викаше дека овој не чини или оној не чини, повеќето ги подржувавме трансферите, исто како и сега на Мурџо. Напротив, сите што ги сметавме повеќето за лоши како Рохо и Дармијан сега имаат голема доверба и кај Мурињо.
Мурињо го дополни тоа што го започна Ван Гал, среди и некои финеси кои што се за пофалба и ги зема играчите КОИ МУ БЕА ДОВОЛНИ ЗА ТИТУЛА. Негови зборови, не мои. И сега кај сме, правиме математики за второ место а седмиот Евертон ни диши во врат.

Значи, подобрувањата во играта кога го дополнуваш тимот со 200м не треба да те изненадуваат. Очекувано е тоа и мора да се деси. Стилот на игра не се коментира, едниот сака посед другиот сака да се брани. Небо и земја. Ама ако ми збориш за дисциплина и менаџмент, Мурињо се покажа како мало кутренце за ЛВГ - засега. Види го само односот на Ибрахимовиќ на терен кога не му оди или стриптизите на Лингард и Погба по теретани, праќањето на Рашфорд и Ибрахимовиќ во куп натпревар да се загреваат 15-та минута како дисциплинска за Марсијал па врати се и кажувај ми за дисциплина. Тоа не е дисциплина, отиден од умот е. И кажи ми, кој кур му е излегувањето надвор од теренот пред да заврши полувремето? Некоја мода е или изиграва некаква си фаца? И бисерот, Марсијал требало него да го слуша. :ROFLMAO:
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Пред да рикне форумов, сакав да пишам дека баш ни се погоди периодов со мртви екипи да ја оправиме мртвата игра што не зафати периодов и со тоа да продолжиме да газиме до крајот на сезоната со цел безбеден пласман во ЛШ.
НО.. Утд не Утд ако не ја посере работава. Место без проблем да бидеме сега второ место со шанси да им ги помрсиме сметките на Челзи, ние од 6то место не мрднавме цела сезона. Џабе гледам тука полно оптимисти, на крај ќе се разочарате. Утре ќе нанижеме уште еден Х и со тоа уште повеќе се намалуваат шансите за ЛШ, да не го споменувам и сценариото да не помине и Евертон.
Разочарувачки во секој случај.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
502
Поени од реакции
969
Неможам да верувам дека сеуште се докажуваме за тоа дали Јунајтед игра подобар фудбал сега или во време на ЛВГ...//?
Па разликата е небо и земја ..маму му јебам..
Мислев дека јас се дрогирам со оптимизмов...али вие сте далеку пред мене со црниве сценарија...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.920
Поени од реакции
67.610
Фудбалот што го играл Ван Гал првата сезона бил како оној на Барса од најдобрите денови...

Го чита некаде Пеп во некое собче форумов, и тивко јеца.
 
R

red.devil

Гостин
И фудбалот што го играше Ван Гал таа сезона личеше на Барса од најдобри денови споредено со ова што се игра денес.
Фудбалот што го играл Ван Гал првата сезона бил како оној на Барса од најдобрите денови...

Го чита некаде Пеп во некое собче форумов, и тивко јеца.
:toe::toe:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.920
Поени од реакции
67.610
:pos:

Кутриот Ван Гал, мора да попил отказ зашто играл преатрактивен фудбал, во кој Јунајтед ги мелеше противниците, без да им дозволи да пипнат топка и редовно им даваше по 2-3 гола, па се жалеле другите клубови во федерацијата.
 
R

red.devil

Гостин
Пак си у фазон нешто, легни наспиј се и ќе ти помине.
Ај може ќе имаш шанса и да стајш некој хаштаг овој месец. Помина бајаги долго време. :)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Практично последната утакмица беше фудбалот што го играше Мојс. Идентичен.
Ја влечат топката по страна и кога ќе дојдат до 30 метра до гол, Блинд или Валенсија и нафрлање дирекно пред голман.
Никаква идеја да се врзе пас игра пред 16сетникот
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
652
Поени од реакции
516
Не ми де верува дека ја споредувате сегашната игра со таа од лани каде 12 утакмици со ред игравме 0-0 на полувреме на ОТ. За мене Мурињо е крив само затоа што води инает и не ги сака некои играчи како што е Марсијал, а никако не може да биде крив за тоа што Мата неможи да постигни гол од 1 метро или Рашфорд да запри топка. 20 и кусур шутеви како што имавме на некои утакмици сезонава, лани неможеа ни да се замислат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
И јас исто мислам дека најголемиот грев на Мурињо му е односот спрема Марсијал, кој е талент од светска класа, и судејќи спрема натпреварите од претходната сезона, секогаш максимално се трудеше. Сега, дали нешто се скарани, дали некој некому нешто пререкол, дали Мурињо преку негов груб тренира дисциплина, тешко е да се каже, но дека во тимот најмногу недостига Марсијал од минатата сезона, тоа е очигледно. Кога Марсијал игра во полна форма по левата страна, тогаш противникот е развлечен по двете крила и има многу простор за Ибра. Кога не игра, го блокираат Мики, а по левата страна играат хендикепираните Дармијан и Линград кој не мора никој да ги чува. Рашфорд ми стана енигма, влегува дечкото од клупа игра како змај, стави го првотимец потполно се губи.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Како да не биде разочаран кога 9ката му ја земаат педерски. Освен тоа гледаме и Мурињо што однос има према него.
Па онакво ладење ко што прај Ибра на терен, да го прави Марсијал, клупа нема да помириса а не пак прва постава. Јес да Ибра е класа и со еден потег можи да реши меч, ама што фајде ако не дојде до тој момент како минатава со Хал? И Погба е печен за на клупа, да олади малку. И он е перфектен при градење на топки ама што фајде ко нема импакт.
Со Мики што се дешаваше? Зошто пиздава тоа му го правеше? Па не секој карактер е ист и не значи ако Мики му се покорил дека и другите исто ќе дозволат тоа да им прави. Затоа летна од Челзи и сеуште го нема сменето тоа плачењето негово дека портирот му е крив за се. Незнам дали приметивте со Хал, влезе на терен да ги тргни нараквиците фрлени од играч од Хал. Демек малер ни прават :facepalm:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.771
Поени од реакции
9.567
Многу лапсузи се прават овде последно време. :D
Кога веќе тргнавме, разликата беше точно 8 бода на шест кола до крајот кога не тепаа 1-0, ама како што реков, не е битно.
Патем, друго што заборавив што е за пофалба се намалените повреди на играчите. Иако сметам дека тоа се должи што до октомври месец сите беа на одмор.

Тоа што ми е битно.
Ти како и некои други ми кажувате оптимистички фантазии шта би било кад би било. Јас ти кажувам каква е ситуацијата до сега. Разликувај ги тие два поими те молам.
Друго битно.
Првата сезона на Ван Гал како заврши со инвестицијата што ја имаше, едвај фатија место за ЛШ или се правеа муабети ех да беа тие две-три победи против некојси отепани екипи ќе бевме во борба за титула. Иста е приказната и сега, само за второ, трето место не за титула. Пак, има разлика. И фудбалот што го играше Ван Гал таа сезона личеше на Барса од најдобри денови споредено со ова што се игра денес.
Друго, Фалкао го сметаш како трансфер, океј беше фејл ако го сметаме како таков (иако вие истиве фаци кои што сега го сметате како феил на ЛВГ продававте муда за бубрези во темата на ПЛ дека не е ризик и фејл оти била позајмица само)... За вакво вртење на дискусија ми збориш? Oh the irony... Богови сте во тоа неколкумина овде.

Трето, како Ван Гал сакал 20 играчи кога остави тим кој што имало ВИШОК играчи според стандардите на Мурџо па им даде клоца без да ги испроба Мемфис (кој ти лично ми коментираше септемврито 2015-та дека бил на исто ниво со Марсијал според талент а сега ми продаваш муда за бубрези како некој аргумент против ЛВГ а тогаш дркаше на него или заборави?) и Шнајдерлин кој што доби за шест месеци 15мин лигашки фудбал а овде сите паѓавме во транс на трансферот и ЛВГ го правевме БОГ. Ќе ме интересира што ќе кажете за Марсијал кога ќе го ногира Мурџо (ако преживее до тогаш).
Четврто. Депај, Рашфорд, Шо, Марсијал, Фосу-Менса, Бротвик-Џексон, Блекет, МекНер, Јанузај, Переира... Сите добија шанса кај ЛВГ. Зборам за вистинска шанса без разлика дали бил принуден на тоа или не. Можел да плачи како мурџо за трансфери и тој... Ако ова за тебе не е млад состав не знам зошто ја тераме дискусијава. Верувај немаше да ми е криво деца од академија да губат бодови од Хал и Барнили наместо самопрогласениот крал на ОТ да ми изиграва принцеза во ПМС.
Петто ај да се вратам на темата за трансферите да не речиш пак бегам од тоа.
Ван Гал не промаши трансфер исто како и Мурињо, разликата е типот на трансферите и таргетите.
ЛВГ го исчисти ѓубрето од тимот, го поднови тимот со талент и додаде искуство во Швајштангер, едино нешто што му фалеше беа стопер и уште еден централен мидфилдер. Не знам некој тогаш да викаше дека овој не чини или оној не чини, повеќето ги подржувавме трансферите, исто како и сега на Мурџо. Напротив, сите што ги сметавме повеќето за лоши како Рохо и Дармијан сега имаат голема доверба и кај Мурињо.
Мурињо го дополни тоа што го започна Ван Гал, среди и некои финеси кои што се за пофалба и ги зема играчите КОИ МУ БЕА ДОВОЛНИ ЗА ТИТУЛА. Негови зборови, не мои. И сега кај сме, правиме математики за второ место а седмиот Евертон ни диши во врат.

Значи, подобрувањата во играта кога го дополнуваш тимот со 200м не треба да те изненадуваат. Очекувано е тоа и мора да се деси. Стилот на игра не се коментира, едниот сака посед другиот сака да се брани. Небо и земја. Ама ако ми збориш за дисциплина и менаџмент, Мурињо се покажа како мало кутренце за ЛВГ - засега. Види го само односот на Ибрахимовиќ на терен кога не му оди или стриптизите на Лингард и Погба по теретани, праќањето на Рашфорд и Ибрахимовиќ во куп натпревар да се загреваат 15-та минута како дисциплинска за Марсијал па врати се и кажувај ми за дисциплина. Тоа не е дисциплина, отиден од умот е. И кажи ми, кој кур му е излегувањето надвор од теренот пред да заврши полувремето? Некоја мода е или изиграва некаква си фаца? И бисерот, Марсијал требало него да го слуша. :ROFLMAO:
Ајде едно по едно.

За лапсузите не коментирам, зошто ако сакаше да ми ја сфатиш поентата во текот не целиот пост ќе си го увидел и лапсузот ама ајде...

8 нека се...пошто одма се надохнадуваат, а од др стр 8 до 2ро или 6 до 3то се премногу висока разлика.

Во првата сезона на ЛВГ со оваа сега, дали знаеш колкава разлика во конкуренција има како прво за да правиш толку лесна споредба. Челзи титулата ја имаше на рака скоро од Октомври месец од кога не падна на 2ро, а единствен конкурент му беше Сити кој беа катастрофа таа сезона. Арсенал, Ливерпул и Тотенхем како конкуренти и на Челзи, а и наши далеку под сегашново ниво. Тие 2 сезони кога беше ЛВГ, актуелниве наши конкуренти беа 1-2 скалила подолу од тоа што се сега (освен Челзи кога ја освои таа титула каде во тек не цела сезона изгази од почеток до крај и беа најконстантни и негова споредба со актуелниов е тесна што дури ме влечи да мислам дека актуелниов Челзи е подобар и од тој Челзи од пред 2 години затоа што има помалку натпревари да игра и свежината на играчите се чувствува во натпреварите). Друга работа, не знам како успеа да заклучиш дека тогаш сме играле како Барса, стварно ме чудиш. Можда по број на пасови сме биле тука, ама пасови во наша половина на терен и ДДГ како најдобар пасер или на Барса во забавена снимка. Играта на ЛВГ беше далеку од таа што ја практикува Барса изминатиов период.
Тема Фалкао. Јас лично и сега го одобрувам како позајмица затоа што ризикот беше премал за тоа како заврши, а добивката ќе беше преголема ако експлодираше со голови таа сезона. Го ставив во листата на засилувања на ЛВГ за да ти посочам дека ЛВГ НЕ ИНВЕСТИРАШЕ СТРИКНО КОН ИДНИНАТА, туку и носеше играчи од кои се очекуваше инстантно да ја подобрат играта. Во тој контекст е и Ди Марија, Швајни, Морган, Блинд, Дармиан итн...

Третото твое. На тие 20 играчи што ги остави ЛВГ, плус Рашфорд, КБЏ и Менса како младинци во тимот, и плус 4те трансфери кои пристигнаа летово го створија тој вишок за кој што Мурињо се одлучи полека да го чисти. Мемфис ми беше трансфер желба која ми се оствари и ден денес верувам дека поседуваа со Марсијал талент и потенцијал на скоро исто ниво. Тоа што не го реализира тој талент и потенцијал, а дочека Марсијал и Рашфорд да го шишнат е друг муабет за кој не е виновен Мурињо. Околу Шнајдерлин верувам дека и Мурињо го гледал како идеален партнер на Погба и достојна замена за Керик. Со игрите кои ги даде во Сотон многумина го гледавме баш како солидна замена за Керик, а со доаѓањето на Погба сметавме дека топ ќе соработуваат. Стартуваше со Фејенорд и доби шанса на неколку други натпревари каде таа врска не му се покажа како што треба, а и ЛВГ го седна на клупа лани во втор дел од сезоната. Истата приказна и ЛВГ ја имаше и со Мемфис, Ди Марија, Фалкао, Швајни (до повредата)...Мурињо си го креира тимот како што си сака тој и си носи одговорност за тоа. Ако смета дека Мемфис и Морган не му се совпаѓаат во концептот негова легитимна одлука е тоа. И ЛВГ донесе такви одлуки и со Нани, Заха итн и тоа без да им даде подолг период да му се докажат...

Четвртото. Добро си кажа, принудно! Точно е дека ЛВГ имаше поголема доверба во младите, но добар дел од играчите кои ја добија шанста беа прекомандувани поради принуда. КБЏ дојде како алтернатива зошто Шо и Рохо во тој период беа аут, Блинд играше стопер. Менса доби можност кога бевме десеткувани против Арсенал, Рашфорд да не се навраќаме како блесна. Мемфис, Шо и Марсијал ги доведе како играчи кои се докажале дека се таленти со голем потенцијал (Шо ќе повторам дека беше договорен уште пред тој да пристигне). Напротив овој факт никој не го осопрува овде. Но од друга страна и да сме реални и да се потсетиме на една изрека наша за Арсенал и Венгер од минатото кога ни беа главни конкуренти.

Околу трансферите. Освен Дармиан кој не го следев доволно, како и Марсијал кој искрено не го знаев за што играч се работи, за сите останати играчи и јас ги одобрив како трансфери. И за тие играчи кои ги доведе плативме солидни суми за кои треба да се атакува титула ако сме реални. И добро кажа, има голема разлика во типот на трансферите. Од сегашна перспектива сметам дека Мурињо работи со подобар концепт од ЛВГ. И ќе то кажам зошто. Уште од првиот ден самиот си знаеше што сака да доведе и ги имаше таргетирано најтесните позиции во тимот. Ги реализира играчите кои што ги посака уште пред првото коло и си го имаше тимот на располагање. Моја лична замерка која сметам дека влијаеше за лошиот период до Ноември/Декември месец се лошите припреми кои ги имавме каде Мурињо не успеа да ги воочи аномалиите кои ги воочи од кога заврши трансфер периодот. До крајот на Јули ги немаше на располагање играчите од ЕП, а турнејата беше катастрофално оранизирана и имаше кус период да ги увиди недостастоците кај дел од играчите за да направи уште некоја промена. Од друга страна концептот на ЛВГ од денешна перспектива би го толкувал како конфузен. Се донесе во прва сезона играчиште како Ди Марија врз кого треба да се адаптира играта, а пустиот не успеа да му го најде местото па уште како одбранбен и голман не го проба. Во втор дел од сезона Јанг и Фелаини му беа спасители на сезоната. Дојде период Јанг да го игра лев бек со Блинд, Шо и Рохо како конкуренти за таа позиција. Ги носи Мемфис и Марсијал на иста позиција и не се обидува еден да го пушти десно да го проба зошто таму бевме дота бавни и лоши, а притоа немаме соодветен играч кој ќе игра покрај Смолинг за да на крај сиот бес добар дел да го истуриме врз Блинд кој се трудеше премногу да игра на таа позиција. И двајцата потрошија доста во преодните рокови и тоа суми за кои треба да се гарантира титула. Точно е дека Мурињо на самиот старт ја посочи титулата како главна цел и точно е дека нашите шанси за таа цел да се реализира се премали во моментов. Јас тоа не го коментирам, само дадов коментар дека и да сме надвор од топ 4 верувам дека Мурињо ќе го скоцка одлично тимот за следната сезона затоа што ги има детектирано недостатоците и имаме позитивна промена во играта која ќе даде резултат.

И како бе разликата помеѓу ЛВГ и Мурињо е тоа што едниот играл на посед, а другиов да се брани? Сериозно го мислиш ова? Па сезонава имаме во секој меч најмалку по 2-3 чисти шанси за гол, играме доста поагресивно и што е најважно се надигруваме со противникот. Имавме еден млитав период со такви игри, но генерално далеку понапаѓачки фудбал играме во споредба со периодот од кога беше ЛВГ. На неколку меча вадеше стопер да стави офанзивец за да дојде до победа. Во одбрана играме многу подисциплинирано. Од мечот со Челзи навака одбраната игра на највисоко ниво и тоа е големо подобрување. Таа е мојата перцепција и пак ќе кажам дека тоа што сме 6то во моментов го коси позитивниот напредок на тимот. И со ЛВГ овој период лани бевме на иста позиција, но игравме пребледо и затоа уште од овој период има голема разлика од генералното расположение и притисокот од фановите кон Мурињо и ЛВГ.

И околу мен менаџментот. Јас не ја отворив оваа тема, туку прокоментирав дека имаме поголема дисциплина во играта, но дадов коментар дека ни ЛВГ не беше цвеќе за мирисање во мен-менаџментот. Сети се кога го извади Нани од пријателска по 10-15 минути откако го стави во игра, тоа е тој мен менаџмент? Или кога го играше Ди Марија на секоја позиција во напад, па го седна на клупа и не го извади од таму зошто не му се вклопувал во концептот. И тоа околу Ибра. Напротив самиот факт што е Ибра на терен го тера противникот да влечи 2 играчи на него, и иако има 35 год братот со еден потег може да реши меч и тоа кога не му оди. Немаме подобра 9ка од него во моментов да стартува. Бројот на голови во една полусезона е поголем од бројот на голови на нашиве најдобри стрелци изминативе 3 год. Сите анализи говорат дека ни е еден од најконстантните сезонава.

Сепак, далеку од тоа дека е светец Мурињо, но си сака човекот да е авторитет и баш за последниов случај со Марсијал сум целосно зад него. И еден Бекам, РВН, Тевез итн во најдобри периоди од нивна кариера изиграваа мангупи па САФ им даде шут карта. Баш во книгата негова пишуваше дека ако ја изгуби контролата во соблекувалната ради некој играч води кон бродолом на тимот и лично него како менаџер. Добро си кажува човекот дека ниту еден играч не смее да е поголем од менаџерот.
Марсијал има 19 години и тоа што беше еден од најдобрите во тимов минатата сезона не му дава кредити дека може да прави што сака. Еден Руни кој има х10 кредити во клубов од него и е капитен на тимот ги слуша инструкциите на Мурињо. Мата исто така си работи и ги почитува неговите одлуки. Смолинг додади го на таа листа. Мики и Швајни зошто ги засукаа ракавите и на тренинг работаа х10 и да се вратат во тим. Тоа е професионализам од страна на играч.
Марсијал ќе се бунтува кој да сме реални сезонава е претерано неконстантен. Неговата неконстантност е и нормална за играч на негови години и со фактот дека имаше долга сезона минатата година, но доколку сака да успее во тимов и да има лично тој напредок мора да ги почитува одлуките и задачите од менаџерот.

@Martin
Во Јунајтед поголема привелегија е да ја носиш 11ката него 9ката кога би се прашувал јас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom