Едвај ве дочитав, шпанска серија да ти имало цел ден...со Де Геа што и да се случи го јадеме пошто е касно за соодветна замена, никакви милиони не ја поправаат таа загуба. Како и да изиграат нашиве, ова е одамна признаен пораз. Евентуално останување пак, ќе биде дополнителен циркус после седнувањето на клупа и желбата на Де Геа да замине. Веројатно гризеле нашите за некој покрупен дивеч, а ќе завршат со зајак шо викаше Блажо. И тоа не е случај само со Реал, ми мириса дека сме јаделе корпи на повеќе места. И нормално последниот ден се оди на план Ж, 19 годишно дете од Франција. Ќе го газат говеда како Ешли Вилијамс 2-3 години додека се прилагоди и набаци снага, после Руни ќе оди да игра голф и така...
Чичарито аут сосема очекувано, не знам како уопште издржа толку во тимот. Одамна се виде дека нема што повеќе да му понуди на Јунајтед. Позајмицата на Јанузај ме изненади, особено по тоа што го играше претходно, изгледаше како да смета на него. Нападот ни е тенок, изјави дека Фелаини ќе го играл 9 и 10
, заминаа Фалкао, Ван Перси, Ди Марија (и тука не дрпнаа ништо од ПСЖ), Нани, Чичарито, Велбек, Јанузај. Дојде само Депај and we created a lot of чансез, but you also need luck sometimes.
Да видиме како ќе заврши денот, иако не верувам да донесеме големо име. А со тоа, јасни се амбициите и за оваа сезона, за жал.