Зашто у Америка газевме се и сешто со формацијава, а сеа курац?? Може некој да објасни
Sent from my iPhone 5S using Tapatalk
Една од причините е тоа што Манчестер ги играше пријателските во силен ритам, за разлика од другите поголеми (па и помали) клубови. Јасна беше желбата да се откупат после лошата сеозна, па тука е нов искусен тренер, желба на играчите да се покажат и сл. Од другра страна имаш некоја екипа како Реал која не се замара многу со натпреварот, имаат освоено ЛШ, играчите (посебно тие што беа на СП) не покажуваа никаква желба да изиграат нешто посебно...
Значи, лесно е кога на пријателски натпревар ќе наметнеш висок интензитет на игра да постигнеш успех и против многу силни противници. Скоро сите играчи трчат, се игра висок пресинг, нема страв од грешки (!!!), лесно е да покриеш по крила на таков натпревар со формација каде имаш три играча во дефанзива, нормално дека Јанг и Валенсија на таков натпревар покриваат подобро во дефанзива. Противниците на пријателските натпревари оставаат повеќе простор, а тоа значи многу дриблинзи и продори, многу полесно е да освојат простор, да победат противнички фудбалер, посебно играчи како Руни, Мата, Ван Перси... И да не одиграат нешто посебно, поради се ова што напишав погоре, со еден феноменален потег овие фудбалери можат да предизвикаат воодушевување кај фановите, а воедно и да донесат победа.
Е на лигашки натпревари веќе е нешто поинаку. Посебно кога нема да почнеш со победа. Протвникот игра дисциплинирано, игра со висок интензитет, посебно се интересни овие мали екипи кои што тактички се добро поставени и не оставаат простор. Башка што се дрски и ви ја напаѓаат одбраната во која нема техничари како Т. Силва, кои ќе знаат да почнат со организација, кои ќе знааат да изнесат топка. Ако на пријателската е лесно да погрешиш сега не е така, значи играчите не играат слободно, паничат, не превземаат одговорност.
Значи, ако на пријателските натпревари, до израз доаѓаа сите позитивни карактеристики на играчите, сега до израз доаѓаат сите нивни мани!
Погледнете колку дефанзивно е несиугрен целиот тим, не станува само збор за одбраната, целиот тим лошо игра дефанзивно. А Ван Гал пробува со ова тактика, токму за да внесе дефанзивна сигурност.
Сега треба лидерите на овој тим да превземат одговорност, тие треба да го кренат целиот тим. Колку и да играле лошо Руни и Ван Перси, сепак мора од нив да се чека.
И нормално, не квалитетот во среден ред, тоа е доста голема болка. Нема шанси и поради лоша средина, а не само поради Руни и Ван Перси...