Сега следува пауза од две недели во кои се надевам дел од повредените ќе се вратат.
Средината ни е очај, одбраната со Еванс жали боже. Како бре не можеш да процениш и пуштиш соодветна брзина на топка кон твојот играч!? Јас сум аматер во фудбал ама никогаш не ми се случило тоа! Флечер го промашува пасот за 3-4 метра или го пушта зад играчот...Тоа да го направам би се засрамил и би останал со некој после тренинзи да го вежбам и да не се брукам! Професионални фудбалери еј. Врвен фудбал, врвен тим, врвна лига. И опинок играчи.
Не му замерувам на Ван Гал за формацијата. Си ја сака таа, нека ја игра. И нашиве пред да го земат знаеле која формација ја преферира. Нека комбинира играчи, нека пробува, нека казнува. Повредите си го прават своето, но мора и тие што играат да се потрудат повеќе! Средниот ред буквално се крие, не сака да прими топка а Блекет е приморан да си подава со Де Геа. Што е тука крив нападот кој нема кој да му подаде салам топка? Што им фалеше на акциите кога Ди Марија го проигруваше нападот?
Денес можевме и полошо да си поминеме, т.е пораз. Така да 2 поена од можни 9 и не е толку трагично ако ни следува период каде играчите конечно ќе ја сварат новата тактика на менаџерот и ќе се уиграат со новите.