- Член од
- 7 октомври 2011
- Мислења
- 9.377
- Поени од реакции
- 11.748
Па и јас реков дека им беше најдобар играч на Челзи, и еден од подобрите во лигата тој период. Несомнено е дека Мата е одличен фудбалер,класа. И Кагава е таков ако сфајќаш што сакам да кажам.2 години по ред беше најдобар фудбалер во Челзи. Сезоните кога освоија ЛШ и Лига Европа им беше главен играч, неможеш да речеш дека не е од класата на Руни и Перси.Па и Перси и Руни лани имаа никаква сезона, ем Мата ни дојде по 6 месеци поминати на клупа, во тим кој е без никаква контрола. Да не знаеш како да се понашаш буквално. Ќе си ја врати формата сигурен сум.
И нема да играме 4-2-3-1 во никој случај, ќе играме или 3-5-2 или 4-3-3. Тука во едната Руни си е шпиц, а во другата формација нема баш класична 10ка. Нема ваљда да игра Руни пред Херера и Керик (на пример). Повеќе ми одговара Мата да игра таму, Перси шпиц а Руни со Ди Марија бочно.
![]()
Како бе во сите теми не е само за во ПЛ темата, зошто прилично сум сигурен дека прочитав manure некаде во некоја тема пред некој ден тука во подфорумот фудбал.Кој го ебе царот , ја имаме ние кралицата и ангелот.И полека со навредите ќе дое плачкото да ве пријави,пошо у сите теми важело правилото
Sky Sports News HQ @SkySportsNewsHQ 44s
BREAKING: Angel Di Maria passes medical at Manchester United. #SSNHQ
Нема шансаИ сега гледаш, Ди Мариа зима 9-ка![]()
![]()
![]()
Ај да си пишам неколку работи што ми се мотаат низ глава.
Прво, за денешниов меч, неколку работи што ги забележав:
-Де Геа има катастрофална соработка со задната ни линија. Денес требаше да излезе да собере преку 10 топки, кои му ги градеа Блекет, Џонс и Смолинг, но тој си остана закован на линија, па овие со играч на грб, мораа у аут, каде што им дававме пак поклон топка на Сандрленд. Блекет и Џонс дури му пререкоа ради тоа.
- Блекет, дечкото ме импресионира со смиреноста и силата која ја поседува. Се слагам со Ред Мен погоре, ми помина идеја и на мене да го пробаме како централен.
- Клеверли и Флечер се катастрофални. Не мисе трошат зборови, ке почнат одма бранења во стилот, дете на Јунајтед, го разбира клубот. Уште да разбираше фудбал, и све ке биде во ред.
Флечер покрај Ерера и не изгледаше толку лошо.
- Немаме шутери. Руни е видно прочитан дека иде на десно кога се мести на шут.
Јанузај најверојатно го стави да игра 10-ка со цел да му се отвори некој шут, ама му изблокираа еден, а тој со десна го прати назад на Косово.
Треба ваквите мечеви кога пимпламе пред 16 метри да се обидуваме со шутеви од далечина да ги решиме. Ерера покажа дека има страшен шут, така да, тоа е една опциите што ни фалеше денес.
Кога целокупната средина, Флечер и Клеверли, во пакет со дечките што треба да ти играат крилни бекови (Јанг и Валенсија) ке потфрли, не можеш да очекуваш победа. Додај и криминално бранење од корнери, имаше рецепт за пораз.
Имам уште да пишувам за денешниот натпревар, али ајде, у кратки црти, Руни го нема она препознатливо трчање како коњ како што правеше низ Америките, Мата не упати ни еден асален центаршут, сите корнери наши што требаше да ги браниме не успеавме на прва да ја исфрлиме топката надвор од 16 метри, додаваме наназад, катастрофални сме.
За ситуацијата со средината наша.
Потребна е свежа крв, и мислам, дека треба да се бара нов партнер за Ерера. Се крстите во Керик, а тој лани имаше катастрофална сезона. Флечер не може ради болеста, Клеверли не може оти не знае.
Мислам дека со Ди Марија сакаат во клубот да го вратат оној Јунајтед кој бушеше со 2 крила во форма, со Нани и Роналдо, сега Ди Марија и Јанузај најверојатно.
Само, во која и да било формација играме, имаме премногу 10-ки, Руни, Мата, Кагава.
Мора да се запне за средњак, и еден играч во одбрана, иначе, обравме бостанот.
За да ти биде идеална формацијава, наместо Еванс и Смолинг ке треба Ван Гал да најде 2 добри во одбрана. Инаку црно ни се пишува останатиот дел ти е во ред барем јас така мислам .
Него многу ќе ми биде криво за Кагава ако го продадат. Човекот не добива вистинска шанса, не го заслужува тоа никако. Андерсон и Нани ги толерираа 7 години а сега Кагава одма по 2 сезони има шпекулации за да си оди. Посебно во ситуација кога сеуште се формира тимот, а необјасниво е зошто ги играат сеуште Клеверли и Флечер. Јас да бев Ван Гал ќе го продадев Клеверли а Флечер ќе беше само за бекап ако се повреди некој. Пробај го човекот, пушти го прв тим на 2-3 утакмици и увери се во (не)квалитетот. Ете кога Мата не е во форма, нека игра со Кагава, сигурно не може полош од Клеверли да е (значи и 100
да ставам не може да опише колку е глуп фудбалски човекот). СО здравје и долго време да си ја имаме новата 7-ка
Ни на крај памет не мислев дека овај трансфер период може баш него да го купиме. Ова ќе биде голема мотивација за цел тим, уште и ако му тргне со некое голче, асистенција ммм мммм
Ај и јас да направам една формација кога веќе сите правите. Значи ова со играчите што моментално ги имаме, под услов да се сите здрави и неказнети, ако дојде уште некој отом потом...Мојот посакуван прв тим:
-----------------------Де Геа------------------------------
Рафаел/Смолинг-------Еванс-----Џонс-------Шо
--------------------------Керик---------------------------
Валенсија------------Mата--------------Ди Марија
-----------------РВП---------Руни----------------------
Фактички ова се трансформира во 3-5-2 што ја форсира ЛВГ, само што бековите ми се напишани во одбрана а не во средината, исто ти е, јасно е дека тие мора да ораат по страните за да успее формацијата и да се придодаваат напред, а притоа Керик или кој и да игра на негова позиција да се враќа поназад за да има 3 дефанзивци кога бековите одат напред. Пример во случај на неможност да игра Рафаел, а не сакаме да ризикуваме со Смолинг на бек, одма Валенсија ја превзема таа улога, па место него десно би играл Јанг или Јанузај или пак Ди Марија зависно од тоа која страна повеќе му лежи. Кагава е замената за Руни, Ерера за Мата. Велбек го менува РВП. Флечер го менува Керик. Блекет го менува Шо и то е то
П.С. Еванс-Џонс се нашите нови Рио и Видиќ во одбраната запамтете го еднаш тоа.