Ај да си пишам неколку работи што ми се мотаат низ глава.
Прво, за денешниов меч, неколку работи што ги забележав:
-Де Геа има катастрофална соработка со задната ни линија. Денес требаше да излезе да собере преку 10 топки, кои му ги градеа Блекет, Џонс и Смолинг, но тој си остана закован на линија, па овие со играч на грб, мораа у аут, каде што им дававме пак поклон топка на Сандрленд. Блекет и Џонс дури му пререкоа ради тоа.
- Блекет, дечкото ме импресионира со смиреноста и силата која ја поседува. Се слагам со Ред Мен погоре, ми помина идеја и на мене да го пробаме како централен.
- Клеверли и Флечер се катастрофални. Не мисе трошат зборови, ке почнат одма бранења во стилот, дете на Јунајтед, го разбира клубот. Уште да разбираше фудбал, и све ке биде во ред.
Флечер покрај Ерера и не изгледаше толку лошо.
- Немаме шутери. Руни е видно прочитан дека иде на десно кога се мести на шут.
Јанузај најверојатно го стави да игра 10-ка со цел да му се отвори некој шут, ама му изблокираа еден, а тој со десна го прати назад на Косово.
Треба ваквите мечеви кога пимпламе пред 16 метри да се обидуваме со шутеви од далечина да ги решиме. Ерера покажа дека има страшен шут, така да, тоа е една опциите што ни фалеше денес.
Кога целокупната средина, Флечер и Клеверли, во пакет со дечките што треба да ти играат крилни бекови (Јанг и Валенсија) ке потфрли, не можеш да очекуваш победа. Додај и криминално бранење од корнери, имаше рецепт за пораз.
Имам уште да пишувам за денешниот натпревар, али ајде, у кратки црти, Руни го нема она препознатливо трчање како коњ како што правеше низ Америките, Мата не упати ни еден асален центаршут, сите корнери наши што требаше да ги браниме не успеавме на прва да ја исфрлиме топката надвор од 16 метри, додаваме наназад, катастрофални сме.
За ситуацијата со средината наша.
Потребна е свежа крв, и мислам, дека треба да се бара нов партнер за Ерера. Се крстите во Керик, а тој лани имаше катастрофална сезона. Флечер не може ради болеста, Клеверли не може оти не знае.
Мислам дека со Ди Марија сакаат во клубот да го вратат оној Јунајтед кој бушеше со 2 крила во форма, со Нани и Роналдо, сега Ди Марија и Јанузај најверојатно.
Само, во која и да било формација играме, имаме премногу 10-ки, Руни, Мата, Кагава.
Мора да се запне за средњак, и еден играч во одбрана, иначе, обравме бостанот.