Oва се веќе препрограмирани изјави на Ед.
И лани викаше, we are doing everything we can, and we will bring new signings, па ни се деси катастрофата наречена 7-мо место.
Сигурно нема да излезе и да каже, не работиме.
Не знам каква е ситуацијата со коленото на Видал, од што читам по странскиве вести, целосната документација од магнетната резонанца, значи оштетувања мускулаторни и лигаменти, и сите постапки што се правени ги има докторот на Чиле, ниту во Јувентус не знаат што и како е. Чудно.
Иако Видал ни е ѕвезда деница во поглед на трансферите, нема да ме изненади да завршиме со Вермален или Де Вриј како засилување на централна позади, кај Вермален не ми се свиѓа што е релативно низок за CB, кога го видов на Градски, нешто повисок од Хазард, и после, Стротман без кого Ван Гал не може да прдне.
Е сега, лошата ствар кај Стротман е што е повреден до Јануари чинам, нас ни се повреди Керик, е тука можеби нашиве ке запнат за Видал. Ако го спојат Видал со Стротман во Јануари, ке го имаме најдоминантниот разбивачки среден ред во светот.
Али желби, пусти желбички.
Ако се водиме според минатото, обично кога на вакви топ трансфери ке се чека на играчот или на не знам што и кого и како и е толку многу напумпан во јавност, обично не се остваруваат. Ерера прост пример.
Така да, ова со Видал, не ме пинга многу.