Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818
Не дека го бранам Велбек или го споредувам со РВП или Руни зошто обично овде кој ги стави во иста реченица одма сваќа дека се споредуваат...Велбек годинава кога играше како шпиц, како класична 9ка во најголем дел од натпреварите постигнуваше голови, додека кога беше поставен бочно немаше можност за такво нешто, а нормална причина е што на крилна позиција веројатноста да постигнеш погодок е помала од позиција на класична 9ка ради х причини (да не ги набројувам сега).

Но не ми беше тоа муабетот. Овде само за Велбек се зема критериум промашена шанса, а тој критериум не е во случај за Руни,РВП,Чичарито...Зошто е така? Ме интересира тоа баш. Не сакам одговор РВП ни донесе титула лани и простено му е него промашување. Ете против Олимпијакос една круцијална шанса имавме во тек на цел меч, РВП погодувал и од потешки ситуации, а тој се испонаша аматерски. Зошто тие што даваат критики за напаѓач не го зедоа во предвид тоа промашување (кога се зема критерум промашена шанса), а да беше пример Велбек со истата реакција овде ќе имаше реферати и мислења по 10 страни. Ете можеби тоа промашување на РВП може да биде многу важно при можна наша елиминација во ЛШ. Зошто пример никој не го прокоментира промашениот зицер 1 на 1 на Чичарито против Сандерленд во 88+ минута во 1/2 финалето на Карлинг Купот на ОТ кога со 2-0 немаше ни да се играат продолженија и ќе бевме во финале? Ако земате за критериум промашена шанса, земете ја за сите и тогаш објективноста е друга. Не сакам уште еднаш со ова да испадне споредба и да се развие дискусија од тип Велбек vs. Руни/РВП. Јасна е предноста на Руни и РВП од аспект на квалитет пред Велбек и затоа се во преден план пред него. И друго нешто...нормална работа е и напаѓач да згреши, и напаѓач да промаши, се случувало празен гол да промашува и Роналдо и РВП и Руни...не е тоа нешто ново. Затоа јас не ги коментирам и поединачни промашувања зошто 1-2 или 5 промашувања на РВП мене не можат да ме убедат дека не е класа напаѓач, како што исто толку промашувања не можат да ме убедат дека нема големи подобрувања кај Велбек од оваа сезона со Велбек од минатата сезона каде е 20 пати подобрен и има повеќе од солиден придонес со оглед на тоа колку играл на природна позиција.
според твојава логика, играч само ако игра НАПАЃАЧ може и треба да дава голови. Сам си даваш одговор на дадено прашање зашто велбек не треба да игра за Јунајтед. Со вакво размислување може човек да ти каже едно - чао пријатно слободен си !!!!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
според твојава логика, играч само ако игра НАПАЃАЧ може и треба да дава голови .. чао пријатно слободен си !!!!
Не дека го бранам Велбек или го споредувам со РВП или Руни зошто обично овде кој ги стави во иста реченица одма сваќа дека се споредуваат...Велбек годинава кога играше како шпиц, како класична 9ка во најголем дел од натпреварите постигнуваше голови, додека кога беше поставен бочно немаше можност за такво нешто, а нормална причина е што на крилна позиција веројатноста да постигнеш погодок е помала од позиција на класична 9ка ради х причини (да не ги набројувам сега).
Или според твојава логика кога читам нешто, недочитвам и реплицирам колку да се реплицира !

Ги вртиш работите многу и тоа се фаќаш за дел каде што никаде не е наведено како тоа што цитираш. Каде прочита дека само напаѓач може и треба да дава голови?? Објасни ми каде те молам?? Изгледа не правиш разлика кога читаш дека веројатност напаѓач да постигне погодок е поголема од веројатност да се постигне погодок на било која друга позиција на терен. Нормално да има исклучоци, јас не го негирам тоа за играчи како Роналдо и Меси..
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
ohh shit ,сеа викаат дека само против фулам ке му биде суспензијата!?
Само 1 натпревар ќе биде, пошто ако се додели црвен заради тоа што играчот направил фаул како последен играч од одбраната, суспензијата е 1 натпревар, а за груб старт или нешто слично суспензијата 2,3 и повеќе натпревари, зависи од тежината на фаулот.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Да не беше Чакир, Велбек ќе го принудеше Рамос уште еден автогол да си даде...
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818
Велбек годинава кога играше како шпиц, како класична 9ка во најголем дел од натпреварите постигнуваше голови .
Ова го пишуваш во контекст на тоа дека кога играл како крило и промашувал празни голови тоа го направил зашто не играл шпиц, пошто нели постов би немал поента доколку велбек растурал со голови и па дури и од позиција голман. Јасно е како ден мислам, нема потреба од срамежливи постови допиши го тоа што го мислиш.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
33.053
Поени од реакции
68.054
Не дека го бранам Велбек или го споредувам со РВП или Руни зошто обично овде кој ги стави во иста реченица одма сваќа дека се споредуваат...Велбек годинава кога играше како шпиц, како класична 9ка во најголем дел од натпреварите постигнуваше голови, додека кога беше поставен бочно немаше можност за такво нешто, а нормална причина е што на крилна позиција веројатноста да постигнеш погодок е помала од позиција на класична 9ка ради х причини (да не ги набројувам сега).

Но не ми беше тоа муабетот. Овде само за Велбек се зема критериум промашена шанса, а тој критериум не е во случај за Руни,РВП,Чичарито...Зошто е така? Ме интересира тоа баш. Не сакам одговор РВП ни донесе титула лани и простено му е него промашување. Ете против Олимпијакос една круцијална шанса имавме во тек на цел меч, РВП погодувал и од потешки ситуации, а тој се испонаша аматерски. Зошто тие што даваат критики за напаѓач не го зедоа во предвид тоа промашување (кога се зема критерум промашена шанса), а да беше пример Велбек со истата реакција овде ќе имаше реферати и мислења по 10 страни. Ете можеби тоа промашување на РВП може да биде многу важно при можна наша елиминација во ЛШ. Зошто пример никој не го прокоментира промашениот зицер 1 на 1 на Чичарито против Сандерленд во 88+ минута во 1/2 финалето на Карлинг Купот на ОТ кога со 2-0 немаше ни да се играат продолженија и ќе бевме во финале? Ако земате за критериум промашена шанса, земете ја за сите и тогаш објективноста е друга. Не сакам уште еднаш со ова да испадне споредба и да се развие дискусија од тип Велбек vs. Руни/РВП. Јасна е предноста на Руни и РВП од аспект на квалитет пред Велбек и затоа се во преден план пред него. И друго нешто...нормална работа е и напаѓач да згреши, и напаѓач да промаши, се случувало празен гол да промашува и Роналдо и РВП и Руни...не е тоа нешто ново. Затоа јас не ги коментирам и поединачни промашувања зошто 1-2 или 5 промашувања на РВП мене не можат да ме убедат дека не е класа напаѓач, како што исто толку промашувања не можат да ме убедат дека нема големи подобрувања кај Велбек од оваа сезона со Велбек од минатата сезона каде е 20 пати подобрен и има повеќе од солиден придонес со оглед на тоа колку играл на природна позиција.
Првиот болд.
Значи, кога Велбек игра на крило, никој, ама баш никој не мрчи што Велбек не дал гол. Се мрчи затоа што кога ке влезе во гол шанса, следи,
1. Преплет црева
2. Мрзливо поткревање на прсти
3. Целосен промашај.

Вториот болд.
Робин ја шутна таа топка со десна нога, неговата послаба. Сега, те молам, сети се, ако можеш, кога Велбек има шутнато со лева, а камо ли да промаши со послаба нога.

Си пишал погоре, не ми давајте оваков одговор, или онаков.
Ако бараш одговор, кој тебе ке те задоволи, тешко дека ке го добиеш. Сакаш да чуеш нешто што тебе ке ти одговара, а битните факти да ги иземеме од дискусијата.

Фактот гласи, Ван Перси има leverage, Велбек нема. Не се докажал. Затоа и секое промашување ке му става на тапет.
Посебно кога го мрзи да скокне и да закуца топка во празна мрежа.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Aма па и вие не можете да очекувате преку ноќ да стане РВП и Руни во едно, кога не е прв избор. Можда ми е глупа споредбава, ама како што не можевме да очекуваме Пике на 21-22 година да игра пред Рио и Видиќ во формата на кариерата и секогаш кога ќе игра да има world class настап.

Разликата од лани до оваа година е небо-земја и тоа само заради тоа што се повреди РВП инаку ќе се бореше со Валенсија/Јанг за позиција на тие натпревари и пак ќе го пцуевме. Oсвен со Евертон што промаши празен гол, не памтам друг поголем кикс.

И јас после многуте киксови лани, го критикував, ама кога се глеа напредок се глеа и треба да се нагласи тоа.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Ова го пишуваш во контекст на тоа дека кога играл како крило и промашувал празни голови тоа го направил зашто не играл шпиц, пошто нели постов би немал поента доколку велбек растурал со голови и па дури и од позиција голман. Јасно е како ден мислам, нема потреба од срамежливи постови допиши го тоа што го мислиш.
Како шпиц има поголема можност да излези во можност за гол и притоа да се запише во листата на стрелците, што не е во случај со нашава игра за бочните играчи. Тоа ми беше поентата. Оваа сезона кога беше поставен како 9ка имаше такви можности и искористи дел од нив. Зборувам за подобрување од минатата сезона кое мора да се нотифицира.Не е на ниво на РВП и таква класа на напаѓачи (и прашање е дали ќе дојде), но продкутивноста негова е далеку поголема од минатата сезона и од тој аспект гледам подобрување. Мислам се разбираме...

Првиот болд.
Значи, кога Велбек игра на крило, никој, ама баш никој не мрчи што Велбек не дал гол. Се мрчи затоа што кога ке влезе во гол шанса, следи,
1. Преплет црева
2. Мрзливо поткревање на прсти
3. Целосен промашај.

Вториот болд.
Робин ја шутна таа топка со десна нога, неговата послаба. Сега, те молам, сети се, ако можеш, кога Велбек има шутнато со лева, а камо ли да промаши со послаба нога.

Си пишал погоре, не ми давајте оваков одговор, или онаков.
Ако бараш одговор, кој тебе ке те задоволи, тешко дека ке го добиеш. Сакаш да чуеш нешто што тебе ке ти одговара, а битните факти да ги иземеме од дискусијата.

Фактот гласи, Ван Перси има leverage, Велбек нема. Не се докажал. Затоа и секое промашување ке му става на тапет.
Посебно кога го мрзи да скокне и да закуца топка во празна мрежа.
Е сега гледај што ми е муабетот...
1. Направи паралела од минатата сезона и од оваа. Минатата сезона финишот му беше очаен, тотално очаен, но годинава има некој напредок. Не викам дека е феномален сега во финишот, има уште да напредува, но во споредба од минатата сезона мора тоа да се напомене, поготово во период кога имаме катастрофална креација од средината во споредба со минатата година.

2. Таа ситуација на РВП ја зедов како пример...Ете таа на Чичарито и сл...А за тоа дека Робин може да лупа и со десна сети се само против Вест Хем лани кога изедначи во 90та минута. Ја зедов таа шанса за пример на промашена можност, а не да го споредувам со Велбек.

И за тоа што го кажуваш за одговорот. И не ми треба мене одговор кој ќе ми одговара. Нормално е да имам јас мислење, а ти да имаш сосема спротивно и го почитувам тоа. Но јас барав да се игнорираат ситуации на одговор од тип како твојов зошто во мојот пост не беше поентата да ги споредувам РВП/Руни со Велбек и сега во случајов ти го нагласвиш тоа. Ги наведов Руни/РВП/Чичарито како пример, а не како споредба со Велбек. И по кој пат РВП и Руни се класа за Велбек, никогаш не сум ни помислил на таква лудост да ги редам во исти кош.

А тоа што го викаш за РВП, јас не го критикував за промашената шанса против Олимпијакос, ниту ќе го критикувам. Значи ја зедов како пример...

И друго. (нема ова никавка врска со РВП или кој било друг) Не може секој играч да биде третиран на таа стара слава и тоа да му биде оправдание за лоши партии, за создавање немир во клубот и слични ситуации. Во ера на САФ не поминуваше, а ни во иднина не сакам да помине...Тевез, Рој Кин, Руд Ван Нистелрој...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Нека земе јогуртот нека збрца 30+ гола во сезона, нека не прави ретардирани утки пред празен гол. Ете дури тогаш ќе биде добар фудбалер за мене, но до тогаш е срање кое завзема место.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.053
Поени од реакции
68.054
Никаде не пишав дека нема напредок, а тоа упорно го користите како аргумент.
Само викам дека промашува зицери и упропастува шанси, повеќе од другите играчи кои играат на тие позиции.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Нека земе јогуртот нека збрца 30+ гола во сезона, нека не прави ретардирани утки пред празен гол. Ете дури тогаш ќе биде добар фудбалер за мене, но до тогаш е срање кое завзема место.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
Па и ти ја претера бе 30+ голови да даде за да според тебе биде добар играч :pos:, Велбек ако дава по 15-20 голови во сезонта треба да бидеме задоволни од него зошто тој не ни е главен напаѓач во тимот само да не прави такви промашувања како против Евертон и до крај на сезона верувам дека ќе има 15+ голови.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Па и ти ја претера бе 30+ голови да даде за да според тебе биде добар играч :pos:, Велбек ако дава по 15-20 голови во сезонта треба да бидеме задоволни од него зошто тој не ни е главен напаѓач во тимот само да не прави такви промашувања како против Евертон и до крај на сезона верувам дека ќе има 15+ голови.
Викам да даде толку за да покаже дека го бива. Не се многу 30гола за напаѓач на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД без разлика дали е резерва.


Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom