Ова го пишуваш во контекст на тоа дека кога играл како крило и промашувал празни голови тоа го направил зашто не играл шпиц, пошто нели постов би немал поента доколку велбек растурал со голови и па дури и од позиција голман. Јасно е како ден мислам, нема потреба од срамежливи постови допиши го тоа што го мислиш.
Како шпиц има поголема можност да излези во можност за гол и притоа да се запише во листата на стрелците, што не е во случај со нашава игра за бочните играчи. Тоа ми беше поентата. Оваа сезона кога беше поставен како 9ка имаше такви можности и искористи дел од нив. Зборувам за подобрување од минатата сезона кое мора да се нотифицира.Не е на ниво на РВП и таква класа на напаѓачи (и прашање е дали ќе дојде), но продкутивноста негова е далеку поголема од минатата сезона и од тој аспект гледам подобрување. Мислам се разбираме...
Првиот болд.
Значи, кога Велбек игра на крило, никој, ама баш никој не мрчи што Велбек не дал гол. Се мрчи затоа што кога ке влезе во гол шанса, следи,
1. Преплет црева
2. Мрзливо поткревање на прсти
3. Целосен промашај.
Вториот болд.
Робин ја шутна таа топка со десна нога, неговата послаба. Сега, те молам, сети се, ако можеш, кога Велбек има шутнато со лева, а камо ли да промаши со послаба нога.
Си пишал погоре, не ми давајте оваков одговор, или онаков.
Ако бараш одговор, кој тебе ке те задоволи, тешко дека ке го добиеш. Сакаш да чуеш нешто што тебе ке ти одговара, а битните факти да ги иземеме од дискусијата.
Фактот гласи, Ван Перси има leverage, Велбек нема. Не се докажал. Затоа и секое промашување ке му става на тапет.
Посебно кога го мрзи да скокне и да закуца топка во празна мрежа.
Е сега гледај што ми е муабетот...
1. Направи паралела од минатата сезона и од оваа. Минатата сезона финишот му беше очаен, тотално очаен, но годинава има некој напредок. Не викам дека е феномален сега во финишот, има уште да напредува, но во споредба од минатата сезона мора тоа да се напомене, поготово во период кога имаме катастрофална креација од средината во споредба со минатата година.
2. Таа ситуација на РВП ја зедов како пример...Ете таа на Чичарито и сл...А за тоа дека Робин може да лупа и со десна сети се само против Вест Хем лани кога изедначи во 90та минута. Ја зедов таа шанса за пример на промашена можност, а не да го споредувам со Велбек.
И за тоа што го кажуваш за одговорот. И не ми треба мене одговор кој ќе ми одговара. Нормално е да имам јас мислење, а ти да имаш сосема спротивно и го почитувам тоа. Но јас барав да се игнорираат ситуации на одговор од тип како твојов зошто во мојот пост не беше поентата да ги споредувам РВП/Руни со Велбек и сега во случајов ти го нагласвиш тоа. Ги наведов Руни/РВП/Чичарито како пример, а не како споредба со Велбек. И по кој пат РВП и Руни се класа за Велбек, никогаш не сум ни помислил на таква лудост да ги редам во исти кош.
А тоа што го викаш за РВП, јас не го критикував за промашената шанса против Олимпијакос, ниту ќе го критикувам. Значи ја зедов како пример...
И друго. (нема ова никавка врска со РВП или кој било друг) Не може секој играч да биде третиран на таа стара слава и тоа да му биде оправдание за лоши партии, за создавање немир во клубот и слични ситуации. Во ера на САФ не поминуваше, а ни во иднина не сакам да помине...Тевез, Рој Кин, Руд Ван Нистелрој...