Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
И каква врска имаат Овен и Бербатов кога се сосема различен профил на напаѓач? Нека остане да му се сневиди, ви текнува 2009/2010 коа се повредија и Руни и Овен дека со Бербатов само останавме? Нека има играчи, ништо лошо од стварање конкуренција.
нема да си оди сеа читав ќе останел во манчестер . Бербатов..
--- надополнето: Jun 1, 2011 4:08 PM ---
Почна да ме нервираш чоек ми читаш некој лаги , а не ги читаш вака поофицијалниве страни од манчестер бе ЧОЕК!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Во ред после ја видов инфо дека ќе останал ја баш сакам Димче да остане
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Би посакал оште ного такви сезони... заедно со победите и поразите... заедно со сите тие среќни и тажни моменти... заедно со целата таа историја и традиција шо га прааме и повторуваме... Би посакал оште ного такви рекордни титули за да се радуваме заедно и оште ного такви порази у финале ЛШ за да се свестете сите! Ного малко од нас заслужуваме да се радуваме за тај клуб. Почнувајќи од тие там шо организират заедничко следење утакмици, тие шо праат друштва, мајци, торти и незнам шо, па се до тие шо не веруваа у својоо клуб ни у пола од утакмиците. Такви „фанове“ не заслужуват да гледат финале ЛШ, ни па рекордна 19та титула... Ама Тај заслужува... Тај шо го гоне тај трофеј 25 години... Тај... Фергусон!Он го направи тва! Така да, немате право за ништо да крекате. Нејќам да говорам и да пишам за цела сезона реферат и мислења оти у најголем дел се согласувам со тие шо ги напишаа Фросе и Миле. Поинтересна сезона никојпат не сам гледал и незнам зашо е така (изгледа оти јас не сам фан как вас од ’99 и не пратам фудбал од 2-3-5 или 7 годинки), ама стварно не сам гледал! Сега со душа чекам да видам шо ќе измисле Ферги за наредните сезони. Очекувам заебан период на транзиција, после заминувањето на легендите. Сепак тва се спрема одамна, за тва и имаме фудбалеере од 3 генерации. Верувам у Ферги, па со спуштен јазик ги чекам неговите нови потези, да продолжам да му се восхитувам... Да е здрав и жив! Човеците се делат на ного начине, а се множат само на еден, за тва уживајте и ебајте се! За вас незнам, ама јас ного учам од Манчестер, секојдневно, со секој поминен ден, со секоја утакмица, со се шо е поврзано со фудбало, морало, гордоста, традицијата, историјата... Јунајтед е моја религија, мој начин на живот!

П.С. Најглупо нешто на фан е да пцуе, колне и да јаде гомна за фудбалер, не само наш туку и на друг клуб. Авионо на Барса да паднал? Меси да останал рахитичен? На Абидал да му извадиле и џигеро? За них така да се говоре? За тие шо заслужено га освоија титулата, тие шо поштено не испласкаа у финале? Погадни коментааре не сам слушнал. Јунајтед не заслужува такви фанове!

П.П.С. И на крајо од дено, ако не се држеме заедно, ќе умреме сами... UNITED!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
The last time Liverpool won the English league:
1) Apple and blackberry were just fruits
2) Tiger Woods was a virgin!
3) Steven Gerrard & Jamie Carragher were still in primary school. Fernando Torres? Was still in pre-school perhaps!
4) TV shows only started in the afternoons on weekdays.
5) The hottest cartoons on earth were Ninja Turtles & Transformers.
6) Bayclays English Premier League was STILL the Football League First Division, under the same sponsorship of Bayclays Bank.
7) It was the last century!
:ROFLMAO:
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
The last time Liverpool won the English league:
1) Apple and blackberry were just fruits
2) Tiger Woods was a virgin!
3) Steven Gerrard & Jamie Carragher were still in primary school. Fernando Torres? Was still in pre-school perhaps!
4) TV shows only started in the afternoons on weekdays.
5) The hottest cartoons on earth were Ninja Turtles & Transformers.
6) Bayclays English Premier League was STILL the Football League First Division, under the same sponsorship of Bayclays Bank.
7) It was the last century!
:ROFLMAO:
Шлагот е на крај ! хаха :LOL:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
MUFC are definitely in the process of bidding for Luka Modric. Very difficult to conclude a deal though.

Ќе гледаме иста песна ко со Бербатов, додека не не исцица тој претседателот нивни нема да го дае.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
The last time Liverpool won the English league:
1) Apple and blackberry were just fruits
2) Tiger Woods was a virgin!
3) Steven Gerrard & Jamie Carragher were still in primary school. Fernando Torres? Was still in pre-school perhaps!
4) TV shows only started in the afternoons on weekdays.
5) The hottest cartoons on earth were Ninja Turtles & Transformers.
6) Bayclays English Premier League was STILL the Football League First Division, under the same sponsorship of Bayclays Bank.
7) It was the last century!
:ROFLMAO:
8) I was born
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.740
Поени од реакции
9.496
Ај Среќен нека му биде роденденот на Чича...Не знаев дека на ист ден сме биле родени :)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
јас не знам кој клуб би платил за овај , според мое би требало да му го дајме на некој гратис и да му додајме пари за овај трупецов .... ми го зеде здравјето на 2-3 утакмичина шо избрани за Ман Утд
Чим Хауард го дадаовме и овој сигурно ќе го земе некој :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.919
Поени од реакции
7.012
Еднаш веќе го постирав мојот огромен пост ама некако мистериозно исчезна. Ај да видиме сега :)

Еве дојде време и по последниот натпревар за оваа сезона да го кажам моето мислење и видување за целата сезона која можам да кажам дека е можеби најчудната сезона од нашиов клуб која што јас сум ја гледал. Кога ќе се земат сите работи што се случија од првиот натпревар со Челзи во Комјунити Шилд до вчерашното финале во ЛШ со Барса, вистинскиот фан на Манчестер Јунајтед нема право да биде незадоволен. Го победивме Челзи со смешниот гол на Чичарито со што најавивме дека оваа сезона ќе бидеме подобри од нив и дека добивме едно ново свежо име во нападот кое многу не потсетува на нашиот омилен Солскјер од минатото. Почна сезоната во ПЛ и ако добро се сеќавам имавме неколку победи и неколку нерешени што сепак можеше да се окарактеризира како добар старт ама тие нерешените некако бодеа во очи, посебно на гостински терен каде мислевме дека едноставно не можеме да победиме. За тоа време Челзи и Арсенал газеа и тоа доста убедливо по што се направи и првата посериозна негатива од 5-6 бода. Сепак јас знаејќи го тимот не бев многу загрижен за ова, знаејќи дека после Декември доаѓа нашето време иако морам да признаам дека на моменти бев исфрустриран од нерешните резултати против ВБА, Болтон, Астон Вила, што сеуште не држеа непоразени ама сепак зад Челзи и Арснеал на табелата. Првиот удар за тимот се случи во Септември кога игравме против Ренџерс и кога Валенсија ја доживеа страшната повреда. Мислев готово е со човекот, тешко дека ќе се врати каков што беше, а дека тимот загуби важен играч на важна позиција каде сега ќе мораше да пополнува Нани оставајќи го стариот Гигс и неуморниот Парк на левата страна. Но сепак не беше се така црно. Се разигра и Бербатов, практично нападот се крепеше на неговите голови, како и бодовите на табелата. Минуваше есента, а Манчестер Јунајтед за чудо сеуште беше непоразен на сите фронтови и полека кога работите почнаа да си доаѓаат на свое место, а предноста на Челзи се топеше се случи уште еден голем удар за тимот. Наводното незадоволство на Руни дека ова е неамбициозен тим, дека треба да се купат јаки засилувања и други глупости. А можеби тоа беше добро смислена ујдурма во соработка со Ферги само да се оттргнат медиумите од неговите афери во приватниот живот и да ги примора да му бараат нов клуб. Како и да е, за доброто на сите по ден-два Руни потпишува нов рекорден договор и повторно се е како што треба само се чекаше Руни да се врати онаков каков што го знаеме и каков што му треба на тимот. А на тоа се чекаше месец-два. Во меѓувреме Нани даде голем, огромен придонес за тимот со своите, на крај, 12-ина гола и 19 асистенции, заедно со Бербатов беа носители на нашиот напад. Не треба да се заборави и придонесот на Чичарито кој се почесто добиваше шанса од клупата и за многу малку време поминато на терен постигна многу и тоа важни погодоци. А на Руни сеуште се чекаше. Средниот ред после Јануари беше и без Флечер. Повреди, болести и не знам што го спречија нашиот копач на средината да изигра уште една добра сезона. Затоа повеќе шанса добиваше Керик, кој често знаеше да не изнеривра со погрешни пасови, нешутирање на голот, враќање на топката до ВДС.... сепак и немаше некоја друга опција... Сколс колку можеше помагаше, Андерсон и Гибсон добиваа повремени шанси, Парк се чекаше да се опорави од повредата на Азискиот куп, Гигс играше скоро на секој натпревар и дури и да се чуди човек како овој крпен среден ред, надополнет со солидниот напад предводен од Бербатов, Нани и Чичарито и мора да се признае силната одбрана оваа сезона, заедно со ВДС на голот СЕУШТЕ ОДОЛЕВАШЕ НА ПРОТИВНИЦИТЕ И БЕШЕ НЕПОРАЗЕН НА СИТЕ ФРОНТОВИ. Ама за ова секако можеме најмногу да му благодариме на нашиот напатен менаџер СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН, кој секогаш знаеше да најде рамнотежа на теренот и да го извлече најдоброто од тимот и резултатот се гледаше: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА ГО ЗАПОСЕДНУВА ПРВОТО МЕСТО ВО ПЛ И ОБЕЗБЕДУВА ПЛАСМАН ВО 1/8 НА ЛШ И СЕТО ТОА БЕЗ ПОРАЗ!!!!!

И кога беше најпотребно во последните неколку месеци од сезоната на сцена настапуваат Руни и Парк како и Чичарито кој скоро и 100% го заменува Бербатов кој се почесто седеше на клупата и оправдано затоа што чудото од дете од Мексико едноставно си најде добар партнер во Руни и работата одеше како подмачкана. Иако го доживеавме првиот пораз од една мизерна екипа како Волфс, а по неколку кола и два врзани порази од Челзи и Ливерпул сепак сеуште бевме на врвот поради предноста заработена во претходниот период. Во ЛШ доволно изигравме против Марсеј за да стигнеме до Челзи. Тоа е моментот кој се чекаше уште од крајот на минатата сезона :) Ги здробивме Челзи и на гости и дома со одлична и надмоќна игра стигнуваме по којзнае кој пат до 1/2 на ЛШ. Како ли само овој крпен и неатрактивен
тим на Манчестер Јунајтед успеа да го направи тоа?!?!??! Одговорот е тимската игра. Барем кога станува збор за ПЛ и за просечните противници во ЛШ тимската игра е доволна.

Руни го достигна врвот на формата и заедно со Чичарито и Гигс ја превзедоа главната улога во нападот, оттурнувајќи го Бербатов настрана, а во вистинско време се врати и Фердинанд како и неочекувано Валенсија, кој испадна како пролетно засилување со што Манчестер се комплетира на сите позиции спремен да го зададе завршниот удар, да ја освои рекордната 19-та титула во ПЛ, како и да се обиде да стигне до финалето во ЛШ.

Мечот против Челзи во ЛШ на Олд Трафорд ги разреши сите дилеми. Им вративме за минатата сезона и тоа со камата, 4 победи во 5 натпревари оваа сезона и им дадовме до знаење дека ПЛ е наша :) Следуваше Шалке кој не беше на нашето рамниште и....оп по малку и неверојатно ете го МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД во уште едно финале во ЛШ, 3-то во последните 4 години. Кој очекуваше? Веќе тука можеме да заклучиме дека оваа беше одлична сезона, дека станаве рекордери во Англија, дека Ливерпул е веќе зад нас......остана само уште едно прашање. Дали сме доволно моќни да чкртнеме уште една работа од списокот со одмазди и да се реваншираме за поразот во Рим од Барса во ЛШ.

Знаев дека пред себе го имаме најсилниот можен противник, дека Меси, рака на срце, е неверојатен, дека нашиот среден ред не е баш најсјаен, дека Чави и Иниеста се најдобриот тандем во средниот ред моментално во светот, но и дека нашата одбрана е гранитна, дека имаме одлични крила, дека Руни е повторно стариот и дека го имаме најјакиот тренер на клупата :) Како и сите фанови горев од оптимизам, тука по форумот, на фб, се бодрев и мотивирав со навивачките песни, со YouTube клипчиња, го носев дресот по дома и до Тинекс :) верував дека знаеме, дека можеме, дека е дојдено времето на одмазда и се тоа, ама сепак длабоко во себе потајно знаев и стравував дека може пак до некој степен да се повтори Рим. За жал така и се случи. Уште кога први дадоа гол, знаев дека е готово. Дали тоа беше индивидуална грешка на некој од одбраната или играчите се поставија онака како што им кажа Ферги не знам ама морам да признаам дека прелесно го примивме првиот гол. Сепак дека не се откажуваме, искра надеж ми даде одличната акција на Гигс и Руни за 1-1 :) . Сепак кога почна второто полувреме пак истата приказна. Тие играат ние ги чекаме :( Едноставно со таков распоред на сила и квалитет на играчи само тоа беше исходот, за жал. Со овој состав каков што е и со страшната форма на противникот најверојатно само ова е единствениот исход, 2 гола заостанување. Во Рим беше 2-0, вчера 3-1. Сепак ми е мило што не изигравме скроз дефанзивно, пробавме да се надигруваме иако не успеавме :) Барем изгубивме поштено од еден супериорен тим кој имавме несреќа да достигне таква форма овие неколку години. Да беше секој друг тим наместо Барселона сигурен сум дека ќе победевме.

Многу ме зачуди ситуацијата со Бербатов, кој изјави дека сигурно останува откако стана најдобар стрелец во ПЛ, ама така да бидеш изоставен од едно финале во ЛШ, да не си ни на клупа, по така добра сезона, навистина е тешко за секој играч. Ама тоа е реалноста. Ферги е суров, како што кажа самиот само еден човек кажува кој ќе игра, а кој не и за жал тоа е тој. Ако се оди според логиката Бербатов сега треба веќе да е во потрага по нов клуб. Ова заедно со најавите во два-три наврати последниве месеци од Ферги и Гил дека ќе бидат активни летово и дека ќе донесат минимум 2-3 засилувања значи дека за следната сезона треба да очекуваме подновен и освежен Јунајтед. Кои ќе бидат тие играчи можеме само да погодуваме, ама јас му верувам на Ферги и сигурен сум дека повторно ќе го направи најдобриот избор за тимот :)

Не очајувајте, сепак сме најјаки во Англија, а за Европа сигурно не сме го кажале сеуште последниот збор. Ништо чудно ако в година пак играме финале со Барса :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom