Еднаш веќе го постирав мојот огромен пост ама некако мистериозно исчезна. Ај да видиме сега
Еве дојде време и по последниот натпревар за оваа сезона да го кажам моето мислење и видување за целата сезона која можам да кажам дека е можеби најчудната сезона од нашиов клуб која што јас сум ја гледал. Кога ќе се земат сите работи што се случија од првиот натпревар со Челзи во Комјунити Шилд до вчерашното финале во ЛШ со Барса, вистинскиот фан на Манчестер Јунајтед нема право да биде незадоволен. Го победивме Челзи со смешниот гол на Чичарито со што најавивме дека оваа сезона ќе бидеме подобри од нив и дека добивме едно ново свежо име во нападот кое многу не потсетува на нашиот омилен Солскјер од минатото. Почна сезоната во ПЛ и ако добро се сеќавам имавме неколку победи и неколку нерешени што сепак можеше да се окарактеризира како добар старт ама тие нерешените некако бодеа во очи, посебно на гостински терен каде мислевме дека едноставно не можеме да победиме. За тоа време Челзи и Арсенал газеа и тоа доста убедливо по што се направи и првата посериозна негатива од 5-6 бода. Сепак јас знаејќи го тимот не бев многу загрижен за ова, знаејќи дека после Декември доаѓа нашето време иако морам да признаам дека на моменти бев исфрустриран од нерешните резултати против ВБА, Болтон, Астон Вила, што сеуште не држеа непоразени ама сепак зад Челзи и Арснеал на табелата. Првиот удар за тимот се случи во Септември кога игравме против Ренџерс и кога Валенсија ја доживеа страшната повреда. Мислев готово е со човекот, тешко дека ќе се врати каков што беше, а дека тимот загуби важен играч на важна позиција каде сега ќе мораше да пополнува Нани оставајќи го стариот Гигс и неуморниот Парк на левата страна. Но сепак не беше се така црно. Се разигра и Бербатов, практично нападот се крепеше на неговите голови, како и бодовите на табелата. Минуваше есента, а Манчестер Јунајтед за чудо сеуште беше непоразен на сите фронтови и полека кога работите почнаа да си доаѓаат на свое место, а предноста на Челзи се топеше се случи уште еден голем удар за тимот. Наводното незадоволство на Руни дека ова е неамбициозен тим, дека треба да се купат јаки засилувања и други глупости. А можеби тоа беше добро смислена ујдурма во соработка со Ферги само да се оттргнат медиумите од неговите афери во приватниот живот и да ги примора да му бараат нов клуб. Како и да е, за доброто на сите по ден-два Руни потпишува нов рекорден договор и повторно се е како што треба само се чекаше Руни да се врати онаков каков што го знаеме и каков што му треба на тимот. А на тоа се чекаше месец-два. Во меѓувреме Нани даде голем, огромен придонес за тимот со своите, на крај, 12-ина гола и 19 асистенции, заедно со Бербатов беа носители на нашиот напад. Не треба да се заборави и придонесот на Чичарито кој се почесто добиваше шанса од клупата и за многу малку време поминато на терен постигна многу и тоа важни погодоци. А на Руни сеуште се чекаше. Средниот ред после Јануари беше и без Флечер. Повреди, болести и не знам што го спречија нашиот копач на средината да изигра уште една добра сезона. Затоа повеќе шанса добиваше Керик, кој често знаеше да не изнеривра со погрешни пасови, нешутирање на голот, враќање на топката до ВДС.... сепак и немаше некоја друга опција... Сколс колку можеше помагаше, Андерсон и Гибсон добиваа повремени шанси, Парк се чекаше да се опорави од повредата на Азискиот куп, Гигс играше скоро на секој натпревар и дури и да се чуди човек како овој крпен среден ред, надополнет со солидниот напад предводен од Бербатов, Нани и Чичарито и мора да се признае силната одбрана оваа сезона, заедно со ВДС на голот СЕУШТЕ ОДОЛЕВАШЕ НА ПРОТИВНИЦИТЕ И БЕШЕ НЕПОРАЗЕН НА СИТЕ ФРОНТОВИ. Ама за ова секако можеме најмногу да му благодариме на нашиот напатен менаџер СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН, кој секогаш знаеше да најде рамнотежа на теренот и да го извлече најдоброто од тимот и резултатот се гледаше: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА ГО ЗАПОСЕДНУВА ПРВОТО МЕСТО ВО ПЛ И ОБЕЗБЕДУВА ПЛАСМАН ВО 1/8 НА ЛШ И СЕТО ТОА БЕЗ ПОРАЗ!!!!!
И кога беше најпотребно во последните неколку месеци од сезоната на сцена настапуваат Руни и Парк како и Чичарито кој скоро и 100% го заменува Бербатов кој се почесто седеше на клупата и оправдано затоа што чудото од дете од Мексико едноставно си најде добар партнер во Руни и работата одеше како подмачкана. Иако го доживеавме првиот пораз од една мизерна екипа како Волфс, а по неколку кола и два врзани порази од Челзи и Ливерпул сепак сеуште бевме на врвот поради предноста заработена во претходниот период. Во ЛШ доволно изигравме против Марсеј за да стигнеме до Челзи. Тоа е моментот кој се чекаше уште од крајот на минатата сезона
Ги здробивме Челзи и на гости и дома со одлична и надмоќна игра стигнуваме по којзнае кој пат до 1/2 на ЛШ. Како ли само овој крпен и неатрактивен
тим на Манчестер Јунајтед успеа да го направи тоа?!?!??! Одговорот е тимската игра. Барем кога станува збор за ПЛ и за просечните противници во ЛШ тимската игра е доволна.
Руни го достигна врвот на формата и заедно со Чичарито и Гигс ја превзедоа главната улога во нападот, оттурнувајќи го Бербатов настрана, а во вистинско време се врати и Фердинанд како и неочекувано Валенсија, кој испадна како пролетно засилување со што Манчестер се комплетира на сите позиции спремен да го зададе завршниот удар, да ја освои рекордната 19-та титула во ПЛ, како и да се обиде да стигне до финалето во ЛШ.
Мечот против Челзи во ЛШ на Олд Трафорд ги разреши сите дилеми. Им вративме за минатата сезона и тоа со камата, 4 победи во 5 натпревари оваа сезона и им дадовме до знаење дека ПЛ е наша
Следуваше Шалке кој не беше на нашето рамниште и....оп по малку и неверојатно ете го МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД во уште едно финале во ЛШ, 3-то во последните 4 години. Кој очекуваше? Веќе тука можеме да заклучиме дека оваа беше одлична сезона, дека станаве рекордери во Англија, дека Ливерпул е веќе зад нас......остана само уште едно прашање. Дали сме доволно моќни да чкртнеме уште една работа од списокот со одмазди и да се реваншираме за поразот во Рим од Барса во ЛШ.
Знаев дека пред себе го имаме најсилниот можен противник, дека Меси, рака на срце, е неверојатен, дека нашиот среден ред не е баш најсјаен, дека Чави и Иниеста се најдобриот тандем во средниот ред моментално во светот, но и дека нашата одбрана е гранитна, дека имаме одлични крила, дека Руни е повторно стариот и дека го имаме најјакиот тренер на клупата
Како и сите фанови горев од оптимизам, тука по форумот, на фб, се бодрев и мотивирав со навивачките песни, со YouTube клипчиња, го носев дресот по дома и до Тинекс
верував дека знаеме, дека можеме, дека е дојдено времето на одмазда и се тоа, ама сепак длабоко во себе потајно знаев и стравував дека може пак до некој степен да се повтори Рим. За жал така и се случи. Уште кога први дадоа гол, знаев дека е готово. Дали тоа беше индивидуална грешка на некој од одбраната или играчите се поставија онака како што им кажа Ферги не знам ама морам да признаам дека прелесно го примивме првиот гол. Сепак дека не се откажуваме, искра надеж ми даде одличната акција на Гигс и Руни за 1-1
. Сепак кога почна второто полувреме пак истата приказна. Тие играат ние ги чекаме
Едноставно со таков распоред на сила и квалитет на играчи само тоа беше исходот, за жал. Со овој состав каков што е и со страшната форма на противникот најверојатно само ова е единствениот исход, 2 гола заостанување. Во Рим беше 2-0, вчера 3-1. Сепак ми е мило што не изигравме скроз дефанзивно, пробавме да се надигруваме иако не успеавме
Барем изгубивме поштено од еден супериорен тим кој имавме несреќа да достигне таква форма овие неколку години. Да беше секој друг тим наместо Барселона сигурен сум дека ќе победевме.
Многу ме зачуди ситуацијата со Бербатов, кој изјави дека сигурно останува откако стана најдобар стрелец во ПЛ, ама така да бидеш изоставен од едно финале во ЛШ, да не си ни на клупа, по така добра сезона, навистина е тешко за секој играч. Ама тоа е реалноста. Ферги е суров, како што кажа самиот само еден човек кажува кој ќе игра, а кој не и за жал тоа е тој. Ако се оди според логиката Бербатов сега треба веќе да е во потрага по нов клуб. Ова заедно со најавите во два-три наврати последниве месеци од Ферги и Гил дека ќе бидат активни летово и дека ќе донесат минимум 2-3 засилувања значи дека за следната сезона треба да очекуваме подновен и освежен Јунајтед. Кои ќе бидат тие играчи можеме само да погодуваме, ама јас му верувам на Ферги и сигурен сум дека повторно ќе го направи најдобриот избор за тимот
Не очајувајте, сепак сме најјаки во Англија, а за Европа сигурно не сме го кажале сеуште последниот збор. Ништо чудно ако в година пак играме финале со Барса