Одигравме квалитетен натпревар, ја контролиравме играта во поголемиот дел од натпреварот, и успеавме да постигнеме гол и да победиме... шах-мат во три потега, Керик милиметарски точно до Гигси, овој со перфектен прием, еден контакт и одличен пас по земја до Руни кој ја имаше најлесната, но и најважната работа од целата акција
... Полека, не се радувајте пред време, да не биде како лани со Баерн, одличен натпревар во Минхен со постигнат гол и замалку победа, но во реваншот на ОТ, еден лош потег на Рафаел и да ни се ебе цела утакмица, мислам пред се на не дај Боже рано добиен црвен картон или на случајно досуден пенал па ќе се козиме после... полека, чекор по чекор е најубаво, прво Фулам во Сабота, па дури потоа ќе мислиме на дуелот со Челзи... ова пред се мислам на Чомбе и остали да не ги цитирам, мислам да не ме сватите погрешно, но контролирајте ги емоциите, после реваншот, дај Боже, заедно ќе славиме
Околу играта, спомнав погоре дека изигравме квалитетно во одбрана, да не трошам зборови за ВДС и за одбраната, ако почнам да пишувам незнам каде ќе биде крајот на постот
... истото важи и за Руни, колку пати само се врати назад да покрие, го имаше насекаде, и ми се допаѓа што кога највеќе ни е потребен, кога се решаваат многу работи, при крај на сезоната, тој почна со давање голови, како што тоа го правеше ланската година и им ги затна муцките на хејтерите кој само чекаа да промаши некоја шанса или да има слаб ден, браво Мајсторе
...
Судијата денеска беше во целост одличен, но ќе издвојам некоја ситна грешка и една голема... ситна грешка, според мене беше жолтиот картон на ВДС кога овој неможеше да дегажира, па го повика Видиќ, но тука имаше притисок од трибините и играчите на Челзи па мораше да попушти... и друга ситна грешка е кога Торескиња два пати симулираше пенал и кога не доби ниту еден жолт картон... додека голема грешка денеска е не досудувањето ФАУЛ над Рамирес во последните минути од Евра и тука автоматски би имало и црвен картон, ако се земе во предвид местоположбата на Евра на теренот, односно дека тој беше последен играч во одбраната и плус старт од позади, тоа е директен црвен картон... и да, пак ќе повторам, требаше да се досуди Фаул, но не и Пенал, бидејќи уште одма јас видов дека Рамирес е пола метар надвор од шеснаесетник, а потоа и успорените снимки го покажаа тоа... значи околу судијата толку...
Идеме, следен натпревар, на ОТ против Фулам и очекувам тука старт од првата минута на Бербата, да се разбуди на овој натпревар и да постигне некој гол... GGMU