Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
FlameOfSpirit - on SAF's quote напиша:
За наводниот пенал кој требаше да биде досуден во корист на Челзи, Сер Алекс се оградува од коментари.
„Да бидам искрен, не ја видов спорната ситуација повторно. Но мислам дека има многу да се зборува за досудување непостоечки и недосудување постоечки пенали во фудбалот. Мислам дека играчите на Челзи беа одлични.“
Баш фино си кажува дедица - квичевме за џабе, квичете за џабе. Останува наредниот вторник да се види кој ќе искочи подобар во двата меча. Хех, и некако на овие нашиве ѕверчиња им се гледа огромна желба за Trebble - ама ај да не јадам многу вафли :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.778
Поени од реакции
43.993
Го свиреа цело време и будалово не знаеше више како да се израдува. Ќути не отиде по камерите :pos2:

Да си кажам и дека ме нервираше што се затворивме, ич нејќам така кога правиме. Знам дека целта беше гол да се даде ама зошто не и повеќе кога може. Добро одиграа Челзи, почит кон Дрогба, најзаинтересиран беше денес од нивна страна. Мислам дека највеќе сакаше да му помогне на својот тим денес. Не е ништо уште завршено, што и да се случи, United till death, ова во ЛШ го гледам како бонус на сезоната.
Честитки за прикажаното до фановите на Челзи. :smir:

И дали има пари на светот со кои можат да се процени РАЈАН ГИГС? ЛЕГЕНДА!
Целосно се сложувам со постов.. И тоа дека се нервирам кога ќе се затвориме, дека не е завршено, но победава на мостот ептен ми го направи ќејфот и дека Дрогба беше најарен од нивниот тим... Искрено, кога испадна тој бев сигурен оти не ни даваат гол...

За Гигс.... Нема што да се каже...
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
шо и да направи Керик од крајов на сезонава од мене опростено ќе му е :pos: :pos: богами и се шо направи до сега му простувам !! на која дрога беше денеска??? :) а за Ван Дер Цар секој коментар е излишен.... па 40 години има човекот а скока како 15 годишно дете... секој ЧЕСТ.... за Гигс доволно е само ова "He was the boy who plays like a man, now he is the man who plays like a boy"...
Ај заради тебе малку и ќе му простам, ама каков кикс направи негде околу средина на второ, леле леле :kesa:. Морам да признаам дека сепак вечерва ме изненади - имаше доста добри пасови накај напаѓачите, неколку пати и сам тргна со топка во напад. Најверојатно сум доста изреволтиран од неговиот пад на формата и на секоја утакмица само него го следам "под лупа", ама вечерва има од мене .... па, прелазна оценка :baeh:
 
A

apidrone

Гостин
Абе има и за гол на сезоната, ама мислам дека тука нема што да се гласа, да се дебатира :)
Иначе, не, нема да имаме ваков голман. Али дефинитивно треба да го пуштиме да се пензионира. Само не знам кој ќе го замени, пошо овој шо е у најава ама ич не ми праи ќеф.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Одигравме квалитетен натпревар, ја контролиравме играта во поголемиот дел од натпреварот, и успеавме да постигнеме гол и да победиме... шах-мат во три потега, Керик милиметарски точно до Гигси, овој со перфектен прием, еден контакт и одличен пас по земја до Руни кој ја имаше најлесната, но и најважната работа од целата акција :)... Полека, не се радувајте пред време, да не биде како лани со Баерн, одличен натпревар во Минхен со постигнат гол и замалку победа, но во реваншот на ОТ, еден лош потег на Рафаел и да ни се ебе цела утакмица, мислам пред се на не дај Боже рано добиен црвен картон или на случајно досуден пенал па ќе се козиме после... полека, чекор по чекор е најубаво, прво Фулам во Сабота, па дури потоа ќе мислиме на дуелот со Челзи... ова пред се мислам на Чомбе и остали да не ги цитирам, мислам да не ме сватите погрешно, но контролирајте ги емоциите, после реваншот, дај Боже, заедно ќе славиме :)

Околу играта, спомнав погоре дека изигравме квалитетно во одбрана, да не трошам зборови за ВДС и за одбраната, ако почнам да пишувам незнам каде ќе биде крајот на постот :)... истото важи и за Руни, колку пати само се врати назад да покрие, го имаше насекаде, и ми се допаѓа што кога највеќе ни е потребен, кога се решаваат многу работи, при крај на сезоната, тој почна со давање голови, како што тоа го правеше ланската година и им ги затна муцките на хејтерите кој само чекаа да промаши некоја шанса или да има слаб ден, браво Мајсторе :)...

Судијата денеска беше во целост одличен, но ќе издвојам некоја ситна грешка и една голема... ситна грешка, според мене беше жолтиот картон на ВДС кога овој неможеше да дегажира, па го повика Видиќ, но тука имаше притисок од трибините и играчите на Челзи па мораше да попушти... и друга ситна грешка е кога Торескиња два пати симулираше пенал и кога не доби ниту еден жолт картон... додека голема грешка денеска е не досудувањето ФАУЛ над Рамирес во последните минути од Евра и тука автоматски би имало и црвен картон, ако се земе во предвид местоположбата на Евра на теренот, односно дека тој беше последен играч во одбраната и плус старт од позади, тоа е директен црвен картон... и да, пак ќе повторам, требаше да се досуди Фаул, но не и Пенал, бидејќи уште одма јас видов дека Рамирес е пола метар надвор од шеснаесетник, а потоа и успорените снимки го покажаа тоа... значи околу судијата толку...

Идеме, следен натпревар, на ОТ против Фулам и очекувам тука старт од првата минута на Бербата, да се разбуди на овој натпревар и да постигне некој гол... GGMU
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
^ Не сум го приметил тој момент, требаше уште при првиот обид за симулирање да му покаже жолт картон, за вториот Торескиња се потруди подобро да го изглуми, тоа првото беше апла глума :)
 

hYstericAl

Front Bumper
Член од
10 март 2010
Мислења
338
Поени од реакции
335
[video]http://videa.hu/videok/sport/chelsea-0-1-manutd-highlights-manchesterutd-zroxRanpsPfyN52w[/video]

Како тоа Ван Дер ЦАР се можел да фати :D
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Честито победа, конечно победа на Стемфорд и одлична игра. Контрола на поголемиот дел од мечот и ги добивме на средината на теренот, каде Есиен и Лампард не ги ни видов. Прекрасен пас на Керик до Гигс и одлична завршница доволна за победа. За Ван Дер Сар неам зборови, на 40 години дава се од себе, не постои таков голман. Изненаден бев од бледата игра на Челзи, не покажаа ништо, освен притисокот во последните минути од 2те полувремиња и тоа на домашен терен. Анчелоти придонесе да не се плашам повеќе кога го извади Дрогба кој им беше најдобар, а Торес да играше уште 900 минути немаше да постигне гол (големо фала за 10тината пасови шо ни ги подаде). Имаше пак стартови од Есиен, но сепак судијата заврши голема работа и дозволи да се игра фудбал а не кунг фу како во ПЛ. Задоволен сум од целиот тим и пристапот на игра иако сакав да постигнеме уште еден гол, затоа што Челзи играше лошо во поголем дел од натпреварот и требаше да се притисне и да се искористи таа нивна опуштеност.

Работата е 50% завршена, секако дека треба да се одигра цврсто и на ОТ, каде очекувам уште една победа за да разреши Ферги некои дилеми кои на некои луѓе им се нејасни. Да се надеваме на полуфинале со Шалке, кој најмногу го посакував на претходната ждрепка, да ми се исполни и таа желба :). Сега на ред е Фулам.

Glory!

--- надополнето ---

Така го прослави голот :icon_lol:

Инаку, го приметивте малерот од коментатор? Таман ги изеде гомната дека сме биле подобар противник во првото полувреме, Челзи одма шанса за гол имаа ако се сеќавате некаде во 45' кога Евра спаси.
Исто и на крајот некаде "Манчестер Јунајтед е дефинитивно подобар противник во овој меч" и одма Челзи во напад, баш тогаш и се случи "пеналот" над Рамирес :)
И јас баш за тоа го пцуев. Од дека појма немаа, па уште тоа фалеше да израмнат...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.869
Поени од реакции
11.551
Леле каков меч беше тоа...излишно е да коментирам.

GLORY!!!
 

van Postar

поштен ко поштар
Член од
8 јули 2010
Мислења
173
Поени од реакции
16
Супер натпревар без грешки сите на теренот задоволуваа, а што се случи на крај со ВДС зошто не ги изводеше гол-аутите туку Видич?
 

van Postar

поштен ко поштар
Член од
8 јули 2010
Мислења
173
Поени од реакции
16
Мислам дека се истегна кога го одбрани ударот со глава на Торес и веднаш после тоа почна да куца. Веројатно не сакаше да ризикува или па како што вика Комита задржуваше време. Редно е и ние така гнасно да почнеме да играме со задржување време а ВДС, предупреди Видиќ, Гигс и осталата багра професори кај нас најдобро го знаат тоа. :)
ако е задржување време океј, да не се повреди нешто затоа прашав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom