Ова беше минимум што требаше да се извади од мечов. Убаво што покажаа карактер и се вратија на крај, ама генерално разочаран од исходот на натпреварот.
Денеска иако тотално ги надтрчавме во првите пола саат, имаше премногу слабости во нашиот тим. Прво - Санчо, како што пишав на полувреме, дечкото воопшто не беше на мечот. Убедливо најслаб натпревар од него до сега. Не знам што му се случува во главата, ама очигледно му треба малце одмор.
Второ, Рашфорд. По не знам кој пат дечкото покажува дека од него максимум можеме да добиеме повремени блесоци, без никаков континуитет. Епизодна улога во ситуации кога би играле на контра е најмногу што може да се извлече од него. Мора да се бара сериозен шпиц што е можно порано.
Трето - мора да се размислува и за ширината на составот. Играме со едни те исти 15 души од што нема што да се понуди од клупата. Денеска измените што ги имавме беа сите кој од кој.
Фред си ја имаше таа една одлична партија во сезоната пред некој ден. Утакмицава си се врати на старите навики, без компас беше дечкото поголем дел од мечот. За Мектоминеј веќе знаеме дека е ограничен и дека од него не бива сериозен фудбалер. Еднаш пишав Еланга дека не е гејмчејнџер и сеуште стојам на тоа, ама денеска можеби требаше да влезе порано, бидејќи Бруно губи на креативност кога игра на крило, а Ериксен играше просечна партија. Некако беше премногу бавен и многу често правеше потег повеќе.
Касемиро пак имаше период кога делуваше малку изгубен во целата концепција после влегувањето на Фред, ама имаше и неколку одлични интервенции. За Ентони веќе кажав на полувреме, мора да научи да игра и со десна ако сака да се искористи целосно неговиот потенцијал. Повредата на Варан иде во многу лош момент. Ниту еден од Линделоф и Мартинез не е скок играч, а не чека Митровиќ за некое коло.
И за крај, огромен лајк за реакцијата на Тен Хаг, кога му се раздера на Шо кој си жонглираше при офсајдот од Челзи во 96та минута демек да потроши време.