Не знам што се случи со Варан, многу ми е криво, постојано го сечат повреди и тоа без никаков контакт. Уште три утакмици имаме ПЛ до паузата, го имаме Линделоф, се враќа и Мегваер. Си велам ќе издржат со Вест Хем, Вила и Фулам, а редно е и нападот да помогне и реши некоја утакмица, преку таквото веќе со промашување чисти шанси и килави победи кога може да даваме 3+ голови секоја.
И нека работат на десната нога на Антони, малце од малце да ја подобри ќе биди дупло подобар играч. Онаа на крајот од првото ја видов во гол, не знам како успеа да ја промаши.