Тежок меч, Стоук се копачи, јас не очекував нешто поинаку од нив, вие може чекавте да се отворат и да прават вонземјански акции ама се знае како играат Стоук.
Не знам зошто ве чуди тесната победа и тоа што играчите не форсираа многу многу. Како прво поминаа период во кој натпревари имаше секои 2-3 дена и еве сега една пауза од 5 дена. Мора да ротира Фергусон, океј, ама не може сите да ги изротира. Фаци како Евра и Видиќ мора да се свежи и затоа не мора форсирање откако ќе се постигне гол за победа, доволно е да се има контрола врз играта. Не знам за вас, јас сум сосема задоволна јануари да го истуркаме со победа од гол разлика, ако може и повеќе зошто да не, но пак ќе кажам, распоредов е напнат, играчите ги чекаат уште многу мечеви од ФА, ПЛ и двобои од ЛШ за кои ќе мора да се сите спремни. Гледам се чудите Андерсон зошто не играл. Па ќе го прегорат, мора одмор малку. И пред некој да каже дека не сме биле убедливи, нека го погледне распоредот на натпревари најпрво.
Следни се Ливерпул во ФА, очекувам шанса да добијат Смолинг, Еванс, Обертан, Чичарито, Овен, Фабио, а зошто да не и Линдегард на гол. Уште поубаво ако излезат Ливерпул со фул состав, барем помладиве ќе добијат вистинска шанса да покажат што знаат. За мене е ова еден сосема неважен натпревар, со оглед на тоа каков ни е март месец, може слободно да се испадне од купов.