Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Се согласиле или не, фактот од кој не се бега е дека Фергусон ја изгради империјата наречена Манчестер Јунајтед која малку го загуби сјајот пред 30-40 години. Тој е креаторот, човекот кој со брилијантни потези, искуство, знаење го донесе клубот каде што тој е денес. Сме немале подобар менаџер и нема никогаш да имаме менаџер како Ферги.

Околу неговиот наследник, во никој случај не смееме да се залетуваме со некој неискусен, тренер без барем 10-15 години искуство на највисоко ниво. Како најсериозни кандидати според мене би требало да бидат Фабио Капело, Жозе Мурињо и можеби Мојс. Капело би бил одлична замена, искусен, со многу трофеи, тренер на најдобрите клубови, кој летаргичната Англија ја препороди на репрезентативен план.

Најоспоруваниот Жозе Мурињо. Искрено и јас имам измешани чувства околу него. Како име сигурно дека не би имал ништо против да дојде во Јунајтед. Квалитет и искуство сигурно има. Карактерот му е каков што знаете и самите. Гомнојадец или не, тренерите како Мурињо понекогаш ги користат тие коментари да ја отргнат медиумската помпа која се создава околу нивните клбови при периоди на лоша игра на клубот. И Ферги многу пати има така направено.

Мојс е дефинитивно едно од имињата на тој список. Успеа од тим како Евертон, кој редовно завршуваше во долниот дел од табелата да го направи екипа која редовно излегува или се бори до последен момент за европските купови и тоа се со лимитирани средства. Врши одлична работа во Евертон. Дали ќе биде така и во Јунајтед? Е тоа времето ќе покаже ако некогаш дојде на чело на клубот (иако мислам дека притисокот од водење на клубот ќе биде преголем за Мојс).

Како друго име кое би го зел во обзир е и Мартин О'Нил. Ми се допаѓа како менаџер. Солскер сеуште има доста да учи, иако има ветувачки старт. Кин секогаш ќе биде запаметен како ѕвер од играч, лидер на теренот и невиден мотиватор, влијателен и борец, ама резултатите што ги постигнува како тренер се далеку од ветувачки. Емоционалната приврзаност кон играчите не смее да се меша при изборот за иден менаџер.

А за тие што подобро ја знаат историјата на клубот, кога шкотски стручњак го напушта клубот следи лош период. По заминувањето на Базби од кормилото во клубот во 1969 година, почнуваат Barren Years или посни години од 1970-1986 кога ако не се лажам клубот освојува само еден ФА Куп и во 1974 година дури и се сели во пониска дивизија. Тоа трае се до доаѓањето на Ферги во 1986 год., кога клубот се препородува.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Фергусон ги отера „упичкуматерин“ од BBC новинарите 2004та, или 2003та беше, за Верон.
Тој е ебано добар играч, а вие сте ебани глупаци. Повеќе нема да кажам ниеден ебан збор за вас.
Во буквален превод од англиски.

Или попресно беше, Саутгејт од Мидлзбро го обвини Роналдо за глумење пред едно 3 години.
Реакција на Фергусон на побараниот коментар од Скај-новинарот: Биди ебан професионалец.
Новинарот: Роналдо одговори веќе.
Фергусон: Fucking hell со твоите одговори.
Новинарот: Не зборувајте така со мене. Ако сакате зборувајте, ако не, одете си.
Фергусон: Fuck off + лупање на врата.

Мурињо гомнојадец голем...? :raz:
Така треба бе :pos2:
Инаку и Ферги ги отерува во три лепе сите новинари во Англија, но барем отворен е бе, отворено им кажува да одат у пичку материну.
А зошто? Затоа што секогаш го провоцираат.

Инаку за иден трнер...Не заебавајте бе Солскер :pos2: Ако играл во тимот и бил успешен, не значи дека сега треба да му се даде да си игра со кормилото. Па ни на Рој Кин не треба таа шанса да му се даде. Арно пиша погоре Rooney's Temper, "Eмоционалната приврзаност кон играчите не смее да се меша при изборот за иден менаџер."
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Фергусон ги отера „упичкуматерин“ од BBC новинарите 2004та, или 2003та беше, за Верон.
Тој е ебано добар играч, а вие сте ебани глупаци. Повеќе нема да кажам ниеден ебан збор за вас.
Во буквален превод од англиски.

Или попресно беше, Саутгејт од Мидлзбро го обвини Роналдо за глумење пред едно 3 години.
Реакција на Фергусон на побараниот коментар од Скај-новинарот: Биди ебан професионалец.
Новинарот: Роналдо одговори веќе.
Фергусон: Fucking hell со твоите одговори.
Новинарот: Не зборувајте така со мене. Ако сакате зборувајте, ако не, одете си.
Фергусон: Fuck off + лупање на врата.

Мурињо гомнојадец голем...? :raz:
Ферги е тренер од времето на дедо ное, Мур е од вчера и сака да се понаша како Ферги! Е тоа не иде секаде, особено ако судиска грешка те лансирала во светот на големите фудбалски имиња!
Значи се ти е ОК само немој да ми споредуваш Ферги и Мур зошто има голема разлика, не голема, ОГРОМНА! Едноставно се различен тип на тренери и не може да бидат поврзани во многу работи така да искулирај!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве што изјави ван Нистелрој во врска со играчите кои си заминуваат од Јунајтед:

"I know what its like when you've left - when it's gone it doesn't come back anymore."
Цитатов е од негова изјава каде што му дава поддршка на Бербатов да остане барем уште една година. -.-

П.С. Луис Фабијано пак изјавува молби до Фергусон да потпише со него за 15 милиони фунти.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Луиз Фабиано изјавил дека под водство на Фергусон не може а да не освоиш титула и дека би се вклопил во тимот на Фергусон подобро него во било кој дрг клуб во светот!
 
F

fantomX

Гостин
Ферги е тренер од времето на дедо ное, Мур е од вчера и сака да се понаша како Ферги! Е тоа не иде секаде, особено ако судиска грешка те лансирала во светот на големите фудбалски имиња!
Значи се ти е ОК само немој да ми споредуваш Ферги и Мур зошто има голема разлика, не голема, ОГРОМНА! Едноставно се различен тип на тренери и не може да бидат поврзани во многу работи така да искулирај!
Мурињо се понаша ко шо чини за неговите тимови, и тоа не е „сакање да се понаша ко Ферги“, тоа е заштита на своите играчи. Исто како што оштро на прес во Челзи се спротистави на постојаните наапди на Фергусон врз судиите. Секако, притоа нагласувајќи дека нема ништо против него, апсолутно, ама никој нема право да е нешто повластен на теренот или да се однесува така.
Судиска грешка го лансирала? Па имал среќа во еден илјадити дел од секундата бре, има среќна ѕвезда значи.

Фергусон и Мурињо не можат ни одблиску да се споредуваат, секогаш го држам тој став. Тоа особено ќе дој до израз ако Интер освои Лига на Шампиони годинава, со шо Мурињо уште на неполни 50 години ќе има 2 титули Европски првак, нешто шо Фергусон го има во цели 67-68, што кажува, дека иако веројатно е најдобриот менаџер во фудбалов, тактичката спрема и не му е најсилна, а тоа се бара на Европско тло. :toe:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.129
Поени од реакции
1.730

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.995
Поени од реакции
7.150
АКо не се лажам договорот на Фабијано му истекува летово така да ако може да се земи без пари не гледам зошто не би. Од Бербатов сигурно е подобар, барем повеќе трча ако ништо друго. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom