Rooney's Temper
in front of Old Trafford
- Член од
- 14 јуни 2009
- Мислења
- 2.888
- Поени од реакции
- 2.653
Се согласиле или не, фактот од кој не се бега е дека Фергусон ја изгради империјата наречена Манчестер Јунајтед која малку го загуби сјајот пред 30-40 години. Тој е креаторот, човекот кој со брилијантни потези, искуство, знаење го донесе клубот каде што тој е денес. Сме немале подобар менаџер и нема никогаш да имаме менаџер како Ферги.
Околу неговиот наследник, во никој случај не смееме да се залетуваме со некој неискусен, тренер без барем 10-15 години искуство на највисоко ниво. Како најсериозни кандидати според мене би требало да бидат Фабио Капело, Жозе Мурињо и можеби Мојс. Капело би бил одлична замена, искусен, со многу трофеи, тренер на најдобрите клубови, кој летаргичната Англија ја препороди на репрезентативен план.
Најоспоруваниот Жозе Мурињо. Искрено и јас имам измешани чувства околу него. Како име сигурно дека не би имал ништо против да дојде во Јунајтед. Квалитет и искуство сигурно има. Карактерот му е каков што знаете и самите. Гомнојадец или не, тренерите како Мурињо понекогаш ги користат тие коментари да ја отргнат медиумската помпа која се создава околу нивните клбови при периоди на лоша игра на клубот. И Ферги многу пати има така направено.
Мојс е дефинитивно едно од имињата на тој список. Успеа од тим како Евертон, кој редовно завршуваше во долниот дел од табелата да го направи екипа која редовно излегува или се бори до последен момент за европските купови и тоа се со лимитирани средства. Врши одлична работа во Евертон. Дали ќе биде така и во Јунајтед? Е тоа времето ќе покаже ако некогаш дојде на чело на клубот (иако мислам дека притисокот од водење на клубот ќе биде преголем за Мојс).
Како друго име кое би го зел во обзир е и Мартин О'Нил. Ми се допаѓа како менаџер. Солскер сеуште има доста да учи, иако има ветувачки старт. Кин секогаш ќе биде запаметен како ѕвер од играч, лидер на теренот и невиден мотиватор, влијателен и борец, ама резултатите што ги постигнува како тренер се далеку од ветувачки. Емоционалната приврзаност кон играчите не смее да се меша при изборот за иден менаџер.
А за тие што подобро ја знаат историјата на клубот, кога шкотски стручњак го напушта клубот следи лош период. По заминувањето на Базби од кормилото во клубот во 1969 година, почнуваат Barren Years или посни години од 1970-1986 кога ако не се лажам клубот освојува само еден ФА Куп и во 1974 година дури и се сели во пониска дивизија. Тоа трае се до доаѓањето на Ферги во 1986 год., кога клубот се препородува.