Секоја чест за целиот тим на Манчестер Јунајтед. Жал ми е што многумина од т.н. фанови на Манчестер веднаш се нафрлија на негативни критики... кој врз Рафаел, кој врз Карик, а што е парадоксно и врз Фергусон. Ова е фудбал, а во него има падови и успеси. Ако за некој фан на овој клуб, вечерашниот натпревар беше неуспех потполно е луд. Мојата анализа и мислење е следново: 1. Рафаел е најперспективниот десен крилен бек во светот... Секако дека е неискусен но да не беа неговите притисоци и брзи истрчувања во нападот немаше да имаме водство од 3:0 (акциите за головите започнуваа од десната страна). 2. Манчестер Јунајтед му е голем должник на Карик (кој не памти нека се засрами) - неговите настапи како централен дефанзивец со чиста 10ка во првиот дел на сезоната поради повредите на Видиќ, Фердинанд, Браун, Ошеа, Невил. Значи еден кикс и он е "циган"?! 3. Најголема почит до Руни... Да трпиш такви болки дури и со инекции е неверојатно - што тоа значи за еден карактер?! 4. Бербатов е излишна тема поради тоа што да беше Овен здрав немаше ни клупа да грее. 5. Од прв до последен го дадоја секој грам сила за нас - навивачите на Ман У. и жалосно е да бидете разочарани од таква екипа. Ваков тим и ништо да не освои ќе го сакам бидејќи дури и кога работите не им се дадени да излезат пак ми го прават ќејфот на секој "проклет" натпревар.
За крај: Горд сум што сум навивач на Манчестер, не поради старците ( гигс, сколс, невил, ван дер сар...), не поради феноменалните (руни, евра, видиќ), ниту поради надежните (рафаел, фабио, нани, гибсон, еванс) - тука поради тоа што оваа генерација покажа она што е дел од самото име на клубот "UNITED".