Многу сум горд што навивам за Манчестер Јунајтед !
Имаме срце, големо, лавовско..
Во фудбалот се случуваат вакви моменти , и нема што тука да жалиме и плачиме, се разбира на сите нас не ни е јасно како можше тој баерн да се пласира(со среќа да им е пласманот и финале да стигнат и нека освојат ако уште вака ги служи среќата), али јбг....на крајот од денот то е то...
На сите што се ситат на нашиот пораз,можам да им порачам да ми се фатат за . . . .. , тие никогаш нема да ја доживејат еуфоријата и љубовта која навивачите на Јунајтед ја носат во себе...секој ден,секоја минута!
Горд сум што нашете големо срце го делат и нашите играчи...
Еден “сакат“,шинат со една нога излезе и играше само за клубот-жртвувајчи и настап на СП и цела кариера можеби.
Влезе друг со скршена рака , и не жалеше ни секунда да се бори за нашиот дрес,
Чудесниот Нани мислам дека уште малце да поиграше ке колабрираше, и срце го стегна, накратко се зашемети....но продолжи да игра...само за Јунајтед...
На крајот од мечот и фановите им испејаа на гостите од германија...што значи да се БИДЕ ЈУНАЈТЕД !
We will never die ! Беше песната што цел свет ја слушаше!
**************************
Сите сме помалце нервозни, и јас сум !
Но утре покажете ја гордоста, главата горе момци и девојќи, гордо носете го светиот дрес, зошто само Јунајтед може да предизвика олку емоции за олку кратко време!
Јунајтед е повеќе од религија, тоа е култура а ние сме дел од нив.
Поздрав до гордите навивачи !
Да живее Манчестер Јунајтед !