Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Мои оценки

Фостер - 7. Немаше многу голема работа, го одбрана шутот на Крауч во првото и на Џенас во второто.
Евра - 9. Дефинитивно еден од најдобрите леви бекови во светот, секоја утакмица ја игра на највисоко ниво.
Фердинанд - 7. Големо влијание врз сите играчи, солиден во одбраната.
Видич - 7. Премногу стартови врз Крауч и Дефо, и лесно беше совладан од Крауч во првиот гол.
О'Шеј - 6. Немаше многу акции по десната страна, скоро незабележителен во одбраната.
Гигс - 102,3. Фантастичен,феноменален,неверојатен.Нема збор што ќе го опише играчов, 95 минути трчање низ теренот, плус фантастичен гол од слободен, на 36 години!
Флечер - 9. Дефинитивно се гледа во какво играчиште прераснал Флеч, играчот кој пред 2 сезони незнаеше што е шут.Сите натпревари како овој, ги изигра на ниво на првокласен играч од средината, го има насекаде, краде топки, помага во нападот.Што би посакал некој повеќе?
Сколс - 5. Доби црвен картон и воопшто не беше инволвиран во акциите на тимот, едно од најлошите неговите изданија.
Андерсон - 8. Супер издание на Андо, го постигна својот првенец, играше добро целиот натпревар и да се надеваме дека ќе продолжи така.
Бербатов - 6. Изнуди фаул со кој беше постигнат израмнувачкиот гол.Освен тоа го немаше многу на теренот, извиркуван од фановите при секој допир на топката и добра постапка беше на Ферги што го извади.
Руни - 9. Секаде на теренот,инволвиран во секоја можна акција на тимот, даде гол и постојано се закануваше.Сепак можеше да постигне барем уште 1, со оглед на шансите кои ги имаше.

Измени:
Керик - 6. Немаше многу време да смени нешто, добро си ја заврши задачата на средината на теренот.
Нани - 6. Успеа неколку пати во дадените 10 минути да ја задржи топката, имаше една шанса но не успеа да шутне.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Победа на место!
Да не се знаело за пораз:vozbud:
Сега сакам една петарда против Сити и да биде се ОК:):):)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Браво за целата екипа денеска и за маестралната игра посебно во првото полувреме... во второто малку опадна темпото и после црвениот картон на Сколс малку ме фати страв да не не нападнат Тотенхем со сите сили, но и со играч помалку денеска бевме премоќни за Тотенхем... Фостер денеска немаше некоја посебна задача во првото полувреме, но во второто одбрани доста тежок удар на Џенас, денес беше сигурен... Видич одлично го затвори Крауч, додека пак Дефо освен што постигна гол не се ни слушна покрај Фердинанд и О'ши... Евра феноменален како и секој пат... не му дозволи на Ленон денеска да испрати центаршут, а не пак да стори некоја шанса за гол... Флечер фантастичен, можеби најдобриот играч од средниот ред во Манчестер во моментов, Гигс денеска неуморлив, го имаше насекаде, Андерсон исто така неверојатен, посебно во првото полувреме, Сколс стандардно добар, само знаев дека ќе направи некоја глупост за да го исклучат, не му е прв пат... Бербатов првото полувреме одличен, во второто послаб... Руни како и секогаш фантастичен, експлозивен во контра нападите... ајде сега да се насочиме кон настапот во ЛШ против Бешикташ, а потоа и за неделното градско дерби на мегдан со "граѓаните" :vozbud:
 

Lazarov

К.К Струмица
Член од
9 декември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
64
Со малку задоцнение.Нека ни е честито победата на сите.Едноставно сите изиграа ФАНТАСТИЧНО.Мора да продолжиме така.На ред е Манчестер Сити.
Glory Glory Man United ... !!!
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Брилијантно ! Немам зборови. Со еден играч помалку бевме подобри од Тотенхем тоа значи дека за класа сме подобри од нив.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Koнечно игра како што треба од шампионите.Одбраната беше супер,освен кога го примивме голот.Од Флечер сум воодушевен,едноставно секаде го има.И Андерсон и Гигс беа добри,а за Сколс уште на почетокот се гледаше дека не е во форма и мислам дека Ферги ќе го извадеше сигурно,но се случи стартот и тоа е.Сега во вторник,прво во Турција да победиме,па во недела и Сити да падне. :vozbud:
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Честито прекрасна победа ѓаволи, едноставно бев воодушевен од играта посебно во првото полувреме. Иако во прва минута 1:0, сепак толку релаксиран си бев, сигурен дека ќе тепаме гледајќи ги тие прецизни додавања, одземени топки, нафрлени топки, контри. За првото полувреме неам оценки пошто сите беа од добар подобар. Голот на мајсторот = ремек дело, а и Андерсон својата прекрасна партија со максимална борбеност и пожртвуваност ја круниса со убав погодок. Конечно ја свирна :vozbud:. Ве читав погоре, ама за мене Сколс одигра супер (со исклучок на фаулите нормално), ме изненади со брзите реакции и неговите прецизни пасови, како за негови години многу цврсто изигра. Флечер неверојатен, не ми се верува дека го гледам него во секоја акција, Руни и Бербатов одлични, само Берба требаше да даде гол. А овој судијата го утепав од пцуење на почетокот де топка удира, акции ни прекинува, а спротивно Тотенхем контри праат, 100 фаули не свирна, на Бербатов 20 мин. го искосија чист жолт картон, он се прави мутав. Затоа и беа тие негодувања кај нашите фудбалери. Второ полувреме со послабо темпо, но по црвениот картон Спарси беа безопасни, одлично поставена одбрана, како само без паника реагираа иако со играч помалку. И како можеше Руни да даде таков ѕверски гол. Па и шанси други имаше. Многу смешен момент ми беше кога Крањчар излета во аут, се одби како од гума од Андерсон:pos2:, а демек нешто одморен, ќе живне играта со него, хахаха. Крауч ми скурчи со тие мавања со раце, да му е**м макароната, само се буни а на грб им се качуваше на Рио и Видич. Најмногу се плашев секако од Ленон, невероватна брзина и пробиви, ама влезе Хатон и го затвараше до аут линијата:pos2:, па и немаше некои акции од таа страна.

Се повтори одлична игра како со Виган, не може никој да ни сере како сме тепале на среќа, како другите биле подобри, како Руни изглумил пенал и не знам шо друго. Тимот станува се поуигран, се осеќа враќањето на Рио, па го чекам царот ВДС за да почнеме некоја нездрава серија од 15 меча без примен гол :P. Имаме и добра клупа, каков Роналдо, каков Тевез (како шо го гледав Белами шо направи, ќе си седи малку повеќе на клупа). Браво момци за феноменалната игра, да продолжат победите, на ред се Бешикташ, па после и Шити.

Glory Glory Man United!
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Тевез и Робињо ќе го пропуштат мечот со Јунајтед.

Од една страна, штета, баш сакав да го видам Тевез како си оди со наведната глава, а од друга ова се супер вести.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
N

navivacka

Гостин
Најпрвин честитки за победата...одбраната одигра на добро ниво,ама примивме одличен гол-секоја чест на Дефо...Се покажавме дека и без Роналдо и Тевез играме одлично,Руни се гледа дека е лидер на тимот...одличен гол и на Гигс а и честитки за првенчето на Андерсон...нека му се множат,овој гол ке му ја врака самодовербата постепено...инаку жалам за пропуштената шанса на Бербатов а можеше а биде уште висока победата но Кудичини спасуваше некои удари...жал ми е за картонот на Сколс но и без него ке се снајдеме...Флечер одигра на ниво...задоволна сум од играта...

Следна жртва Бешикташ.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во врска со црвениот картон:

I've looked at it twice on the video and I can't see a sending-off in that. I think he was sent off because his name's Paul Scholes."

Изјавиве на Ферги се прајслес.:back:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Море, покажавте денес дека ипак си останувате константни во форма и без Гејчето. Секоја чест, уште го имам мислењето дека вие пак ќе бидете шампиони и оваа година, само напред :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom