Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Ајде честито нека ни е победата по примениот гол почнавме да играме одлично поз
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Честито победа, која искрено ја предосеќав пред натпреварот. Но само што започна мечот, некој како да му удри шлаканица на моето претчувство. Многу несреќен момент за нас, но добро е што не не дестабилизира психички, па така како одминуваа минутите иако губевме мене ми се враќаше самодовербата. Малку за Фостер. Навистина тешко се бранеше тој удар на Дефо, ама не можи Фостер да се однесува како да е на кино оден и да не мрдни воопшто. Но како и минатите натпревари прво се радував што Тотенхем го промашуваа голот, а после и сепак имаше по некоја одбрана од Фостер. Навистина денес шампионски изигравме, впрочем и традицијата не повикува на тоа :), веќе е 5-то коло, време кога Манчестер започнува со убиственото играње и нижење победи. Кога изгубивме од Барнли не дека се радував, далеку од тоа но не ми беше толку тежок поразот, затоа што беше рано 2-ро коло и некако го сватив како дел од традицијата. Но денес, токму сега во овој момент ми е мака, затоа што ќе бевме први на табелата. Сепак да се надеваме дека тоа брзо ќе се случи, бидејќи Челзи не ќе може вечно во 90 и некоја минута да обезбедува по три бода. Но за тоа потоа. Од она што го прочитав после натпреварот, мило ми е што многу фанови почнаја да сваќаат дека јас и некој други (Чомбе и сл.) одамна ве убедувавме но веројатно денес ве убедивме дека ништо не значи отсуството на Роналдо и Тевез. Белки сега ви е јасно дека Манчестер го создаде Роналдо, а не Роналдо Манчестер.

Нема да си трошам зборови за Флечер. Уште пред неколку кола го прогласив за феноменален и незаменлив во средината. Гледам дека денес сите се сложуваме со таа констатација. Флечер треба да игра постојано, не треба да биде дел од ротациите освен кога мора. Денес сакам посебно да го пофалам Андерсон, одамна не сум го видел така добар. Нека му е со среќа првиот гол и нека ги множи. Незнам зошто многу од вас погоре ја искритикувавте играта на Сколс. Сколс е нешто посебно што ретко се раѓа. Феноменален е и не би рекол дека денес не беше во форма. Јас искрено кога игра Сколс, секогаш сум рает на душата :). Можеби за критика е неговото невнимание што не остави многу рано со 10 играчи, но тоа е друго. Но тука се воодушевив од Ферги. Тој веднаш го пополна средниот ред (со Керик), а го намали нападот (со Бербатов). Лесно се одлучи на тоа Ферги бидејќи ние веќе водевме. Во нападот на неколку пати се осети дека фали играч, нормално, но во средината и одбраната воопшто не се забележуваше дека ни фали играч.

Се додека имаме играчи кои вредат за повеќе од еден играч, не треба да се плашиме од црвените картони :). Тоа што фалеше во нападот го надополни ФЕНОМЕНОТ Руни, кој не само што постигна гол, туку можеше и уште неколку други да постигни. Да не ги споменувам сите посебно бидејќи сите беа ОК. Добро е што се комплетира одбраната. Останува уште Ван Дер Сар да се врати и да се комплетира убиствената машинерија :). Да им посакам на играчите пријатни наредни денови, добар одмор, и многу брзо нов успех, уште во Вторник во лигата на шампионите. Нека ни е со среќа враќањето на формата.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Слаби сме без Гејналдо, не не бива, не сум задоволен:toe:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Знаев дека Сколс ќе поцрвене, аееее :(
замисли и јас хахаха
незнам зошо али сум го приметил како шо му минат годините се е понервозен и агресивен
штом го доби првиот жолт одма рекоф или да го мења или ке лета ке има црвен и така бидна

Totenhem -Man United 1-3

напишано на 30 08 2009

македонац 7 се надевам дека уплати точен резсултат
а ии фала за црвенките за постот ама го знам резултатот одамна :smir:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.936
Поени од реакции
23.073
На сите делови од теренот не имаше,секоја чест за Руни и за Гигс одиграа маестрално..Победата ни е сосема заслужена...Наредна цел ни е Сити..
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Сити пага 2-0:smir:

очекувам 2-3 натпревари без примен гол одбраната е комплетна
 
N

navivacka

Гостин
Слаби сме без Гејналдо, не не бива, не сум задоволен:toe:

Без нервози шефе:)добри сме јас мислам,оваа сезона се игра потимски и верувам дека со или без него пак ке освоиме...тој е само обичен играч ништо друго...му благодариме за се ама Јунајтед може и без него а тоа се виде и вчера.

Берба вели дека му било одлично во Тотенхем но дека не можел Манчестер да го одбие :pipi:

http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=d87e60da-9de5-4b27-bdac-6f900289e115&ln=3&typeBack=default
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Браво за победата и секоја пофалба до играчите, да не набројувам сега поединци, генералната слика од тимот мене посебно ме бендиса и сум ептен задоволен од изданието и играта која ја покажаа.

Најдобар натпревар од почетокот на сезоната, дефинитивно. Тоа најмногу се должи на карактерот и лицето што го покажаа и покрај негативата што ја стекнаа уште во првата мин. Домаќините погодија и ја имаа таа почетна иницијатива до кај 10тата мин. а во остатокот од мечот на теренот постоеше само еден тим. Ептен ме бендиса формацијата и тактиката што ја имаше поставено сер Алекс, со тројца во средината + Гигс кој дејствуваше нешто поофанзивно по левата страна. Бргу се созедоа по примениот гол, не паднаа во ниеден момент, наметнаа иницијатива, го притиснаа Тотенхем и дојдоа до пресврт уште во првиот дел. Продолжението беше лошо, Пол заработи набрзина 2 ж. картони (доста неискусно од негова, нешто што му се има и предходно дешавано), а имаше уште пола саат да се игра. Е тие пола саат ми направија најмн. ќееф, пошто Јунајтед не падна и не се повлече да ги брани тие 1-2. САФ направи одличен потег со вадењето на Берба и влегувањето на Керик, со што се пополни дупката во средината .. А како резултат на добрата игра дојде и последниот гол за 1-3, 5ти гол на Руни оваа сезона. Права мајсторија од негова страна, успеа најпрвин одлично да ја прими топката, па потоа се протна крај двајца дефанзивци на домаќините и му даде гол на Кудичини меѓу нозе ..

Браво ЦАРЕВИ, само напред во исто темпо !!!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Се убаво само лошо што по секоја победа или пораз го спомнувате роналдо.
После победа:Се виде дека можеме и без него
После пораз:Ах да го имавме сега роналдо немаше да биде вака :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom