Еве нешто и ја да искоментирам, вчера бев нервозен ама тоа е тоа, нема враќање назад... и заслужена победа на Барса... добар почеток, агресивна, динамична игра од страна на Јунајтед, но по грешката на Керик и Видич целиот тек на натпреварот се сврте во корист на Барса... тогаш Барса ја презема иницијативата, а Манчестер пробуваше нешто ама безуспешно... околу судењето не коментирам бидејќи беше најкоректно како што доликува за едно големо финале помеѓу две најдобри екипи... По постигнатиот гол Барса си постави своја игра, Манчестер се отвори и Барса напаѓаше само од контри... оваа година срушивме многу традиции, но оваа последната и најважната неможевме... кога ни беа најпотребни победи (против Ливерпул и сега во финалето) тогаш имаме слаб ден и тогаш целиот тим изгледа незаинтересирано и кога ќе се погледне, овие натпревари на некој начин ги "решаваше" Видич... кога ќе се погледне фактот дека во последните неколку години сите шампиони не го поминале 1/8 финалето, тогаш и ова е успех бидејќи како Шампиони пак игравме финале... бидејќи скоро сите беа очајни вчера, можам само да ги издвојам Рио, Евра, Роналдо и Тевез како подобри... јас сепак сум многу задоволен од оваа сезона, освоивме 4 трофеи, игравме едно полуфинале и едно финале и што е многу битно се израмнивме со трофеите со Ливерпул што беше и цел на Ферги пред почетокот на сезоната... уште еднаш заслужена победа на Барса :smir: