Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
N

navivacka

Гостин
Сите очекувавме повеке од Манчестер а видовме толку малку,сепак велите дека е успех и финале,точно е ама можевме да станеме првиот клуб кој ја одбранил титулата...а тоа не е сеедно...Ферги можеби згреши со формацијата,ученикот го надмудри учителот...сепак овие титули што ги освоивме ни се како утеха...повеке срека наредната година.
 
K

kaiser soze

Гостин
Честитки за заслужената победа на Барселона,колку и таа да ни е болна.Сепак тие беа подобриот тим синоќа и заслужено победија,тоа мора да се признае.
За натпреварот што да се каже,во почетокот тотална доминација,потоа грешка на одбраната и рано примен гол,а понатаму следуваше оноа што средниот ред на каталонците најдобро го знае,односно задржување во посед на топката и повремени опасни напади.Тоа што беше одлика на Јунајтед оваа сезона,писхолошкото враќање после пораз или негатива овој натпревар не се случи.Средниот ред беше инфериорен,неинвентивен,апсолутно надигран од тој на Барса.Податокот што Фердинанд имал најмногу точни додавања доволно зборува.Некој ќе рече дека тактички не била добра поставена играта на Јунајтед,но за мене вчерашниот натпревар беше само лош ден за нас,кој се случи во најлошиот можен момент.
Како и да е,Јунајтед е голем тим,институција,кој секогаш знаел да се врати по големи порази,макар тие да биле и во финале.Немам сомнение дека така ќе биде и овојпат,а се надевам и дека наредната сезона ќе биде уште потрофејна за нас.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
3
А1:
Роналдо: Фергусон ја згреши тактиката

Португалскиот ас од Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо го обвини својот искусен менаџер Сер Алекс Фергусон за погрешниот пристап во тактичкиот дел на натпреварот со Барселона, во Лигата на шампиони.

„Црвените Ѓаволи“ беа поразени во финалето во Рим од шпанската „машина за голови“ - Барса со 2:0, а стрелци на головите беа Ето и Меси.

„Ние воопшто не бевме добри. Тактиката беше лоша и се појде во погрешна насока за нас. Бевме фуриозни во првите 10 минути, а потоа потонавме“, изјави К. Роналдо веднаш по натпреварот.

Фергусон пак го изрази своето незадоволство од дефанзивната линија и директно ги обвини играчите за неуспехот.

„Целата наша игра во изминативе сезона беше градена на цврстата одбрана, но тоа беа многу лесни голови за да се прифатат. Не игравме на нивото“, вели искусниот шкотски стратег.

Сер Алекс додаде дека од некои индивидуи е целосно разочаран од пристапот кон важноста на натпреварот и дека ова нема да го толерира никогаш повеќе.

„Беше разочарувачки како одигравме и некои поедници го знаат тоа и самите. Со овој тим едноставно мораше да одиграме многу подобро“, додава Фергусон во разочарувачки тон.

„Ова беше 66-от натпревар за нас во оваа сезона и мора да кажам дека играчите покажаа голема храброст. Победивме во многу големи натпревари, но вечерва едноставно не бевме на победничко ниво“, ги храбреше Сер Алекс Фергусон своите играчи.
Генерално и двајцата се во право, ама се прашувам дали Роналдо сака намерно да го повлече гневот на Ферги со оваа изјава? :toe:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.139
Поени од реакции
1.743
А1:
Генерално и двајцата се во право, ама се прашувам дали Роналдо сака намерно да го повлече гневот на Ферги со оваа изјава? :toe:
Ако ова е точно ја сум Џек Бауер.Еве ја изјавата на Роналдо

Еве уште неколку:



 
N

navivacka

Гостин
Искрено кажано во право е Кристиано,незнам како му текна на Ферги баш таа тактика за ваков голем меч?цела сезона игравме со одлична тактика а баш сега да ја утнеме.
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Ајде и ја да уфрлам по некој коментар (како навивач на МанЈу).

Да почнеме од самиот почеток и составот кој беше многу погрешно одбран. Знам дека мораше некако да се покрие отсуството на Флечер, ама да го ставиш Андерсон во прва, а Сколс на клупа во финале на ЛШ.... неее! :nesum:

Дека ги пресече рано примениот гол, да... ама сепак неможе тоа да биде алиби за најлошата игра на МанЈу во последниве 4-5 години. Едноставно неможе да се одвои некој од играчите и да се рече “Еве, овој изигра солидно!“, сите беа изгубени на теренот.

Ван дер Сар дели топки по публика,
Видич и Фердинанд - два кикса, два гола (еееј, помеѓу такви двајца високи играчи, скокачи... еден Меси да даде гол со глава???),
Евра остава простор на лева страна а нигде го нема во напад,
Роналдо го искрши Пујол од мавање и си играше само за себе,
Гигс и Парк (мојот омилен играч од МанЈу) не знаат да подадат/примат топка,
Андерсон... рачунај играч помалку со него бевме, не постоеше на терен...
Руни - бунар за топки, секоја што ја доби успеа да ја изгуби.

Тевез, мува без глава... незнаеше каде да се постави... се враќа назад да помогне во одбрана, незнае кај да се сврти.
Бербатов, мислам дека Верон во 2002-2003 е подобар трансфер од него.
Сколс, излезе на терен и доби жолт картон... толку!

Барса од друга страна, секоја чест. Но неможам да кажам и да прифатам некој да ми каже дека играа напаѓачки фудбал, повеке ми личеше на Челзи од полуфиналето со малце повеќе шанси, причина за тоа е дека не беа толку јаки, колку што МанЈу беше слаб.

Али како и да е, јас и тогаш за Челзи реков - ке речам и сеа, што носи резултати - така играј. Гвардиола е уште млад, и се гледа дека научил нешто од тој двомеч со Хидинк и само малце го модифицирал за да одговара на Барса. На крајот на краиштата, а што да се очекува во финале на ЛШ??? Да продолжат камикази напади откако веќе водиш 1:0?

Колку што Фергусон ја погреши тактиката, толку Гвардиола ја погоди. Само погледнете или сетете се на центарот на теренот. Секогаш или Иниеста или Чави беа слободни да примат топка, а Манчестер ке добие топка и сите стојат во место, никој не се отвара... така не се игра фудбал! Тука се осети отсуството и значењето на Флечер.

Како и да е, честитки за Барса. Позаслужено неможе да биде, ги искористија слабостите и пропустите на МанЈу, што на тактички толку и на физички план.

Јас и понатаму останувам верен на Манчестер. Откако почнав да гледам фудбал навивам само за два тима, а еден од нив е тимот од Олд Трафорд.

Се случуваат вакви натпревари кога едноставно ништо не е како што треба, штета што се погоди тоа да биде баш финале на ЛШ.

Тоа е тоа... :toe:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Навивач на Манчестер убил четири навивачи на Барселона

Навивач на Манчестер Јунајтед од Нигерија убил четири лица по завршувањето на синоќешниот натпревар во Лигата на Шампионите помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. Навивачот Порт Харцоурт, со минибус залетан удрил во група навивачи на Барселона од причина што неговиот клуб изгубил, објави полицијата по натпреварот.
Поголема група во градот Огба ја славеле победата на Барселона по завршувањето на натпреварот кога со минибусот се залетал и удрил во толпата навивачи. Четворица од навивачите починале, а шест се здобиени со полесни повреди. Разлутениот возач е уапсен од страна на полицијата.
“Возачот не пројде првиот пат по што направи круг се залета и удри во толпата навивачи“, изјави очевидец на немилиот настан.




Вејн Руни: Иниеста е најдобриот играч на светот

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, иако разочаран од поразот во финалето од Лигата на шампионите не ги штедеше пофалните зборови за играчите на Барселона. Вејн Руни пред неговиот соиграч Роналдо и играчот на Барселона, Меси стави друг играч како предводник фаворит за најдобар играч.
“Андрес Иниеста за мене е најдобриот играч на светот. Тој е неверојатен. Барселона има одличен тим, но предводник е Иниеста тој е магионичар со топката и знае да ја казни секоја грешка на противникот, како што беше и на натпреваров против нас, но ние сме млада екипа па се надевам дека следната сезона ќе стигнеме до врвот“ изјави Руни.
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Титулата од ЛШ ни избега,сега здравје следната сезона...И оваа сезона беше супер...Само за финалево нешто Фергусон ја згреши тактиката.Требаше напад Руни,Тевез и Бербатов,средина Роналдо,Гигс и Фердинанд а одбрана стандардните најјаки и најдобри за одбрана.А не Парк го стави со Роналдо и Руни напад еј ццц...Како што кажав (погоре) требаше ако не одпочеток после првиот гол(или на полувреме) одма да ги стави Бербатов и Тевез...Тоа е.УЕФА сакаше Барса и Барса победи нормално местено дојдоа до Финале...Ајде да бидеме задоволни и со тоа што го имаме.
:salut: Позз и повеќе среќа и титули наредната сезона:)
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Конечно и јас да напишам нешто...

Барса ја наметна својата игра како многупати досега...незнам вчера што се случуваше со Манчестер ама знам дека не е оној на кој сме навикнати,една акција не можеа да сврзат...дали тоа синока беше Гигс:uvo:Андерсон оваа сезона имаше добри настапи ама синока:tapp:

Сите топки ги губевме а Барса го искористи тоа...
Дали УЕФА сакала шпанска екипа да победи и со обид да спречи англиска доминација нема да се дознае никогаш...сепак Барселона свака им част не надиграа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.952
Поени од реакции
11.790
Ван дер Сар дели топки по публика,
Братче, секој има лош ден...ама да не беше ВДС ќе примевме уште 3-4 плус, ќе беше дебакл..сепак Риспект за стариот!
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Сите очекувавме повеке од Манчестер а видовме толку малку,сепак велите дека е успех и финале,точно е ама можевме да станеме првиот клуб кој ја одбранил титулата...а тоа не е сеедно...Ферги можеби згреши со формацијата,ученикот го надмудри учителот...сепак овие титули што ги освоивме ни се како утеха...повеке срека наредната година.


Точно дека не е сеедно, ама тоа е финале и МОРАШЕ една екипа да победи, а во овој случај тоа не беше нашиот Манчестер Јунајтед... не треба да очајуваме, бидејќи сите знаеме дека Барса заслужено си победи вчера, без помош на судии... но ние сме со Манчестер и во пораз и во победа и мораме да бидеме задоволни, бидејќи оваа година момците не' израдуваа 4 пати, но немаа сили и по 5-ти пат да не' израдуваат... Манчестер има млади фудбалери кои уште сега имаат доста искуство во своите нози и заедно со постарите и многу поискусни фудбалери ќе оди на освојување на трофеи и наредните години, а ние и понатаму ќе се радуваме на нивните успеси...:helou:

Братче, секој има лош ден...ама да не беше ВДС ќе примевме уште 3-4 плус, ќе беше дебакл..сепак Риспект за стариот!

Точно така... се гледаше несигурноста во неговите интервенции и додавања, но да не беше тој ќе примивме уште 2 гола сигурно...

П.С. кој сака да го гледа вчерашното финале има снимка на МТВ1
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Точно дека не е сеедно, ама тоа е финале и МОРАШЕ една екипа да победи, а во овој случај тоа не беше нашиот Манчестер Јунајтед... не треба да очајуваме, бидејќи сите знаеме дека Барса заслужено си победи вчера, без помош на судии... но ние сме со Манчестер и во пораз и во победа и мораме да бидеме задоволни, бидејќи оваа година момците не' израдуваа 4 пати, но немаа сили и по 5-ти пат да не' израдуваат... Манчестер има млади фудбалери кои уште сега имаат доста искуство во своите нози и заедно со постарите и многу поискусни фудбалери ќе оди на освојување на трофеи и наредните години, а ние и понатаму ќе се радуваме на нивните успеси...:helou:




Точно така... се гледаше несигурноста во неговите интервенции и додавања, но да не беше тој ќе примивме уште 2 гола сигурно...

П.С. кој сака да го гледа вчерашното финале има снимка на МТВ1
Брат не заебавај ова требаше да го пишеш на фан клуб барселона :pos2::pos2:. Мала шала.:helou:
 
N

navivacka

Гостин
П.С. кој сака да го гледа вчерашното финале има снимка на МТВ1
Јас вчера не го догледав,после голот на Меси исклучив а ти ми викаш снимка...нема шанси.

ВДС разочаран
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=293c0950-692b-408b-b734-dc3bc8ad99bd&ln=3&typeBack=default

И ние сме разочарано а којзнае како ви е вам:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom