Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
така..секој со свој вкус...И ЈАС НИКАДЕ НЕ ГО СПОМНАВ РЕАЛ МАДРИД...и јас имам симпатии кон манчестер ...го засакав поради видиќ и роналдо..И НЕ МИ ОДИТЕ КОНТРА ...туку разговарајте како луѓе...ЗБОРУВАМЕ ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД...а не за реал мадрид вс манчестер
Па сите кажуваме дека навиваме за Јунајтед и дека нам ни се допаѓа таа политика како и историјата на клубот и затоа сме негови поддржувачи и симпатизери.
Ти овде поставуваш прашања што повеќе сакаме и затоа ти даваме компарација за да ти стане малку појасно што мислиме!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Jaс можно е да дојдам, најверојатно ќе се ослободам од тренинг, ќе се видиме таму :helou:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
За Манчестер навивам од 97 година. Сите викаат дека денешниве навивачи на Јунајтед навиваат за клубот само дека во времето кога тие започнале да следат фудбал Јунајтед владеел со Англија и Европа. Можеби за некои ова е точно ама за мене не е ни најмалку. Јас кога почнав да навивам за клубот немав појма ни за историјата на клубот, ни колку титули има (што во тоа време и не беа во број како сега), ни за ФА Куп или па Карлинг или Лига Куп. Само знаев дека е еден од поуспешните клубови во Англија.

Така да еден период следев натпревари на клубот чисто онака да видам што ќе направат, дали ќе победат и како ќе изиграат. И така и беше на почетокот, ама со тек на време бев се помалку и помалку индиферентен и после месец-два веќе побарав и дрес и од кога го купив првиот дрес и шал веќе немаше враќање за мене :vozbud: :pos2:

За овој период од кога сум фан на клубот сум преживеал и многу радости и невидени моменти ама и сум бил сведок на многу тажни е несреќни моменти ама нејсе. Поентата ми е дека ми е мило што сум навивач баш на овој клуб и тоа што го имам доживеано со овој клуб немаше и нема да го доживеам ако бев фан на ниеден друг клуб освен на Јунајтед, без разлика колку тој клуб е поуспешен и со повеќе титули од нас.

Јунајтед е класа, без разлика кој што ќе каже секогаш ќе биде барем со нешто поразличен од другите и малку над сите, ако не во моментална форма или играчки кадар, тогаш со она што им го нуди на навивачите а ние најубаво знаеме за што зборам. Затоа јас секогаш велам дека United is the greatest club in the world, не затоа таа година сме освоиле некоја титула или сме биле доминантни туку затоа што клубот го поседува оној мал детал, мало нешто што прави огромна разлика, барем за нас фановите на оваа екипа.

GLORY GLORY MAN UNITED
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
^ Браво бе друже, обично сите одма почнуваат да вадат истории, демек навиваат ради историјата. Се навива за тоа како ти се свиѓа играта на почетокот кога си почнал да гледаш. Сигурно не седнал некој на форумов да ги чита историите на сите клубови, па да реши за кој ќе навива...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.603
Поени од реакции
6.384
Ме фати мерак и јас да пишам за своите почетоци како фан на ЈУНАЈТЕД :vozbud:

Значи вака:Беше 1999 година декември.Бев забавиште и ни стигнаа новогодишни пакети кој беа дојдени од други држави.Ми се погоди пакет на 4 годишен навивач на манчестер. :vozbud: Со оглед дека од фудбалот не знаев тотално ништо (го знаев само роналдо-феномено) решив да почнам да навивам за Манчестер (првиот тим за кој слушнав).Почнав да ги гледам 1-2 месечно и ми го заробија срцето.Од тогаш до ден денес ниту еден момент,миг,дел од секундата не сум помислил да навивам за друг тим :back:
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Jaс можно е да дојдам, најверојатно ќе се ослободам од тренинг, ќе се видиме таму :helou:
Џену доваѓај !!!:uvo:
Сите шо можете обавезно у Шенклис у недела -.- да ве видам!!!
-а не само на дербиња :salut:
 

ViktorRedDEvil

Red Army
Член од
10 октомври 2009
Мислења
383
Поени од реакции
8
jas pak navivam od 2002 godina bev cetvrto oddelenie i sakav tatkomi da mi kupi dres zasto site vo maloto igraa fudbal. I taka tatko mi mi go kupi dresot so broj 20 od man utd solsker i taka pocnav da navivam za man. Inaku togas pocnav da pratam fudbal na TV.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Ме фати мерак и јас да пишам за своите почетоци како фан на ЈУНАЈТЕД :vozbud:

Значи вака:Беше 1999 година декември.Бев забавиште и ни стигнаа новогодишни пакети кој беа дојдени од други држави.Ми се погоди пакет на 4 годишен навивач на манчестер. :vozbud: Со оглед дека од фудбалот не знаев тотално ништо (го знаев само роналдо-феномено) решив да почнам да навивам за Манчестер (првиот тим за кој слушнав).Почнав да ги гледам 1-2 месечно и ми го заробија срцето.Од тогаш до ден денес ниту еден момент,миг,дел од секундата не сум помислил да навивам за друг тим :back:
Друже, на исти начин и јас почнах да навивам за МЈ, ваљда и истата година, јас второ одд 8 год. првите пакети од странство, мојот беше од 6годишно дете Џошуа Танг (личе на црно кинезче, незнам, мош некој мелезак, оште ми стое сликичката од него) и у пакетчето имаше зимска капа со натпис Red Devils и United (оште си га чувам и носам), и од тогај почнах да се интересирам за МЈ, и тва време ми беше омилен играч Гигс, сеќавам се у класо сите си имааме имиња од МЈ, сколс,бат,бекам,смит,невил, јас бех гигс :wink:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
^ Браво бе друже, обично сите одма почнуваат да вадат истории, демек навиваат ради историјата. Се навива за тоа како ти се свиѓа играта на почетокот кога си почнал да гледаш. Сигурно не седнал некој на форумов да ги чита историите на сите клубови, па да реши за кој ќе навива...
Ова ти е еден вид оправдување, бидејќи навиваш за Челзи од 2004 :):):)

Ајде кога веќе почнавте со тоа кој од кога навива... да кажам и јас збор-два за почетокот на мојата приврзаност кон екипата од црвениот дел на Манчестер :)

Јас навивам за Јунајтед од 1997/98 година и до сега не сум помислил да навивам за друг тим, освен Партизан Белград :wink:... не дека сум знаел за истории или за титули, и јас како и повеќемината од вас, почнав да гледам фудбал тоа време и ги изгледав Јунајтед неколку натпревари во серија, а и татко ми е страствен навивач на Јунајтед, така и јас ги засакав и од тогаш навака ретко да сум испуштил натпревар или да не памтам некој освоен трофеј, играч, резултат, гол итн... значи скоро се што е поврзано со клубот го знам... сум се радувал на победи, трофеи... сум бил разочаран од поразите (највеќе после поразот од Реал Мадрид во 2003... и испаѓањето од ЛШ од групите 2006)... но, засекогаш сум останувал и засекогаш ќе останам ЦРВЕН ЃАВОЛ... :smir:
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Ова ти е еден вид оправдување, бидејќи навиваш за Челзи од 2004 :):):)
Не бе друже, грешка си, навивам од поодамна. Особено од оние убави 5-0 против Вас! А да Ве прашам, зошто не би навивал за Челзи од пред 2004? Кој ќе даде точен одговор, ќе го частам што сака!
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
ок ..како ти кажеш....ГЛЕДАМ СЕ УТЕПАВТЕ ОД КУПУВАЊЕ ИГРАЧИ...само шпекулираат по весници..за виља толку за силва толку ..ова оона...и од тоа ти гледаш дека фергусон има пари за трошенње ?
Добро бе типче, кој рече дека МОРА да се купува играч? Алфа и омега во Јунајтед е Фергусон, и тој е тој кој што кажува како ќе продолжи тимот. Дали според тебе тоа значи дека нема Ферги пари на располагање? Не биди смешен, или ќе ми кажеш дека не знаеш како функционира Јунајтед. т.е гледаш фудбал од лани? Остај ти весниците, едно време шпекулираа дека еден од "најдобрите" ваши играчи Мичел Салгадо :pos2:, ќе дојде во Манчестер, да ги собира топките позади голот...ама не дојде...Финтата е со според вас "ослабен Манчестер" пак да плескаме, а ако земаме Виља, Силва, нема да е интересно, ќе плачете сите, иако плативте 250 или колку беа таму милиони, а не сте ништо посебно. Сега разбираш?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
ок ..како ти кажеш....ГЛЕДАМ СЕ УТЕПАВТЕ ОД КУПУВАЊЕ ИГРАЧИ...само шпекулираат по весници..за виља толку за силва толку ..ова оона...и од тоа ти гледаш дека фергусон има пари за трошенње ?
Ај фан на Реал Задрид си, па те сфаќаме за купувањето играчи... Штета што и со купување на најголемите ѕвезди нема да освоите шпанско или ЛШ, ипак, не си ти крив. :(
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Џену доваѓај !!!:uvo:
Сите шо можете обавезно у Шенклис у недела -.- да ве видам!!!
-а не само на дербиња :salut:
Момци, абе многу време сакам да дојдам, ама стално полагав нешто. Сега конечно планирам, само некој да ми објаснеше (пп), каде точно точно се наоѓа Шенклис, и ќе најдам ли некој од фан клубот :), пошто никој не познавам, а највероватно сам ќе дојдам. Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom