За Манчестер навивам од 97 година. Сите викаат дека денешниве навивачи на Јунајтед навиваат за клубот само дека во времето кога тие започнале да следат фудбал Јунајтед владеел со Англија и Европа. Можеби за некои ова е точно ама за мене не е ни најмалку. Јас кога почнав да навивам за клубот немав појма ни за историјата на клубот, ни колку титули има (што во тоа време и не беа во број како сега), ни за ФА Куп или па Карлинг или Лига Куп. Само знаев дека е еден од поуспешните клубови во Англија.
Така да еден период следев натпревари на клубот чисто онака да видам што ќе направат, дали ќе победат и како ќе изиграат. И така и беше на почетокот, ама со тек на време бев се помалку и помалку индиферентен и после месец-два веќе побарав и дрес и од кога го купив првиот дрес и шал веќе немаше враќање за мене
:pos2:
За овој период од кога сум фан на клубот сум преживеал и многу радости и невидени моменти ама и сум бил сведок на многу тажни е несреќни моменти ама нејсе. Поентата ми е дека ми е мило што сум навивач баш на овој клуб и тоа што го имам доживеано со овој клуб немаше и нема да го доживеам ако бев фан на ниеден друг клуб освен на Јунајтед, без разлика колку тој клуб е поуспешен и со повеќе титули од нас.
Јунајтед е класа, без разлика кој што ќе каже секогаш ќе биде барем со нешто поразличен од другите и малку над сите, ако не во моментална форма или играчки кадар, тогаш со она што им го нуди на навивачите а ние најубаво знаеме за што зборам. Затоа јас секогаш велам дека United is the greatest club in the world, не затоа таа година сме освоиле некоја титула или сме биле доминантни туку затоа што клубот го поседува оној мал детал, мало нешто што прави огромна разлика, барем за нас фановите на оваа екипа.
GLORY GLORY MAN UNITED