Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.514
Поени од реакции
6.164
Welcome back :icon_lol:

Одличен натпревар,браво за Флечер,Валенсија немам зборови за него,едноставно се снаога иако беше на моменти себичен.
За Ферги што се чудете,знаеме дека ретко купува во тој преоден рок,се врака Харго,доага Љаик...:toe:

Ми недостигавте друштво:back:
Welcome back навивачка,мило ми е што повторно ке бидеш со нас :smir:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.359
Поени од реакции
4.882
За засилувања оставете го Ферги да си мисли! Тој е менаџер и тој знае дали се потребни или не нови играчи! И да знаете ова доста многу им помага на сите играчи кога ќе се речи нема нови трансфери,психички ги зајачва бидејќи знаат дека местото им е зачувано во клубот и ќе играат подобро! Сега најважно е да се победат сите наредни утакмици и да се чека Челзи да киксни! Позз Ѓаоли!:helou:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.457
Поени од реакции
419
Не иде едно без друго:nesum:
Зошто да не иде? Имаме добар состав, имаме по двајца добри играчи на сите позиции, ако се купува нешто, само ќе се натрупат играчи во екипата и ќе нема место за помладите да добиваат шанса. Така ги изгубивме и Роси и Пике... Нема потреба од купување, барем не зимава. Не сме ние екипа која купува ѕвезди, нашите ѕвезди ние си ги правиме. :)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.658
Поени од реакции
9.241
Зошто да не иде? Имаме добар состав, имаме по двајца добри играчи на сите позиции, ако се купува нешто, само ќе се натрупат играчи во екипата и ќе нема место за помладите да добиваат шанса. Така ги изгубивме и Роси и Пике... Нема потреба од купување, барем не зимава. Не сме ние екипа која купува ѕвезди, нашите ѕвезди ние си ги правиме. :)
Плус доаѓаат Љајиќ и Диуф во Јануари...
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Харгријвс исто така се враќа, Обертан полека ќе влези во форма, што значи дека имаме добар состав. Само сега треба да победиме се до Нова Година. :smir::smir:
 

navivacka

mistique girl
Член од
22 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
2
Hargo se vraka no citav deka Fergi nema da rizikuva so nego.

Izvinete za latinicata no ne pisuvam od doma:tapp:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222

ViktorRedDEvil

Red Army
Член од
10 октомври 2009
Мислења
383
Поени од реакции
8
Манчестер Јунајтед - Ипсвич 9-0 (Март 1995)
Ова е највисоката победа во Премиер Лигата, Манчестер стигна до неа благодарение на петте погодоци на Енди Кол, двата на Марк Хјуз и по еден на Пол Инс и Рој Кин. Кол со ова стана првиот играч во Премиер Лигата кој постигнал пет погодоци на еден натпревар. Интересното за оваа сезона е што и покрај овој рекорд црвените ѓаволи не успеваат да ја освојат шампионската круна.

Тотенхем - Виган 9-1 (Ноември 2009)
Интересното при победата на Тотенхем е што девет од десетте погодоци се постигнати во вториот дел, а Џермејн Дефо стана првиот играч во Премиер Лигата што постигна пет погодоци за само едно полувреме.

Њу Касл - Шефилд 8-0 (Септември 1999)
Најголемиот голгетер во историјата на Премиер Лигата Алан Ширер е голема ѕвезда во овој натпревар, постигнувајќи пет погодоци од кој 2 од пенал.

Нотингем - Манчестер Јунајтед 1-8 (Февруари 1999)
Уште еден натпревар за паметење во 1999 година. Манчестер Јунајтед сруши уште еден рекорд забележувајќи ја највисоката победа како гостин во историјата на Премиер Лигата.

Миделсборо - Манчестер Сити 8-1 (Мај 2008)
Катастрофа на Манчестер Сити во последното коло од првенството. Првото полувреме заврши само со 2 погодоци во мрежата на гостите а во второто граѓаните од Манчестер доживеаа вистинска катастрофа.

Арсенал - Евертон 7-0 (Мај 2005)
Во последниот натпревар на домашен терен за сезоната топџиите постигнаа фантастична победа во која гол постигнаа дури шест играчи. Тоа беа Роберт Пирес, Беркамп, Ван Перси, Виеира, Фламини и Еду.

Блекбурн - Нотингем 7-0
Во двата натпревари против Нотингем тимот на Блекбурн постигна вкупно 12 погодоци. Алан Ширер забележа хет-трик а останатите погодоци ги постигнаа Мајк Ноуел, Грем Ло Со, Ларс Бохинен.

Манчестер Јунајтед - Барнли 7-0
Повторно Манчестер Јунајтед и повторно Енди Кол кој овој пат постигна само хет трик. Останатите погодоци ги постигнаа Гигс, Сколс и Поборски.

Арсенал - Миделсборо 7-0
Втора победа со ист резултат за Арсенал во период од осум месеци.Три погодоци на Тиери Анри и по еден на Пирес, Сендерос, Силва и Хлеб ја носат победата на топџиите.

Шефилд - Нотингем 1-7
Уште една висока победа за гостинска екипа во Премиер Лигата овој пат од Нотингм Форес кој на крајот од сезоната изненадувачки заврши на третата позиција.

Портсмут - Ридинк 7-4
Овој натпревар го ставаме како бонус, не затоа што е со највисока разлика туку затоа што е натпревар во кој се постигнати најмногу погодоци во Премиер Лигата.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Прво, оваа вест е од News of the World, или во превод најшпекулантскиот медиум во Британија, кој се ќе стори за зголемување на читаноста, така да сите статии од таму кои немаат ниту еден цитат од било која од инволвираните страни ја ги третирам за глупост и чиста шпекулација. Второ, Видиќ сам изјави дека му е убаво во Манчестер и не сака да замине (мада истото и Роналдо го кажа), ама јас верувам дека за разлика од Роналдо, Видиќ е многу полојален играч и јас него го сметам за TRUE RED (се надевам нема да ме демантира). И трето Видиќ и тоа како заслужува зголемување на платата на истото рамниште со Рио.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
И ја исто не верувам дека Видиќ ќе замине. Нормално дека заслужува зголемување на платата што мислам и дека ќе го добие. Тој е вистински Ѓавол и нема што да се плашиме дека би можел да замине, зошто сепак тоа нема да се случи. :icon_razz:icon_razz
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Единствената слика од тренингот пред 15 минути



Ги нема ВДС,Рио,О'Шеј,Еванс,Невил и Фабио.Харгривс тренира сам,првите 5-10 минути само трчање, сега почнал и со долги топки заедно со еден од тренерите.Околу 2 саат ќе има прес со Ферги каде официјално ќе каже кој колку е спремен за Бешикташ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom