Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
N

navivacka

Гостин
Морам да ги прашам сите тие скептици, кои кажуваа по форумов и јадеа трици за Бербатов, дека не е за голем клуб како Јунајтед, дека нема да се снајде, дека многу пари потрошил Ферги за него, што сега мислат за БЕРБАТОВ?
Човекот како одминува сезонава, се повеќе и повеќе ме убедува дека е нешто најдобро што можеше да посака Јунајтед оваа сезона. Вистинско освежување во нападот, висок и корпулентен, дава голови и проигрува.
Па што сакаат повеќе злобниците, да дава по 5 гола на натпревар?
Убаво рече Ферги, мило ми е што Бербатов не размислува само за противничкиот гол, размислува и да проигра некој од соиграчите ако е во поповолна позиција.

Едно големо браво за БЕРБАТОВ, засега го заслужува секој цент што клубот го плати за него:wink:

Абе јас што зборев претходните страници...такви ги имало и секогаш ке ги има...Димче влегува во форма,тоа е најважно...Роналдо после толку време постигна 2 гола и тоа е за вракање на самодовербата...кога ја видам табелата не ми се верува дека А Вила исто така се бори за титулата сега за сега ама кога и да е ке паднат...Головите се супер,се надевам дека и понатаму ке ги полниме мрежите вака.
 
__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
И јас сакам да ги видам,да слушнам што има да изјават,сега се кријат не знаат што да кажат веке...Бербатов ги оправдува парите што беа дадени иако на почетокот некои од нас искрено мислевме дека нема да го биде ама се докажа сега за сега...Колку голови има Видич дадено ова сезона?освен што е одбрана влегува и во некој голгетерски ритам иако одбранбените играчи дават ретко голови...ова сезона сите сакат да ја земат титулата некако па дури и Вила...не ми се верува кога ја видам табелата,малку ми е чудно да ги гледам на 3 позиција и тоа со 47 бода:vozbud:...еден пост горе прочитав за тоа дека Ливерпул се најтрофејни...па што дека...ништо не е недостижливо,како што го срушивме рекордот за неприман гол така можеме и да се израмнеме со бројот на титули со Лузерпул и цврсто сум убедена дека ова сезона ке биде така а веке и наредната да ги одминеме па зашто да не...
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207

За овие горе болдираниве имам да прокоментирам и јас. Берба почнува да оправдува ама уште треба да чекаме да се додокаже. Сепак долго се чекаше да се активира чоекот треба да надокнади за тоа. Ама ако сеа за сеа добар е и нека продолжи.
За вила немам нешто поеќе да кажам зошто не ме зачудува. Ем што имаат добар тренер и плус ова е англиско. Не е како другине шупски лиги кај што уште на почеток се знае кој ќе се натпреварува за титула кој за испаѓање. Во англиско се бори до последна минута. Еден најсвеж пример е Евертон кај Ливерпул, не очекуваа и се заебаа Ливепул.
За трофејност да Ливерпул е најтрофеен немам проблем им давам рака за тоа. Ама ако се потсетам последната титула била од пред 20 и кусур години. Епа ние и оваа година да освоиме и ние сме најтрофејни, барем ние сме си активни со освојување, тоа тие што не можат не е наш проблем. Па и да ги надминеме со трофеи и слично не е некоја голема разлика. Еве ги пред нас се во тоа ама пак ние сме шампиони на англија европа и светот. Ако тоа не докажува кој е појак не знам што. Бидејќи колку што се сеќавам и Нотингем Форест имаат освоено лига на шампиони па сеа не се ни во прва. Колку си освоил е за минато да гледаме сега што правиме и како ќе направиме.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.824
Поени од реакции
22.868
Искрено не очекував ваков резултат....Бербатов можам да речам конечно во форма го замени Руни во потполна смисла на зборот тоа и се очекува од него ... Секоја чест за срушениот рекорд на Челзи ...Во моментот сме најдобри .Браво....
 
N

navivacka

Гостин
За овие горе болдираниве имам да прокоментирам и јас. Берба почнува да оправдува ама уште треба да чекаме да се додокаже. Сепак долго се чекаше да се активира чоекот треба да надокнади за тоа. Ама ако сеа за сеа добар е и нека продолжи.
За вила немам нешто поеќе да кажам зошто не ме зачудува. Ем што имаат добар тренер и плус ова е англиско. Не е како другине шупски лиги кај што уште на почеток се знае кој ќе се натпреварува за титула кој за испаѓање. Во англиско се бори до последна минута. Еден најсвеж пример е Евертон кај Ливерпул, не очекуваа и се заебаа Ливепул.
За трофејност да Ливерпул е најтрофеен немам проблем им давам рака за тоа. Ама ако се потсетам последната титула била од пред 20 и кусур години. Епа ние и оваа година да освоиме и ние сме најтрофејни, барем ние сме си активни со освојување, тоа тие што не можат не е наш проблем. Па и да ги надминеме со трофеи и слично не е некоја голема разлика. Еве ги пред нас се во тоа ама пак ние сме шампиони на англија европа и светот. Ако тоа не докажува кој е појак не знам што. Бидејќи колку што се сеќавам и Нотингем Форест имаат освоено лига на шампиони па сеа не се ни во прва. Колку си освоил е за минато да гледаме сега што правиме и како ќе направиме.

Абе ајде Вила,до лани ги млатевме со по 4 гола разлика од натпревар и се пласирале 5-6-7 место а сега дошло да се борат за титула. А јас баш сакам да ги надминеме Лузерпул зашто до тогаш ке зборат дека се најтрофејни,па ова па она и тогаш ми се иде да го скршам мониториот кога читам што зборат против нас.Ми зоврива крвта...Ке паднат Вила кога тогаш,оно Лузерпул не може да го издрже темпото да се бори до крај а не па екипа како Астон Вила.И еден Хал беше пред нас кога се сетам мислам дека сум сонувала а сега паднаа и не ми се веруваше дека ги победиа Афронал и нам ни шибнаа 3 гола ама после паднаа на крај... а за тоа што збореш светски куп нам ни беше важен и тој пехар ама како што читам по разни форуми од злобниците:Чудо големо што сме го освоиле против релативно слаб тим,значи тие тоа не го ни признаваат.

Фергусон е среќен поради рекордот на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја фали дефанзивата на својот тим која го сруши рекордот на Челзи и сега е тимот кој најдолго време во серија остана без примен гол.

Црвените Ѓаволи синоќа продолжија со својата фантастична серија, Манчестер Јунајтед на 11 натпревари по ред нема примено гол. Фудбалерите на Фергусон синоќа го урнаа рекордот на Челзи од 1,025 минути без примен гол во сезоната 2004/2005.
Ферги има само пофални зборови за своите фудбалери посебно за Едвин ван дер Сар чија мрежа одамна не била затресена.
"Рекордот кој го постигнавме е фантастичен успех кој е резултат на искуството кое го стекнавме заедно во последните четири години" - вели Фергусон.
"И покрај тоа што моравме да правиме измени во изминатите неколку недели поради повредите, но сите тие одиграа многу добро".
"Едвин ван дер Сар кој има постигнато се во фудбалот, беше пресреќен кога го одбрани пеналот во Москва за време на финалето од Лигата на Шампионите".
"Беше пресреќен во соблекувалната и тоа ја покажува неговата желба. Тој сеуште ја имаа таа амбиција и сака да победува во секое време" - изјави Сер Алекс Фергусон
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
За овие горе болдираниве имам да прокоментирам и јас. Берба почнува да оправдува ама уште треба да чекаме да се додокаже. Сепак долго се чекаше да се активира чоекот треба да надокнади за тоа. Ама ако сеа за сеа добар е и нека продолжи.
За вила немам нешто поеќе да кажам зошто не ме зачудува. Ем што имаат добар тренер и плус ова е англиско. Не е како другине шупски лиги кај што уште на почеток се знае кој ќе се натпреварува за титула кој за испаѓање. Во англиско се бори до последна минута. Еден најсвеж пример е Евертон кај Ливерпул, не очекуваа и се заебаа Ливепул.
За трофејност да Ливерпул е најтрофеен немам проблем им давам рака за тоа. Ама ако се потсетам последната титула била од пред 20 и кусур години. Епа ние и оваа година да освоиме и ние сме најтрофејни, барем ние сме си активни со освојување, тоа тие што не можат не е наш проблем. Па и да ги надминеме со трофеи и слично не е некоја голема разлика. Еве ги пред нас се во тоа ама пак ние сме шампиони на англија европа и светот. Ако тоа не докажува кој е појак не знам што. Бидејќи колку што се сеќавам и Нотингем Форест имаат освоено лига на шампиони па сеа не се ни во прва. Колку си освоил е за минато да гледаме сега што правиме и како ќе направиме.
За Астон Вила Ферги имаше изјавено дека очекува да се борат за титула наредниве го дини и не згреши старецот. Имаат солиден тим, добар тренер, последно го зедоа и Хески кој вчера го реши натпреварот. Се на се имаат добар состав, ако не оваа година(а и оваа се опасни), наредната сигурно ќе бидат поконкурентни:helou:

И јас сакам да ги видам,да слушнам што има да изјават,сега се кријат не знаат што да кажат веке...Бербатов ги оправдува парите што беа дадени иако на почетокот некои од нас искрено мислевме дека нема да го биде ама се докажа сега за сега...Колку голови има Видич дадено ова сезона?освен што е одбрана влегува и во некој голгетерски ритам иако одбранбените играчи дават ретко голови...ова сезона сите сакат да ја земат титулата некако па дури и Вила...не ми се верува кога ја видам табелата,малку ми е чудно да ги гледам на 3 позиција и тоа со 47 бода:vozbud:...еден пост горе прочитав за тоа дека Ливерпул се најтрофејни...па што дека...ништо не е недостижливо,како што го срушивме рекордот за неприман гол така можеме и да се израмнеме со бројот на титули со Лузерпул и цврсто сум убедена дека ова сезона ке биде така а веке и наредната да ги одминеме па зашто да не...
Eве ја листата на сите стрелци:helou:

13Cristiano Ronaldo
12Wayne Rooney
11Dymitr Berbatow
10Carlos Tévez
6Nemanja Vidić
5Nani
4Darren Fletcher
2Danny Welbeck
2Michael Carrick
2Ryan Giggs
1Darron Gibson
1Wes Brown
1Paul Scholes
1Rafael da Silva
1Park Ji-Sung
1John O'Shea
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Mило ми е што во клубов сите поентираат, што не се потпираме на еден играч.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.824
Поени од реакции
22.868
Тимска игра тимски дух:toe:Видич 5 стрелец:vozbud:Браво,браво...
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Ај да не цитирам сеа од претходно. За навивачка да реплицирам тоа за вила. И хал лани беа во втора лига односно чампионшип дивизија сеа се како што знам во првата половина на табела и го рокаат секој втор, особено ако се сеќавате на емирати на арсенал што им направија па и со нас како играа на олд трафорд 4-3 коа беше. Тоа лани кој и со колку сме го млателе нема врска. Затоа се и засилувањата и никој не е како лани. А Астон Вила последниве две три години стварно многу јако играат и не сум изненаден од тоа што го прикажуваат.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
So zadocnuvanje, cestito golema pobeda protiv podprosecnite WBA. Sepak pobeda si e pobeda protiv bilo kogo.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.446
So zadocnuvanje, cestito golema pobeda protiv podprosecnite WBA. Sepak pobeda si e pobeda protiv bilo kogo.
Да да и 1-0 е победа колку и да се бунат сите :icon_lol: 3 бода па нека се гонат у 6! Него друже, не знаеш колку сакам тие вашите "местачи" Јуве да земат Итаљанско, не си свесен :icon_lol: не можам да гледам како 3 сезони оние кокошкарине се на чело (го занемарив фактот што играат против нас и што ќе рикаат во лш ко магариња после поразот!)...
Абе ај доста одам офф :pos:

Long Live United и головите 27 пати го изглеав и пак ќе ги гледам, алал да му е на тоа сељачиштето од Шминкер за вториот гол што го даде, аааа ѕвер! И самиот изјави дека минатата сезона играл 9/10 а за оваа се чувал, као спешл демек, па ќе дадел се од себе...ај баш да видиме.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
So zadocnuvanje, cestito golema pobeda protiv podprosecnite WBA. Sepak pobeda si e pobeda protiv bilo kogo.
За Јунајтед е потешко да игра со послаби противници зш не може да се мотивира, така да и тоа како е оваа победа ГОЛЕМА:helou:
 
Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
гледам многу од вас ги потценувате ВБА, не треба да се потцени ни еден противник, што ако се бутнат сите во гол а така и ќе биде и само еден напагач и само ќе ги рогаат топките кон него и ќе играат на контра, затоа на вакви мечеви е најдобро што порано да се постигне гол и пак да се продолжи да се напаѓа противникот кој не ни мисли да напаѓа иако губи, пред се е важнјо на полувреме да се замине со предност за да може играчите психолошки да се опуштени да не влезат нервозни во второ полвреме
А за а1 ме нервираат предходно рекоа дека ќе даваат пренос сега го тупат, незнам што да им кажам во нивни интерес е да даваат и така млатат највеке пари од фудбал
еве и јас кон честитките да се приклучам
Ова вчера што ви го пишав така и испадна, дека на вакви клубови им треба брзо гол и на полувреме да се замине со предност а после се е полесно во играта.
ај подоцна ќе пишам и факти за новиот рекорд
 
манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Еве честито победа и од мене.
Браво за рекордот на Ван Дер Сар.

Мислам дека овие голови на Роналдо беа први на гостински терен по постигнатиот гол од пенал против Виган ланската сезона во Мај месец.

Ако некој мисли дека има лесни противници оваа сезона се лаже бидејки сите тимови играат мотивирано против нас а сега имаат и уште една мотивација повеќе а тоа е дека играат против најдобриот тим во светот. Така и вчера ВБА мислеа дека нема да загубат, но потоа видоа што ги снајде.
Добар кам бек за Фердинанд и Браун и деби во ПЛ за Тошич.

Најголеми шанси да киксне вечерва е Лузерпул кај Виган.

ПС: Минатата недела Љаич постигна гол за Партизан на пријателски натпревар.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom