Менаџерот на Манчестер Јунајтед во пресрет на својот 67 роденден проговори за своите планови за иднината.
Сер Алекс Фергусон повторно изјави дека по својата 70-та година планира да го напушти клубот и своето место во Манчестер да му го препушти на португалецот Жозе Мурињо, иако од Манчестер демантираа дека Мурињо е на врвот на листата на желби за заменик на Фергусон.
Интересно е тоа што договорот на Жозе Мурињо истекува токму кога и Фергусон ќе го напушти Манчестер.
Не сакам да бидм тренер кога ќе имам 70 години, треб ада се знае кога е време за да се замине.
Иако фудбалот е како дрога од које е тешкода се откажеш.
-Моите амбиции и ентузијазам се силни како секогаш и уживам да го гледам Јунајтед со овие прекрасни фудбалери кои секој ден станувата се подобри и подобри, изјави Фергусон.
Ако Мначестер го ангажира Мурињо по змаунувањето на Фергусон ќе се намали старвот кај навивачите дека новиот тренер нема да може да го повтори усоехот на шкотот.
Португалецот во Челзи потврди дека може да владее со секоја ситуација и само нетрпението на Абрамовиќ во желбата за освојување на Лигата на Шампионите доведе до раскин на договорот на Челзли со Мурињо.
Но по ваквите шпекулации на англиските медиуми се огласи и управата на Манчестер Јунајтед која ги демантираше ваквите гласини и изјави дека нема намера да го менува тренерот до 2014 година.