Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Тука сме со муабетов брат, и ја се слагам. Убаво е да се има млада академија, ама треба некогаш и да им се даде да играат во ПЛ, да стекнат искуство, да добијат мотивација дека првиот тим не е недостижен за нив. А сите знаеме дека има квалитет кај младите играчи ама ретко кој добива шанса, еве иако сезоната е загубена за нас...
Иначе ако ти текнува Барселона до пред некоја сезона едвај се квалификуваше за ЛШ ама почнаа од корен да менуваат, почнувајќи од младата категорија, па сега си свиркаат.
Баш денеска читав изјава од Кени го прашаа зошто не ги игра младинците во првенството во Англија. Кени одговори кога ќе бидат загубени шансите за ЛШ (а според него уште имаме шанса за тоа) тогаш ќе ги стави во игра младинците....
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Баш денеска читав изјава од Кени го прашаа зошто не ги игра младинците во првенството во Англија. Кени одговори кога ќе бидат загубени шансите за ЛШ (а според него уште имаме шанса за тоа) тогаш ќе ги стави во игра младинците....
:ROFLMAO:

поштуем оптимизам, играње “дур не запее дебелата“...ама нема потреба веќе да се залажуваме...

ахх бее...уште не можам да се помирам со последнава утакмица, не се сеќавам кога последен пат толку многу сум им се накурчил на црвениве
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
(Оваа сезона) има разлика доколку Ливерпул заврши 5ти или 17ти?

Одговорот е универзален за повеќе прашања околу “мизеријата“:
Ако заврши 5ти, нема да игра квалификации за ЕЛ...ако заврши од 6то до 17то е буквално сеедно.
--- надополнето: 23 март 2012 во 18:21 ---
Шанси за ЛШ:pos:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.706
Поени од реакции
11.942
Според мене реални трансфер за на лето се: Хави Мартинез, Икер Муниаин и Езекиел Лавеци !
Првиот не ни треба и веќе не го спомнувајте. Го имаме Лукас, па и Спиринг така да нема потреба да се фрлаат пари на таа позиција. А втириот и третиот се добри со таа разлика што за Лавеци ќе не изгорат. А Муниаин можи да се донеси за ефтина сума. Под ефтина подразбирам 10-15 милиони затоа што ако не го продолжи договорот со Билбао налето ќе има уште 12-13 месеци па ќе бидат принудени да продадат. Треба само ние да извршиме притисок а и тој да запни и ќе го земиме. Така ќе ни останат едно 40тина милиони за напаѓач
--- надополнето: 23 март 2012 во 19:45 ---
Според мене напагач кој најдобро би играл во партнерство со Суарез е КАВАНИ. Од иста земја се, Кавани е сестран напагач има и пас и шут и игра со глава со еден збор complete forward. И едно десно крило како што кажа ти надвор од Англија да биди оти овие домашниве играчи изгор се
Според мене пак Кавани е ограничен играч кој во Англија би се изгубил. А и онака би ни ја забавил играта. Играат за него Лавеци и Хамшик затоа е добар плус тоа е Италија. Доволно е што го имаме Керол. Нас сега ни треба брз,експлозивен напаѓач, со добра техника кој ќе трча насекаде. Нешто налик Торес, Овен претходно. Тип на играч како Пато,Бензема, па и РВП итн итн. Е сега со реални опции и не знам колку имаме. Хулк е опасен само и многу скап, Солдадо и не знам баш дали ќе ги исполни бараните критериуми, Фалкао би можел да се вклопи, и треба скаути да го следат Леандро Дамиао. Би можел да е интересна опција
--- надополнето: 23 март 2012 во 19:47 ---
Баш денеска читав изјава од Кени го прашаа зошто не ги игра младинците во првенството во Англија. Кени одговори кога ќе бидат загубени шансите за ЛШ (а според него уште имаме шанса за тоа) тогаш ќе ги стави во игра младинците....
На припремите ќе ги стави таман ќе немаме шанси за ЛШ. А можи и тогаш да речи ова е веќе за новата сезона па имаме шанси и не ги ставам
--- надополнето: 23 март 2012 во 20:55 ---
И да.....би ве замолил да не пишувате во темата за ПЛ. Полна е со газолижачи, ѓубриња и дволични суштества. Не потпаѓајте на провокации пошто не вреди да се расправате со нив.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Можат комотно да си ја прекрстат темата во Манчестер <3 Арсенал и обратно пошо само они си пишуваат. Глеам и тие од Челзи више се откажаа од темата.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.706
Поени од реакции
11.942
Можат комотно да си ја прекрстат темата во Манчестер <3 Арсенал и обратно пошо само они си пишуваат. Глеам и тие од Челзи више се откажаа од темата.
Потполно си во право. Само уште целосно да се повлечат челзијашиве
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Ај и јас малце да се позамарам со тимот на Ливерпул.
Трансфери???

реина/Дони- голманската позиција е решена
лев бек- Џонсон, кели, Фланаган- средена работа у наредни 10 години
десен бек- Енрике, Робинсон- и тука не би пипал ништо
централни бекови- Шкртел, Агер, Коатес, карагер и тоа да играат по овој редослед
DMF- Лукас, Спиринг, Хави Мартинез....со тоа што би го купил Мартинез само доколку има отповеќе кеш, во спротивно Коуди мора да добие шанса.Адам мора да си оди
MC- Хендерсон и Шелви, Хендо никако на крило, не му иде и точка а во средина е доста солиден, почнува ептен да ме забендсоува типчево.
лево/ денсо крило- тукамора под итно да се купува, И Кајт да се продава, затоа ниту е за крило ниту е за напаѓач,истрошен е, заслужува пензија во Феенорд. Хазард ми е неостварена желба, Адам ЏОнсон такоџе. Други опции во моментов не ми ткенуваат ама мора да е некое експлозивно технички спремно крило кое знае ида нафрли и гол да дае и да издрибла. Стерлинг мора, мора да добие шанса. Даунинг е ок, ама само ок. Со послаби тимови дури и Џерард би го играл по десно.
Џерард позиција- Џерард- под ова подразбирам да игра каде сака, офанзивна средина врска помеѓу двете линии
Белами би се користел како џокер те на лево те у напад, јасно е дека не може повеќе од 20 текми во сезона.
Напад- Суарез никако осамен напаѓал , многу подобро функционира позади напаѓач. или со партнер или пак лево офанзивно крило.
Керол- Ако можар да му извадат 20 милиони, одма давајте го, најголемиот успорувач на игра. не го бива и крај, мене барем не ме бендисува.
Морган мора да добие шанса, оанак епизодно во80 минута. И под итно барем уште еден напаѓач иако јас би купил двајца. Солдадо, Кавани, Лавеци....ма сите тројца би ги купил бе. замислите навална линија Џерард плејмејкер, Суарез лево, Лавеци десно кавани во напад...па па па.
Како и да е Адам и кајт на продажба, Џо Кол такоџе на продажба. Едно експлозивно, висока највисока класа крило и 20+гола од сезона напашач.

Што се тиче Кени...јас се повеќе имам сомневање во типот и мислам дека треба да отстапи, ама пак нема кој да го замени. Мотиватор е страшен ама тактичар никаков. какви глупи грешки прави тоа е чудо невидено. Што би дал Пеп Гвардиола да дојде па дури се размислувам и за Вилаш Боаш...
Очекувања- НИшто од ова, пак ке дојдат некои ,,надежи,, пак ке се фрлат пари за ништо и пак истиов муабет догодина!
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Можат комотно да си ја прекрстат темата во Манчестер <3 Арсенал и обратно пошо само они си пишуваат. Глеам и тие од Челзи више се откажаа од темата.
Гледам некој фан на Евертон им се приклучил :tapp:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Дај бе дојдете во ЕПЛ темата досадно е без вас :(.
Еве ветувам дека нема да ве троламе.
Барем јас ветувам.
Досадно е без вас во темата Челзи е најлошо пласиран од екипиве што имаат фанови во ЕПЛ темата.Вака барем со вас ќе се тешиме :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.706
Поени од реакции
11.942
Дај бе дојдете во ЕПЛ темата досадно е без вас :(.
Еве ветувам дека нема да ве троламе.
Барем јас ветувам.
Досадно е без вас во темата Челзи е најлошо пласиран од екипиве што имаат фанови во ЕПЛ темата.Вака барем со вас ќе се тешиме :)
Зошто уствари не се повлечите и вие? Нема смисла со оние кретени таму. Нека си пишат сами
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Што се тиче Кени...јас се повеќе имам сомневање во типот и мислам дека треба да отстапи, ама пак нема кој да го замени. Мотиватор е страшен ама тактичар никаков. какви глупи грешки прави тоа е чудо невидено. Што би дал Пеп Гвардиола да дојде па дури се размислувам и за Вилаш Боаш...
Да ти кажам и ја помислив баш на Боаш пред некој ден коа си тумачев за Ливерпул, ама викам ај да не пишувам да не ме отераат у три лепе тука. Иначе исто и може да се врати Бенитез( мада јас како што знаат тие што од поодамна ја пратат темата коа беше он менаџер) не го сакам нешто многу многу. А жими се и Аврам Грант би го земал, ептен ми се свиѓаше додека беше во Челзи, незнам зашто.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.706
Поени од реакции
11.942
Да ти кажам и ја помислив баш на Боаш пред некој ден коа си тумачев за Ливерпул, ама викам ај да не пишувам да не ме отераат у три лепе тука. Иначе исто и може да се врати Бенитез( мада јас како што знаат тие што од поодамна ја пратат темата коа беше он менаџер) не го сакам нешто многу многу. А жими се и Аврам Грант би го земал, ептен ми се свиѓаше додека беше во Челзи, незнам зашто.
Добар е Андре само што Челзи немаат такви играчи за неговите замисли. А не знам и нашиве колку се кадарни за таква игра мада со ова демек играње пас енд мув би можеле да функционираат тактиките и замислите на Боас. Бенитез е секогаш добредојден иако пред да си оди посакав главата да му ја скинам. Грант и мене ми е интересен. И не само во Челзи туку и Портсмут и Вест Хем добро ги водеше. Мислам имаа добра игра инаку и двете отидоа втора лига да не се разбериме пак погрешно :LOL: Сепак не ќе да е за во појак клуб. Интересни опции се и Гвардиола и Јоаким Лев само што тие никогаш не би дошле тука. Кога сме веќе кај добрите менаџери да ги споменам Дел Боске и Отмар Хицвелд. Ама како сакате вртете во моментов и нема некој кој би го заменил Кени освен можеби Бенитез и Боас. Сепак уште една сезона за Кени па да видиме. Ако нема резултати тоа ќе е крај за него
 
S

Stivie G

Гостин
Гвардиола е печен за ПЛ. Само незнам дали кај нас или кај Гејчестер. Мое мислење е дека тој и Мурињо се идните менаџери на Ливерпул и Манчестер Ј. Е сега кој каде тоа незнам, јас го сакам Гвардиола кај нас а Мирињо кај нив. Причина плус за тоа се и неколкуте изјави на Гвардиола во врска со нашиот тим.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Според однесувањето и пишувањето на Медиумите после поразот од КПР, ја сум 90% сигурен дека Кени не оди никаде бар до средина на наредна сезона.

Што се однесува до нови играчи...... факт е дека ке ги има. Впрочем таква е и политиката на новите газди. Се купува се додека не се пронајди играчи кои статистички ке задоволат.
Имаше едно интервју на Комоли по завршувањето на ова полусезона и таму спомнуваше дека Статистичките податоци покажуваат дека Ливерпул сеуште не ги исполнува според математиката на оној статистичарот кој го донесоа од Америка што им го градеше Безбол тимот таму.

Така да нови играчи на лето...... бар 90% сигурен.... колкумина на број, никогаш нема да се знае.

Што се однесува до промени ...

Кајт , Аквилани , Џо Кол , Макси.

Нови играчи.....

Стерлинг , Сусо , Морган , Коуди , Фланаган , Робинсон.


Искрено не посакувам ниту еден нов играч од трансфер маркетот. Единствено што посакувам е да се искористат Дечиштава кои пукаат од желба за играње во прв тим.
Впорчем последните гласини за Стерлинг во Тотенхем го кажуваат тоа........ јасно е како дена дека тоа е народски кажано... пуштање водичка на Кени, каде овој не дочека па одма излезе со коментар:

Dalglish said: ‘You earn the right to a run out by what you do on the pitch, not by what is said in newspapers.’




Но искрено и така му треба на Кралот....за да се размисли малце , што со младинциве.


Трансфери од типот на Кавани , Хазард Хулк .....гледајки го односот на Комоли на трансфер пазарот, засега се нереални очекувања... или едноставно кажано играње на Фифа Менаџер.


Инаку.... голема е веројатноста Чарли Адам да биде надвор од терените до крајот на сезоната.... што значи се отвара патот на Шелви до првиот тим...... што според мене и те како ке ја искористи....иам предчуство.


Што се однесува до денешната утакмица со Виган.....

Можен состав според меене...

Реина​
Фланаган Карагер Шкртел Енрике​
Спеаринг Џерард​
Даунинг ......................Макси​
Керол Суарез​
А може да се деси и Карагер да биде на Бековската десна позиција а Коатес со оглед на голчината шо ја даде Кени да го стартува од почеток..... шо според мене тоа се и пореалните шанси одколку ова шо го пишав погоре... ама мене па вака погоре ми се свиѓа повеке... може и Коатес на местото на Кара.... ама ептен би било нереално знаејки го Кени.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom