Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Добро бе цел тим на Ливерпул, 20 и кусур играчи еден не науче да центрира. Намести се на центаршут и лупни ја топката в облаци. Не е можно, и после Керол ни е крив.
Сахин и евентуалниот нов напаѓач ми се последна надеж дека ќе можи некако да се спојат средината со нападот и реализацијата. Ако не биди ништо од то, пиши му чавка шо би рекле прилепчани.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Абе нели Роџо рече дека човек мора да биде луд за да го даде Керол на позајмица??
Како не му е срам да се појави пред камера после ова??Слаба БУДАЛА е сега !!
Башка Хартс што не можевме да ги тепавме, во 90-та минута се извадивме иначе богзнае дали и ќе влезевме во ЕЛ..за тоа не ми се праи ни моабет,резил жив.


Овие Тотенхем дибециве го сакале Мутињо,Лорис а ние сме се фатиме со тој пензионерот Демпси ко слеп за стап.. абе мизерии..
 
S

Stivie G

Гостин
Да одам по истата логика:

„За разлика од вас јас едвај чекам да го шутнат Хендерсон. Не можам веќе да го гледам како се влече како коњ во дресот на Ливерпул. Беше донесен како талент а нема ни „Т“ од талент. Сите Хендерсон па Хендерсон, ...’

Ако Керол не покажа и треба да биде шутнат, што не и Хендерсон?
Ај да ги споредиме талентите.Талентот Хендерсон во последните 3 сезони од можни 114 натпревари во ПЛ одиграл 107. Истиот овој талент на 21 година направил над 100 настапи во ПЛ, нешто слично како Џерард, дури и порано. Овој талент 3 години по ред е прогласуван за најдобар млад играч во тимот во кој играл(Ливерпул и пред тоа Сандерленд). Овој талент е капитен на репрезентација на Англија до 21 година. Талентот Хендерсон покажува солидни изданија на позиција која не ја играл воопшто пред тоа. За разлика од него талентот Керол имал само блескави изданија во Чемпионшип девизијата со Њукасл. За Ливерпул има постигнато само 6 гола. Според утакмиците кои ги има одиграно во Ливерпул и според постигнатите голови просекот му е сигурно некаде како Нгог.

На крај креави, мене ми се исполни желбата, Керол замина :icon_lol:.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Слабо, слабо, слабо. Мора под итно да се поправиме, под итно ни требаат утре БАРЕМ 2јца играчи оти ова вака не бива...мора ПОД ИТНО да ги поправиме кардиналните грешки во одбрана кои не коштаат голови.....Во колку сатот е утре ждрепката за групната фаза?
Реина му го поклонил изгледа голот на Хартс, оти Келајцата денеска си слави Роденден....
 
S

Stivie G

Гостин
abe kopirav od i jas sum liverpool :D mnogu gledav tie ja napravile greskata :D
Ќути :X3: . Едвај чекате да направиме грешка :icon_lol:.
--- надополнето: 31 август 2012 во 01:05 ---
А кога имаше шпекулации за Бутланд пред 10-тина дена сите викаа шо ќе ни бил голман......Епа сега ќе го трпиме киксерот Реина (n).
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Се знаеше ова за Демпси од кога почна трансфер периодот дека ке потпише за нас .
Кени прво ,ама ете и Роџерс ... интересен трансфер ќе биде ! :) Мислам дека добро ќе се снајде
Ќути :X3: . Едвај чекате да направиме грешка :icon_lol:.
.
Не е точно :pipi:
--- надополнето: 31 август 2012 во 01:29 ---
Telegraph: Фулам се согласи да го продаде Демпси за Џордан Хендерсон + пари, но Хендерсон не сака да премине во Фулам :icon_lol: уште една глупост на повидок ?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Не знаеш кој е побескорисен дали Хендо или Демпси :icon_lol:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Суарез може не му идеше мнг денеска али барем прави нешто човекот. Другите ништо не прават. Ако некој се забележува по теренот тоа е добар знак. Едино добро е кога не се забележуваат голманот и одбраната, пошто тогаш значи дека средината и нападот си ја вршат работата. Кој забележувавте вие денеска? Ја искрено ги забележав Суарез како единствениот шо прави некакви потези, Даунинг што добро му идеше како лев бек, Морган што од срце се трудеше да направи нешто, само секако дека му фали искуство и Стерлинг откако влезе имавме потечна игра. Ален дискретно со пасовите ја одржуваше средината, Шелви земаше неколку топки, ај и Стиви Џи беше добар, само кога и да тргнеше напред ќе му ја земеа топката, ќе го бутнеа и немаше фаул. Едноставно кога иде со топка напред ја губи многу брзо, како да не знае да се загради делува.

Сега коа го дадовме Керол очекувам утре да земеме добар напаѓач што стварно знае гол да даде, ако не стварно сме го наебале.

И за крај за Rosemberg пошто беше у право: http://www.liverpoolfc.com/news/latest-news/yesil-hyypia-told-me-about-lfc
 
S

Stivie G

Гостин
Абе што ти е, шпекулацијата е и повеќе од смешна....трагична....траги-комична!!!
Знам дека е шпекулација но ако дојде де тоа, тоа ќе биде најголемата глупост а не позајмицата на 35милионското засилување...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Утре сите будете се порано, напрајте си појадок и известете ги луѓето што живеат со вас да не ве вознемируваат до полноќ. Седнете пред компјутер и упалете ја странава: http://uk.yahoo.eurosport.com/football/transfers/chat.shtml?chatid=5aee9b2a49

Тука во живо се проследуваат сите трансфери кои се случуваат. Утре ќе биде интересен ден, не само за нас туку општо за речиси сите клубови. Земете си и шеќер со вода, или било што нешто што верувате дека ќе ви ја оддржи свеста. Да се надеваме дека позитивни вести ќе бидат поврзани со нас. После за моите Скопски сограѓани (па ако има и од околината што претстојуваат тука), ако сте задоволни од тоа што се случило, одете на пиволенд да наздравите со неколку пива, а ако не сте задоволни, одете на пиволенд и жалете со неколку пива. Лани јас така ги испратив Меирелеш и Деген, а го пречекав Белами. Сигурно е само дека утре ќе биде бурен ден за фановите на фудбалот, да се надеваме дека ние убаво ќе си поминеме на берзата. Godspeed!

П.с: Паузата секако ќе си ја направите за време на ждрепката за Лига Европа, во чие време исто така можете да си го направите и ручекот :)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
И на ТВ/Стрим ке се дава последниот ден од трансфер пазарот,барем лани така беше,цел ден се отепав од гледање.Не верувам дека ке биде поразлично и утре:D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И на ТВ/Стрим ке се дава последниот ден од трансфер пазарот,барем лани така беше,цел ден се отепав од гледање.Не верувам дека ке биде поразлично и утре:D
Ако, ја цело лето пратам овдека, навикнат сум. Која програма би било на ТВ btw?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom