Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.938
Е ај да видиме. Дај Боже да го биди инаку ќе наебиме и тоа многу
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 02:53 ---
Море со каков ќејф би ги испратил сега Макси,Кол и Аквилани и би ги зел де Јонг,Мертенс/Афелај и Адам Џонсон :vozbud:
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275
Море со каков ќејф би ги испратил сега Макси,Кол и Аквилани и би ги зел де Јонг,Мертенс/Афелај и Адам Џонсон :vozbud:
Нема да биде лошо Италијанецот да го задржите
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
http://www.footballuser.com/423554/Liverpool

Според шпекулациите треба на нешто вакво да изгледа?? Лошо,многу лошо за сега..

Хахаа..... добра имагинација!

Си правите бајрам на мозокот или ?

Адам , Хендерсон , Даунинг..... заборавате дека ги имаме, или си правите Апокалипса моменти ?

Како прво нема никакви шпекулации за Џо Ален.....
Како второ Сигурдсон игра на позиција АЦМ....
Како трето Џо Кол исто игра на позција АЦМ.

Неверојатно е колку ли само глупости се изначитав по форумов овие недела дена после назначувањето на Роџерс.
Значи во момент во кој нема ама баш никаква сериозна шпекулација, освен оние сериозните за останувањето на Аква и Кол, вие направивте Апокалиптично сценарио.

Единствена шпекулација во овој момент за која може да се разговара е останувањето на Аква и Кол односно вракањето, и тука веке може да се додаде последнава на Џенкинс за тоа дека Сигурдсон скоро сигурно се преселува на Енфилд.

Друг проблем во оваа Апокалиптична формација е....

Не знам колку сте читале за стилот за игра кој го преферира Роџерс, мислам дека и јас веке постирав што тоа тој сака во тимот.

Треба да знаете дека Роџерс бара брзи крила, кои знаат да дриблаат и те како добро............ Не знам од каде ви е идејава за Сигурдсон и Кол како дриблери.

Друго што треба да знаете е дека Роџерс не игра се двајца дефназивни везњаци..... игра со еден дефанзивен позади и двајца креативци напред.
Едниот од тие двајца напред има улога во буквална смисла на зборот Статичен Плејмејкер, другиот е везњак со Трансформација на АЦМ позиција.

Значи кога би го превеле ова на слика би требало да изгледа вака...

http://forums.lfconline.com/showthread.php?p=1865467

Или кога ја би го “нацртал“ сето ова би требало да изгледа вака.....

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
За они кои не им се свиѓа моменталната ситуација во клубот.......еве мој предлог!!!

http://www.bbc.co.uk/news/uk-wales-south-east-wales-16855256

Нека ви е со среќа!!!:свиркам:
Веројатно не ме читаш, ама ме заболе.
Поентата ти е: „на сите што им е жал додека го гледаат Ливерпул додека пропаѓа, за разлика од сите мекотели кои безразлика на тешката ситуација се ко на тешки дроги и веруваат во глупостите кои им се сервираат, да си го сменат клубот!“

Секоја чест пријателе, камо да можев да не си ја користам главата што ја носам.

Оваа кампања веројатно ке биде успешна, со фанови лајк ју. Кога ќе имаме минимум два дуели со Кардиф, веројатно во нивната дивизија. За брзо.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Хахахахахахаа..................:pos::D
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 11:53 ---
Мартин Кели.............:eek:

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
http://www.footballuser.com/423554/Liverpool

Според шпекулациите треба на нешто вакво да изгледа?? Лошо,многу лошо за сега..
Пред некој ден јас и Supperstarpizza пишавме два поста за играта на Роџерс кои беа долги колку една страна во Фан Клубов :). И еве пак Суперстаров ти објасни оти Роџерс игра со еден деструктивец (истовремено и тој мора да е добар пасер и техничар) и со двајца креативци и крила кои знаат да дриблаат, имаат добар пас, и знаат да работат без топка....
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Хахаа..... добра имагинација!

Си правите бајрам на мозокот или ?

Адам , Хендерсон , Даунинг..... заборавате дека ги имаме, или си правите Апокалипса моменти ?

Како прво нема никакви шпекулации за Џо Ален.....
Како второ Сигурдсон игра на позиција АЦМ....
Како трето Џо Кол исто игра на позција АЦМ.

Неверојатно е колку ли само глупости се изначитав по форумов овие недела дена после назначувањето на Роџерс.
Значи во момент во кој нема ама баш никаква сериозна шпекулација, освен оние сериозните за останувањето на Аква и Кол, вие направивте Апокалиптично сценарио.

Единствена шпекулација во овој момент за која може да се разговара е останувањето на Аква и Кол односно вракањето, и тука веке може да се додаде последнава на Џенкинс за тоа дека Сигурдсон скоро сигурно се преселува на Енфилд.

Друг проблем во оваа Апокалиптична формација е....

Не знам колку сте читале за стилот за игра кој го преферира Роџерс, мислам дека и јас веке постирав што тоа тој сака во тимот.

Треба да знаете дека Роџерс бара брзи крила, кои знаат да дриблаат и те како добро............ Не знам од каде ви е идејава за Сигурдсон и Кол како дриблери.

Друго што треба да знаете е дека Роџерс не игра се двајца дефназивни везњаци..... игра со еден дефанзивен позади и двајца креативци напред.
Едниот од тие двајца напред има улога во буквална смисла на зборот Статичен Плејмејкер, другиот е везњак со Трансформација на АЦМ позиција.

Значи кога би го превеле ова на слика би требало да изгледа вака...

http://forums.lfconline.com/showthread.php?p=1865467

Или кога ја би го “нацртал“ сето ова би требало да изгледа вака.....

Брат тимот што го имаш доле направено е истиот тим од лани а Роџо во интервју нели рекол дека ќе гради свој тим??
По продажбата на Кајт само Кол и Даунинг остануваат како крила..Кол не е класично крило али кај нас највеќе сум го гледал на таа позиција.. За Кол сум 90% сигурен дека ако остане ќе игра прва.. Не сум скептик баш напротив али според шпекулациите до сега на нешто така ме асоцираше дека може да изгледа ЛФЦ оваа година..
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Тоа што Дирк (за жал) го напушти тимот, е веројатно доволен позател дека на Роџерс не го прашуваат за играчкиот кадар.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Брат тимот што го имаш доле направено е истиот тим од лани а Роџо во интервју нели рекол дека ќе гради свој тим??
По продажбата на Кајт само Кол и Даунинг остануваат како крила..Кол не е класично крило али кај нас највеќе сум го гледал на таа позиција.. За Кол сум 90% сигурен дека ако остане ќе игра прва.. Не сум скептик баш напротив али според шпекулациите до сега на нешто така ме асоцираше дека може да изгледа ЛФЦ оваа година..

Зарем е толку тешко да сватите дека Кол останува поради тоа што нема кој да понуди толкава плата за него!

Околку позицијата...... Кол никогаш нема играно Крило!!!
Во Ливерпул оние натпревари кои ги одигра ги одигра на АМЦ позиција.

Тимот кој што горе ти го постирав е врз база на реалните гласини кои се со голема веројатност остварливи.
Џо Ален е далеку од остварлива реалност..... тој поднесе барање за трансфер, тоа е сигурно, но во ниту еден сериозен медиум немаше за тоа каде тој ке оди.
Единствените кои пишаа за наводен трансфер кај нас се оние Ин Офсајд или како беа, кои лани го донесоа Кака, а богами и најдоја слика од Елија со дрес на Ливерпул.

Да се вратиме на тактиката..... и ајде да замислиме дека Џо Ален е веке во нашите редови!

Џо Ален игра на иста позција како и Адам, Хендерсон, Аквилани, Шелви !
Објаснете ми кого тој ке замени?
Бидете реални мајкуму!

Да зборите за Демпси за кого нема шпекулативни текстови од минатиот трансфер период, ај.... ама Џо Ален?

И да Rosemberg барањето на Џо Ален за да го стават на трансфер листа, никако не го заобиколува правилото кое важи за Роџерс дека 1 сезона не смее да пазарува од таму.
Башка правилото...... самиот газда на Свонси кажа дека се разделија Џентламенски...... за мене со тоа пропага и можноста за Сигурдсон, ама ај веке кога Џенкинс објави може да веруваме!
 
1.Колку што разбрав Кол останува бидејќи Роџерс го планира за оваа сезона?!
2. Џо Алан ако дојде(не дај боже) гарант ќе игра прва постава, истото важи и за Сигурдсон .Секој тренер си има по 1-2 играчи кои си ги форсира. Кај Кени беше тоа Хендо, кај Роџо ќе биде Сигурдсон и не дај боже Алан, кај Мурињо беше Мота па сега Кедира ,кај Бенитез беше Лукас.. Нема везе колку играчи имаш на таа позиција ,ќе бидат продадени сите (ако треба ) да се направи место за некој КОЈ на Роџо ќе му се допаѓа..
3. Ако самите играчи побараат траснфер во Ливерпул(како што еве бара Сигурдсон со последните изјави) тогаш тој договор меѓу Свонси и Роџерс нормално дека ќе падне во вода..
 
1) Зошто велиш не дај боже за Ален? Го имаш ти гледано него и Свонси годинава? Пишам и претходно оти тој беше 6тиот најдобар пасер во Европа
2) Тој многу ретко ќе игра прв тим оти и во Свонси кога играше најмногу играше 70-75 минути....
Да не се разбериме погрешно и мене не ми е многу по ќеф да го купиме Ален ама само да ти укажам сакам оти е феноменален креативец каков што ние во нашите редови немаме....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom