Добро ајде објаснетеме што имате толку против Демпси ??????
дечкото е супер , игра со глава и плус најважно е тоа што е РЕАЛИЗАТОР!!!! игра во просечен тим како ФУЛАМ по сезона дава некојси 14-15 гола ? зошто цело време целите на други играчи а овој го отфрлате ?
Демпси и да доага ке дојде за резерва и би бил СУПЕР резерва
Второ ... каков Адам? ако малку го разбирате фудбалот Аквилани има поголема прегледност и од Џерард! само треба момчето да биде воиграено и да се убеди да остане.
Трето ве молам тој СПИРИНГ не го споменувајте више! е со такви играчи не се прави тим.
За мене лично со Демпси , Керол и Суарез би го затворил нападаот , среден ред имаме! Сите парии нека се дадат по 2 ДОБРИ КРИЛА:
Демпси е добар играч рековме сите. Ама има 29 години. Така да .....не
Адам - најдобар асистент ни беше лани. Има ненормален пас. Треба само Лукас да е зад него и ќе игра во добра форма Адам
Аквилани - стакленко. Од 5 години договор со Ливерпул 3 веќе ги проеба. Една кај нас повреден, и две на позајмица. Ајде нека остани можи ќе му легни брзиот фудбал со подавања ама ако иди Сигурдсон а е многу веројатно тогаш некој ќе мора да бега.
Спиринг -за нискоразредни екипи е ок. Плус е домашен играч од школата и може да се рачуна во квотата за англиски играчи и во квотата за играчи кои потекнуваат од англиска школа така да лојален е и нека седи за трета резерва.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 22:40 ---
Зошто мора да бараме играч како Агуеро, зошто да бараме плејмејкер како Хазард, зарем неможиме некој таков да откриеме?
Можиме. Ама и за тоа треба некој да си ја знај работата. Не можиш ти да очекуваш да откриеш добар играч а го купуваш на пример Мосес. Па за такви пари го имаш дос Сантос кој на пример е подобар, го имаш Афелај кој е предобар во споредба со него. Не можиш да платиш 10 или 15 милиони на играч кој не вреди ни 2 а имаш шанса да купиш играч за 7-8 милиони кој за една сезона ќе вреди 20. Бен Арфа за 5 се земаше пред 2 години. Оти не го зедовме? Ама тогаш летавме по Кол и Јованович. Е не можи така да откриеш талент или да создадиш добар играч. Сакаме да го купиме Демпси кој за 2 години ќе треба да го емнуваме а за тие пари се зема пример де Јонг кој ќе стани голем играч (барем има големи шанси). Ќе го пропуштиме него и по 2 години ќе се чукаме со глава во ѕид -- ејјјјјј можевме на времето да го земиме за 10тина милиони. Е па така ќе биди нормално кога нашите не си ја знаеле/знаат работата. Ајде да видиме Роџерс колку ќе биди подобар со екипава негова ......
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 22:49 ---
Кај и да е овие дена ќе потпиши и Сигурдсон така да останува да видиме кој од средината ќе си оди. И да се надеваме дека исланѓанецов добро ќе се покажи.