Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Одлично одлично.....

Вака веке се гледа, вака веке може да зборуваме за некаква си титула!!!

Да почнам со ред:
оценка од 1 до 10

Реина -7
Иако немаше некои посериозни удари кон неговиот гол освен оној волеј на Петров каде одлично одбрани.
Спека мора да кажам дека имаше 2-3 грешки каде избрзуваше со исфрлањето на топката за контра што можеше многу да не кошта!

Кели - 6
За минутите до повредата Кели погреши неколку пати за покривањето на Петров, исто така беше негова грешка шо не го покри Петров при оној волеј.....мора да се каже дека и додека тој беше во игра Петров беше најопасен по таа страна.

Шкртел - 7
Слатко изненадување за играч како него добро да одигра на позиција Бек за првпат во неговата кариера.
Сепак треба да се биде предпазлив кога тој се исфрла напред. Грешката за приманиот гол не е само на Карагер туку 80% негова. Сепак за првпат е одличен!

Карагер - 7
Капитенот беше одличен. Сепак попуштањето на концентрацијата на крајот не ми дозволува да му дадам поголема оценка.

Агер - 8
Едноставно никој не помина покрај него. Но сепак можеше многу да не кошта неговото играње со рака во 16 при исфрлањето на топката.

Енрике - 8
Одличен во одбраната..... несигурен во нападот, иако се виде дека уште во 20 минута доби инструкции од Кени да го затвори Иглс кој се разигра таму. Можеби затоа го немаше премногу во нападот.

Лукас - 10
Чиста и тоа.... едноставно во неговиот радиус не се одигра ниту една акција. За ваков Лукас капа доле!

Адам - 10
Кој беше тој Алонсо.... се кладам дека веке сите го заборавивте или барем за време на утакмицата. Снајперот едноставно беше безпрекорен вчера...... сепак мора да се каже дека неговата позиција на теренот е Заден Везен играч.... мора да поработи на одбраната. Но и покрај се Снајперските додавања од преку 50 метри му заслужуваат чиста 10....како што кажа коментаторот на СК..... само неговите додавања вредат 9 миљ.

Кајт - 7
Имаше премногу дуели каде беше супериорен но можеби затоа што сме навикнати да го гледаме и во одбраната нема да му дадам висока оценка. Мора да се потенцира дека на момент изгледаше истоштено.

Хендерсон - 8
Младиот Хендо каков што требаше да биде и во предходните утакмици. Одигра одлично по средината на теренот... сепак мора да се потенцира дека мора да се ослободува побрзо од топката. Не смее во такви комбинации тој да ја држи топката цели 30 секунди и да чека да му се отвори играчот....секоја чест за проигрувањето на Суарез.

Даунинг - 9
Едноставно плачев за ваков играч пред почетокот на сезоната. Оддамна не сме работеле вака по Левата страна. Секоја чест на Комоли за ваков профил на играч. Штета што неуспеа да се запише во листата на стрелци.

Суарез - 10
Желен за гол...желен за игра... каде беше досега, каде беше сиве овие години!!!
Иако не даде гол заслужува чиста 10 за упорноста....... сепак Кени мора да работи во делот за симулирањето.... вракањето на топката каде судијата не оштети...тој мораше да ја земе а не да чека за индиректен удар...исто така имаше повеке ситуации каде можеше и мораше да продложи да игра а не да симулира. Сепак одличен одличен одличен......па мора и тој да одмори малку на земја!;)

Макси - 6
Се гледа дека е далеку од ланската форма која ја фати на крајот од сезона.

Керол - 3
Мислам дека веке почнувам да го губам трпението за овој играч иако целиот тим се обидува да го скрие тоа со мотивационите изјави во медиумите. Едноставно не гледам никаков жар, не гледам никаков мотив за игра.....како да му се доволни само парите кои беа платени за него. КЕНИ МОРА ДА РАБОТИ МНОООГУ СО НЕГО!!!
Не му е првпат на Шкртел да игра бек....во 2009 на утакмицата со Мидлзборо играше десен бек ама тогаш изгубивме 2-0
Агер- мора да игра на ниво оти со доаѓањето на Коутс се зборува дека доведено му е во прашање првотимискиот статус на Агер
Од прилика добри ти се оценките само имам замерка за Енрике мислам дека изигра за 6, некако не делуваше сигурно во дуелите со Иглс а во напад беше слаб, така да мора да поработи Хозе на офанзивните задачи
 
Стеф...

30.05.1980 Time when the legend was born...
Член од
16 април 2009
Мислења
364
Поени од реакции
39
И да,Шкртел изигра перфектно и покажа шо треба да има еден дефанзивен бек,кој се приклучува во напад.Дефинитивно Кели треба малце да поднаучи и од него.
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Ептен се моќни Сити , ме плашат ...... има време кој ќе игрмае со нив али сварно се јаки , посебно нападот Нсри , Агуеро , Силва , Џеко . Баш ме интересира со кој состав ќе играме со нив ( иако има баeѓи време ) , според мене би требало со 3дефанзивци , два бека + адам , џеррард/лукас , кајт , даунинг и суарез :)
 
Г

Гучи

Гостин

Ко што игравме со Челзи минатата сезона..не им се плашам, ке паднат на Енфилд (y)
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Scum Utd 8 - 2 Arsenal ... загинаја топџиеве .

Мора да се стегнеме и те како ако сакаме да иаме шанса покрај овие за титула , имаме јака средина тоа ни е решен проблем сеа ни треба уште најмалку 1 напаѓач ( како замена ) , после еден десено крило ( Афелај) и уште некое засилуње за на клупа .... имаме јака клупа но ако сакаме да бидеме конкуренти за титула мораме да ги победуваме оние малине и да ваѓаме колку што можеме позитивни резултати со потешкине - Челси , Јунајтед , Сити , Тотнем , Астон Вила ,Арсенал ....

Треба да се уиграа уште малце новодојденциве - Адам , Даунинг и Хандерсон и ќе биде се топ .... состав кој треба да игра во остатоков од сезонава - Реина , Џонсон/Кели , Шкртел , Агер , Хосе , Лукас , Адам , Џеррард , Даунинг , Суарез и Кајт ....
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Реално оваа сезона да се избориме за ЛШ за мене ќе претставува успех. Реално, мора да се победуваат редовно малите екипи зашто тие победи носат повисок пласман да не речам и титула.
И нешто што го имама спомнато во повеќе наврати, играта без Керол во тимот е 10 пати подобра, брза, атрактивна за очи и ефективна. Лани ако се сеќавате додека Керол беше повреден, Ливерпул водеа со 2-0 уште во 20 минута, се друго беше егзекуција.
Како и да е подобри времиња доаѓаат во Ливерпул, тоа е сигурно:)
 
Член од
29 август 2009
Мислења
327
Поени од реакции
23
Еве видео од Хендерсон...Не знам кој го оценал како играч на натпреварот, али еве од видеово ќе процените засега нема ниаков потенцијал во овај. освен голот претпоставувам на среќа, ништо не прикажа...Денес го гледав Ман Јун, и онај Клеверли ми остави поголем впечаток него Хендо, страшно се нервирам вака кога ќе земат некој антиталент, па го играат прв состав. Еве ви видео. http://www.youtube.com/watch?v=cNNQPKva-KU
 
Стеф...

30.05.1980 Time when the legend was born...
Член од
16 април 2009
Мислења
364
Поени од реакции
39
Еве видео од Хендерсон...Не знам кој го оценал како играч на натпреварот, али еве од видеово ќе процените засега нема ниаков потенцијал во овај. освен голот претпоставувам на среќа, ништо не прикажа...Денес го гледав Ман Јун, и онај Клеверли ми остави поголем впечаток него Хендо, страшно се нервирам вака кога ќе земат некој антиталент, па го играат прв состав. Еве ви видео. http://www.youtube.com/watch?v=cNNQPKva-KU
Колку сакаш јади гомна за него,Кени ќе го игра во 1 состав.Ако Кени мисли дека дечкото има понтецијал и дека треба да го игра,нема тука шо да го плукаш.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343

Не знам зошто си толку загреан за вреѓање на Хендерсон ама ете сигурно си имаш причина за тоа, мене баш ми се допаѓа и обожавам да го гледам ако е наш само 3 натпревари. А Клеверли сигурно ти оставил голем впечаток при ударот право в голман од 7 метри.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Признавам и јас не гледав зошто ни е Хендерсон. Арно ама, по неколку статистики што ги сретнав по сајтовите гледам дека Хендерсон со перфектна константност се подобрува и тоа значително. Многу јасно дека мислењето ми се смени по последната утакмица бидејќи покажа стварно зошто е донесен и што може тој да придонесе. Со ова најмалку алудирам на голот. Креираше неколку добри гол-шанси и го имаше насекаде.

Дај боже да продолжи со таа тенденција на подобрување, па да прави по 7-8 шанси на редовна база.
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
ШПЕКУЛАЦИЈА

Ливерпул денеска понудиле 17 мил за Робин Ван Перси ..

Пфффффф .....o_O колку е вистина тешко е да се каже али денеска беше Камоли на Олд Трафрод така да .....
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Од почит и страв по животот на Венгер, се надевам дека тоа за РВП е само шпекулација. :D
 
Член од
29 август 2009
Мислења
327
Поени од реакции
23
Колку сакаш јади гомна за него,Кени ќе го игра во 1 состав.Ако Кени мисли дека дечкото има понтецијал и дека треба да го игра,нема тука шо да го плукаш.
Како прво ти да јадеш гомна а не јас, како второ ова е форум за дискусија па не е битно што ќе кажам јас или ти, и нашето мислење нема да влијае на одлуката на Кени кој ќе го стави во игра. А ако имаше абер малце од фудбал ќе забележеше дека Хендо моментално не е достоен да го носи црвениот дрес, ама ајде сега читав негова изјава дека уште не го покажал најдоброто, па ќе го покаже. Ајде да видиме. Иначе немам ништо против него, али криво ми е за изгубените бодови со Сандерлед, а тој играше на местото од Кајт, а Кајт да беше прв состав сигурна ќе беше победата.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967

Ако ти имаш малце абер, ќе знаеш деке неможеш толку брзо да носиш вака ТЕШКИ заклучоци!!!

П.С. знам дека мислиш МОМЕНТАЛНО...ама сепак.....опасен заклучок имаш.
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
И за лукас вака јадевте БУРЕЦИ па ете го дечкото како напредна , пред 3 години заради него ја изгубивме титулата - но ете колку е само подобрен и си ја врши совршено работата најконстантен и најдобар поединец ни е во тимот моментално ..... затоа почекајајте малце ( не одма гроб да му копапате) ако има потенцијал кај и да е ќе избувне ( ипак нова средина , нови играчи , нова тактика , не е секој СУАРЕЗ ) ....
--- надополнето: Aug 29, 2011 12:09 AM ---
Mirror - Coyle wants Ngog deal to be finalised tomorrow:cuc:

Фала богу ќе се ослободиме од уште едно дрво :cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom