Кога веке расчистивме дека Н’гог е миндалов кутук:kesa:, сакам да кажам нешто околу другите играчи кои ги споменувате.
Гледам во вашите планови се почесто во нападот ги ставате Кајт, Бабел и Јофче!
За Кајт....
Човекот веке 3 или 4 сезони е на позиција крило... со кој памет го ставате бре во напад? Треба да си луд Дурацел да го тргнеш од крило.
За Бабел...
Според мене веке му се испукани куршумите на тоа момче, според мене треба да го ставиме на излогот додека може да извадиме некоја цена. Бенитез тотално го уништи, така да не верувам дека тој талент кој го имаше ке излезе на виделина каде цела младост му помина на клупа а кога беше во игра беше ради реда и тоа на тотално погрешна позиција, што беше и причината тој играч да пропадне!
За ЈоФче....
Мислам дека не е за во шпицот, премногу е мек, а и башка и нема некој посебен талент да се носи во Премиер лигата. Според мене добар е за на клупа и за во последните 10 до 20 минути!
Така да ни останува само Торес.
Е сега малку за него.... знам дека ке ве разочарам.
Ел нињо секоја сезона ни е повреден по минимум 10 натпревари па и повеке. Веке подолго време се мачи со онаа “Хернија“ или кај нас популарно Кила. Бенитез пред 3 години мислам беше не му даде да се прави операција затоа што немаше избор во нападот. Со тоа тој го направи подложен на многу повреди.
Се повеке ме плашат неговите повреди, и се повеке мислам дека повеке ке се шета по болници од колку на терен.
Но ајде да не зборам пред рака да боже да се опорави и да стане Легенда во клубот.
За засилувања......
Напагач
Лево крило
Десен бек
Дефанзивен играч за врска
Образложение....
За напагач кажав, пошто неможе да се потпираме само на Торес, а и башка мислам дека Рој сака да игра со 2 напагачи. Така да еве ја причината.
За лево крило затоа што според мене до титула ни требаат играчи а не чичовци од по 30 год (Јофче) или пак доживотни таленти (Бабел). Мора да се пополни таа дупка со некој КЛАСА играч, некој како што можеше да биде Силва кој за моја жал си го продаде гзот за пари!
За Десен бек (никој не спомнува а?) го имаме Џонсон кој е не солиден ама добар во нападот, но некако не ми се свига (а верувам и на другите) како игра во одбрана. Прави ПРЕМНОГУ грешки. Така да ја претпочитам играч кој игра во последната линија да се снавага подобро во одбраната одколку во нападот, впрочем затоа е и таму!
За Дефанзивен играч за врска, моментално освен Џерард и Лукас (Маскерано не го сметам веке) немаме други. Сите знаеме со какви маки бевме лани и полани кога играше Лукас, така да мене не ми се чека да тој стане играч.... НЕ благодарам.... сакам играч за титула!