ДЕЛИО РОСИ:
Не го обвинувајте Муслера
"Голманот е само еден дел од екипата и понекогаш игра добро, а понекогаш, како во неделата, имаат лош ден. Не е фер да се обвинува само него за неуспехот во дербито бидејќи тој е млад и ова ќе биде големо искуство за него. Потребно е сега да се вратиме психолошки и на следните натпревари да се обидеме да го надополниме пропуштеното. Можам да прифатам дека загубивме од Милан, но во исто време да побарам прошка од навивачите заради нашинот на кој доживеавме пораз. Во првото полувреме скапо ги плативме грешките. Мислам дека причината за поразот можеме да ја бараме во заморот, едноставно фудбалерите на Милан се повеќе навикнати да играат по два натпревари неделно", смета тренерот на Лацио.