Смешна и несериозна е целава фрка која ја насочија кон Балотели.
Мислам дека Роналдо за Португалија и Меси за Аргентина го немаа притисокот над себе, не им беше наметнуван, олку колку што му беше на Балотели.
Наивен, неискрен и пи*ка од карактер е секој оној во тимот на оваа Италија која испадна и кој црлата или најголемиот дел од одговорноста го насочува кон Балотели.
Луд е оној кој искрено очекуваше, Балотели на своето прво Светско првенство, на 23 години и со се уште несигурен пристап и неконстантна форма да биде предводник на Италија, а во тимот има играчи со дупло и повеќе и авторитет и искуство и одговорност, па и класа од него.
Лудо, скроз безобразно и глупо е да им се преќути на одбраната (која Скај ја става во позитивците во Италија
) која прими гол на секоја утакмица, поготово имајќи ги предвид головите кои ги прими ( два во скок игра и еден од контра ) и кои беа показател на тоа колку беше лоша, а да се напаѓа играчот кој како - така ја донесе единствената победа на првенството.
Глупо е да не се спомне Киелини кој поготово против Уругвај појше беше на земја отколку во игра, Маркизио кој во најбитната утакмица го остави тимот со играч помалку, Барзаљи кој доцнеше и кај голот од Костарика и од Уругвај, општо одбраната и поставеноста во одбрана која прими гол и потфрли на секоја утакмица.
Скроз е безвеза сите да зборат и да бараат кривец во еден играч. Кога Италија беше добра ( против Англија ), Балотели беше еден од најдобрите на терен, кога Италија беше слаба и тој како и другите се стопи во сивилото.
Италија потфрли како тим, нема смисла да се бараат поединци кривци во играчите, а поготово кривицата да се лоцира кај Балотели најмногу.
Некои искусни фудбалери со изјавите вчера и бегањето од одговорност, кои стварно ги почитував, многу ме разочараа. Ги сметав за одговорни професионалци, спремни да прифатат одговорност како дел од неуспешен тим. Се покажаа као пи*ки.
Еднаш реков, ќе повторам. Доколку Балотели пропадне како талент, делумно виновни колку и неговиот карактер и темперамент, ќе бидат и неговите соиграчи, тренери, па и целокупната јавност баш поради притисокот кој му го ствараат со предвремените очекувања и вакви нереални осудувања.