Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Ако го земат Ковачич, ќе им опростам за нападот ако поминеме и со Касиедо или Заза.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Перишиќ се наоѓа во последната фаза од кариерата и логично е да сака да кешира и да извади максимум пари. Проблемот е што Интер не може да му ги даде парите што ги бара, едно поради тоа што немаат моментално толку, друго поради тоа што ќе се наруши можда хиерархијата во тимот и ќе мотивира други играчи да побараат покачувања. Реално не заслужува моментално 6м или колку и да бара, така да на лето нека се поздрават другарски и нека си тера даље у кариерата. Впрочем, затоа и се пазари Госенс, очигледно е дека Перо нема да продолжи.

Добар играч, прав професионалец, три сезони одработе на неприродна позиција и може само пофални зборови да добие за тоа. Интер практично крпеше со Перишиќ на левата бековска позиција поради немање на асален играч таму после бламирањата со Далберт и компанија. Време е за вистински лев бек, и тоа според мене преидеален за 3 5 2, проверен веќе во Аталанта.

Уште нападот и средниот ред да го освежат до летоска и бетонирај се на врвот уште 100 години.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Сега гледав возраст на тимот заради серија а темата, и ептен сме јаки бе.
Онана 25
Бастони 22
Шкринијар 26
Де вриј 30
Дамфрис 25
Госенс 27
Барела 24
Чалханоглу 27
Броз 29
Лаутаро 24
Џеко 35.
Уште да најдат замена за Џеко и имаме бетон прва постава. Ако стварно дојде скамака, ондак партали. Костурот може да игра во прајм барем 3 сезони и ќе треба да се мисли само на играчи за ротација кои верувам дека марота може да ги обезбеди и на фрее. Има многу искусни играчи ко џеко, дармијан, видал што ги прибравме и би биле одлични за ротација.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Госенс е машинерија, свака част за потегов, може и најдобар лев бек во Серија А. Очигледно го земаат како замена за Перишиќ и од идна сезона очекувам да се врати во форма и веќе да биде уигран. Ако се врати (не гледам зошто не би) во старата форма, ќе добиеме голем апгрејд лево, со Дамфриз ќе ораат по страните, идеален играч за 3-5-2.

Перо откако се врати од Баерн игра доста добро, голем професионалец и борец е, ама реално во залез на кариера не заслужува толку голема плата, така да нека си фати патот. Госенс и Бастони по лева ќе биде порно, убедливо најдобри во лигата ќе бидеме на таа страна.

Сега да не играат курот и да го донесат Скамака и тоа е тоа.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Каиседо е најверојатно "засилувањето" за во напад. Ок, ако го донесат Госенс овој трансфер рок, не можам да им замерам за Каиседо иако очекував некој подобар.
Али ако е вистина она што го кажа фудбалскиот агент Валкареџи за Интер дека го договориле Дибала, тогаш Каиседо е more than welcome до Јуни. :)

П.С. Ако Каљари го продадат Нандез на Јуве или било кој друг италијански тим, Интер треба да прекине секаква соработка со нив и секој пат кога ќе се иде во Сардинија да се мотивираат како да играат за титула ЛШ и да им пунат мрежа на пацерите. Десет години уназад ги полниме со играчи, сега читам Нандез за помалку од тоа што го нуделе Интер летоска ќе идел во Јуве.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.052
Поени од реакции
12.510
Каиседо е најверојатно "засилувањето" за во напад. Ок, ако го донесат Госенс овој трансфер рок, не можам да им замерам за Каиседо иако очекував некој подобар.
Али ако е вистина она што го кажа фудбалскиот агент Валкареџи за Интер дека го договориле Дибала, тогаш Каиседо е more than welcome до Јуни. :)

П.С. Ако Каљари го продадат Нандез на Јуве или било кој друг италијански тим, Интер треба да прекине секаква соработка со нив и секој пат кога ќе се иде во Сардинија да се мотивираат како да играат за титула ЛШ и да им пунат мрежа на пацерите. Десет години уназад ги полниме со играчи, сега читам Нандез за помалку од тоа што го нуделе Интер летоска ќе идел во Јуве.
Нандез сем што има фенси презиме (?) јас стварно не гледам нешто посебно во чоекот.
Слободно нека иде кај му душа сака.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Нандез сем што има фенси презиме (?) јас стварно не гледам нешто посебно во чоекот.
Слободно нека иде кај му душа сака.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Абе не е Нандез и неговите квалитети тема на муабет, туку односот на газдата на Каљари према Интер.
Нема сезона да не им дадеме играч. Наинголан буквално беше купен од Интер за да игра за Каљари. Нема да ме чуди ако испадне и ние да сме му плаќале поголем дел од платата.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.052
Поени од реакции
12.510
Абе не е Нандез и неговите квалитети тема на муабет, туку односот на газдата на Каљари према Интер.
Нема сезона да не им дадеме играч. Наинголан буквално беше купен од Интер за да игра за Каљари. Нема да ме чуди ако испадне и ние да сме му плаќале поголем дел од платата.
Не знаеме дали воопшто Интер го барал Нандез.
Гледаш како мудро си тераат Марота и Аусилио.Апсолутно никој новинар го немаше спомнато Госенс пред да го договорат :)

Сакам да речам - може биле новинарски шпекулации за овој Нандез

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Не знаеме дали воопшто Интер го барал Нандез.
Гледаш како мудро си тераат Марота и Аусилио.Апсолутно никој новинар го немаше спомнато Госенс пред да го договорат :)

Сакам да речам - може биле новинарски шпекулации за овој Нандез

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Летото споделив изјава од спортскиот директор на Каљари за пропаднатиот трансфер на Нандез во Каљари.


Капоцука, спортскиот директор на Каљари:


Прегледај го приврзокот 303531
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
734
Поени од реакции
1.170
Го бараа Нандез пошто го планираа место Хакими. Сакаа да го земат на позајмица ама после отиде Лукаку и го земаа братот Думфрис.

И мене не ми е ништо посебно Нандез, сега веќе кога сме десно покриени повеќе би сакал некој помлад и перспективен (фратези) пошто у броз, барела и хакан има уште неколку години фудбал заедно.

А за односот на Каљари, од стално биле гнаси ги памтам .. со Морати 3 години се натегаа за Суазо и дојде овој и флопна невидено.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.915
Мислам дека го бараа летово, ама откако пропадна тоа никој веќе никогаш не го спомна. Поготово сеа, кога десната страна уопште не ни беше приоритет за засилување.

Него интересна информација, сме ги барале Диње, Костич, Бенсебаини и Телес за лево, ама никој не бил достапен на позајмица, па си рекле што ги ебам ќе го зеам Госенс. :pos: Еднаш и ние да ушпараме еден јуве трансфер, 18 месеци позајмица со откуп.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Госенс најверојатно утре на медицински, позајмица со задолжителен откуп 25-27 милиони, 3 милиони плата.

Ако не го афектира премногу повредата, чиста кражба. :love:
Автоматски споено мислење:

Госенс најверојатно утре на медицински, позајмица со задолжителен откуп 25-27 милиони, 3 милиони плата.

Ако не го афектира премногу повредата, чиста кражба. :love:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Што вика Стекот, Перишиќ се наоѓа у таа фаза од кариерата каде ќе кешира у небитен клуб 2-3-4 години, ќе игра бетон прва постава у второразреден клуб 2-3-4 години или ќе остане у Интер да дели минутажа односно да влага од клупа 1-2 макс 3 сезони и после ќе иде у пензија.
Јас го сфаќам со изборот, дали тоа ќе биде кеширање негде у Азија или ќе си игра прва постава у рандом бундес лигашки тим или некој од калчо. Мислам дека и самиот е свесен за ова и затоа гледа да извлече што е можно поише од Интер, не со намера или со цел да го преебе клубот, ако пројде пројде што би се рекло.

Грозниот да отиде у Лацио има да изигра 240 утакмици. :D

Нема што за него, го зборевме пред некој месец, заедно со Икарди, Хандановиќ па и Брозо дефинитивно најдобар играч у бантер ерава, едно 7-8 до 10 години сигурно. Прав професионалец, доктор, физичка машина, многу интелигентен играч, разбира со двете нозе иако сеуште е енигма дали е левак или деснак, еве со Стекот отворен спор иаме веќе 5-6 години колку што е тука, Стек вика левак е. Игра со глава, дуел игра, одбрана, едноставно рине, големиот Иван Грозни.

Како и да одлучи понатаму нека му е со среќа.

Што се однесува на Госенс, ко што најдов низ нетов, дружето тренира веќе и кај и да е се очекува да заигра. Со оглед на тоа што Перишиќ е у топ форма јас не би брзал со Госенсовото дебитирање. Нека го следат докторите неговиот опоравак и полека полека нека го враќаат у физичка форма. Таман таму негде средина на март да се зацементира прва постава, чисто колку да овери титула.

Марота е доктор за вакви чаталџии како Аталанта што за секој втор играч бараат 600 милијарди. Влијаеше тука и повредата секако ама мафијаш е Бепе и нема кај него заебанции. Види го, од 40 милиони евра суми што се вртеа летоска сеа го донел на некои 22 милиони.
Нандез глеам сте го спомнале, ако стварно го сака има да го земе на 2 годишна сува позајмица и можност за откуп од 12 милиони евра ако у 2046та година се пласираме у ЛШ.
*мислам дека и за Госенс се појави некоја ваква бесна клаузула, ако следната година се пласираме у ЛШ, ќе земат уше некој денар.

Внимавајте летоска како ќе ги земе Скамака и Фратези од Сасуоло.

А за нешто друго дојдов на темава, испозамарав и забораив.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Успат сме договориле и лични услови со Бремер.

Ако се договорат со Торино пакувај му го де Фрај на Конте одма, пиши ќар колку шо треба и лапај си камен штоперска тројка за наредни 5 години. :uzi:

Шо чоек е Марота еј, Костич, Мостич, Нандез, курац и во 2 дена ќе ги спакува едни од најбараните играчи во лигата.

Шо остана уште, Дибала, Фратези и Скамака? :kafence:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom