Навивачиве на Јунајтед се многу поделени во однос на Лукаку. Од тоа дека во прием на топка не бил баш Денис Бергкамп

до тоа дека не му дале доволно шанса или соиграчи или што ти ја знам.
Како и да е, проблемот со него е физички. Не е дебел ама има конституција како Попај Морнарот. Не знам што може да одигра со топка во оваа форма. Ќе мора да намали од тоа мускулите. Сега брзо ќе го донесат во ред ама не може вечно на салата да го држат. За сега ми се допаѓа само како зборува кога има интервју, лајкабилен е, уште да клава голој и топ
Санчез ми беше голема желба кога беше во Удинезе. 25 милиони бараа тогаш, цените не беа надуени. Да го земеа тогаш ќе заработеа пара на него. Сега е друго ама не би имал против ако дојде под прифатливи услови. Ако е спремен на намалување на плата тоа значи и дека не е цицач, дека му се игра. Промена на средина може да одигра значајна улога.
Сепак, најголема причина е што и ваков утепан Санчез за Кандрева и Далберт е Меси, Пеле, Роналдо Р9 од најдобрите денови, Марадона, Рафиња, Кафу, Роберто Карлос, Маикон, Карл Хајнц Румениге, Стојанче Стоилов, Христо Стоичков, Георге Хаџи, Хакан Шуќур, Дејо Савичевиќ, Дејо Станковиќ, Андони Зубизарета, Бред Пит, Том Круз, Обафеми Оба Оба Мартинс, Жорж Веа, Давид Жинола, Ерик Кантона, Златан Ибрахимовиќ, Брус Ли, Жозе Мурињо, Ето и Милито, Усеин Болт, левата нога на Дејвид Бекам, десната нога на Дејвид Бекам, Артим Шаќири и сите Панини албуми од 90-те во едно.
Матер им неспособна...