На Инзаги може да му се замери само поразот од мртвиот Милан, па земаа после нас залет играчите на Милан.
Синоќа одиграа доста солидно ама сепак разликата од сериа а и премиер лига е очигледна, на страна и играчкиот кадар, сила имаат само до 60/70 минута на овакви утакмици од повисок карактер, после паѓаат, дали е психички проблемот или кондиционо тоа треба да видат во клубот, истото се случи и со Реал, можеби таа и оваа синоќа второ полувреме се до голот им беше една од подобрите утакмици во сезоната. Нема што да се разочаруваме.
Сега шо треба е само сконцентрирање на домашното првенство и купот, мора да се добие во полуфиналето Милан.
Недоволно квалитетните замени се причина за падот. Не мислам дека е нешто до психата или кондиционо. Сите овие натпревари ги имаме изгубено во последните 10-15 минути.
Реал ги има Асенсио, Камавинга, Валверде, Хазард, Иско и Јовиќ на клупа додека Клоп може да смета на Фирмињо, Кеита, Хендерсон...
Кај нас на клупа се Весино, Димарко, Гаља, Ранокија, Санчез..
Иам зборено многу пати за ова, кај нас е огромна разликата од првотимците до замените и многу го менува текот на играта кога тие ќе влезат.
Затоа и немам никакви очекувања во ЛШ и се молам да ни се падне полесен тим за да стигнеме што подалеку. Против тимови како Ливерпул, Сити, ПСЖ немаме што да бараме во двомеч.
Ми се чини следната година откако ќе се ослободиме од доста чуњеви ситуацијата ќе се подобри. Секако, битно е и што ќе се пазари иако ферски е да кажеме дека немавме среќа со купување на back-up играчи последниве неколку сезони.