Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.712
Поени од реакции
115.467
Ete Tudor so Verona gi rasljaka Juve doma, zasto mislis deka so ovoj Inter ne bi mozel da gi ima istive rezultati i na Inzagi, mislam deka sekoj prosecen i tretorazreden trener mozese da osvoi 25 od mozni 36 bodovi
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Ај оди полиј се со бензин и запали се негде.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.712
Поени од реакции
115.467
Не еве вака ќе одиме само за да докажеме пред јавноста дека треска зелени, иако на него никад нема да му докажеме. Ајде фино лепо сакам извештај за тоа колку бода сме освоиле лани после 12 кола. Да споредиме ете ланскиот моќен Интер со Лукаку, Хакими и Ериксен во тимот плус Конте на клупата. Да видиме чисто дали Тудор би освоил исто поени како и Конте лани.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.144
Поени од реакции
46.175
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Ај оди полиј се со бензин и запали се негде.
Ради вакви мртви постови Ио зема еднаш да ве анализира и ве погоди максимално, се фаќате за една глупа ствар и ја терате дискусијата у тотално погрешен правец што нема допирна точка со тоа што е всушност кажано, па ај ќе се смееме и вреѓаме и ќе лапаме лајкчиња јер ние го држиме високиот стандард на хумор на кајгана, тоа е таа расеана токсичност на форумов.

Сериозно требаше Цапар или Мрме да ги спомнам, го вртите муабетот ко ја да сум рекол дека сепак Тудор ќе беше боље решение летово. Ако вие мислите дека Инзаги е единствениот тренер на светот, од оние второразредните, треторазредните или мрмеразредните, кои на располагање би го имал моментално најсилниот тим од старт на сезона, и притоа освои 25 од можни 36 бода, ондак тоа е ваш проблем, не мој.

Ја мислам дека со моменталниве најдобри 11 на располагање од старт на година, има бајаги тренери на светов кои без проблем би го имале истиов скор, значи 11 изгубени бодови, 0 победи у дерби утакмици, лоша одбрана, лоша кондициска спремност. Сепак овие се одликите на моменталниот Интер, дали тоа тебе ти одговара или не, небитно е, ова не можете да го побиете никако зашто си стои ко факт кој секој од нас го гледа. И да не заборавиме, како што милувате да пишувате, сепак и покрај Се што се случи летово, овој Интер на хартија сеуште е најдобар во Италија ... така?

Инзаги не гледам како нас не импресионирал до сега, моменталните резултати и игра се на рамниште кое во никој случај не треба да е задоволително, на што личеа вчера задњи 10 минути ти мене кажи ми? Нормално ли е да се допушти таков кондициски пад против екипа која го има истиот проблем? Исто и со Јуве колапс на крај доживеаа, за Лацио да не спомнувам каков хаос им се деси во задња фаза у меч. Треба да мижам пред очигледното? Истиов проблем и со Спалети го имавме така да многу добро знам на долг рок како тоа може нас да ни се одрази. На старт на сезона ако умираат, како ќе се понашаат на средина од истата или на крајот од истата?

Доаѓаме до дел од сезоната кога е потребен многу поголем напредок од она ниво на кое што сме сега, истиве проблеми ги имаме од старт на сезона, не е многу променето од тогаш до сега освен во одбраната, поорганизирано делуваат за разлика од првите неколку утакмици.

Муабетите тука се, абе уживај, ќе паднат Милан и Наполи, ова им е плафонот, ок, нека е така, тој пад после тоа некој треба да го искористи, Интер сеа за сеа не негува фудбал што мене како навивач ми гарантира дека со сигурност ние ќе бидеме тие што тоа ќе го искористат, бар до овој момент така стојат работите.

За да тоа биде случај треба да се стабилизира максимално одбраната, да ја добијат онаа сигурност што лани ги красеше баш од Ноември до крај на сезона, физички да се вратат на нивото со кое ќе се способни до 98ма да играат и да се надигруваат, 5 измени има побогу бар сеа е полесно тоа да се менаџира, да најде игра и филозофија која целосно ќе одговара на тоа со кое сега располага у тим, да не измислуе топла вода или да иде со глава кроз ѕид со некои тактички замисли неидални за овој Интер.

Додека ова не се среди ќе тераме со 1-2-3 победи у низа па глуп кикс каде ќе сме немале среќа пак, па дерби каде пак ќе немаме среќа и нема да тепаме, и така у круг, константност на добри резултати се знае само кога може да се има, конечно после долги години можевме тоа да го просведочиме лани, и пак сеуште не сте свесни за истото и се надевате дека овој моментален Интер тоа ќе ви го достави. Не, нема, не е можно тоа, и загрижува фактот што сеуште не сме до некое ниво блиску до она кое нас може да ни овозможи добри резултати во континуитет, ноември е, најдолгата серија на победи ни е 2 по ред у Лига, сеа за сеа, тоа е тој pattern 1-2-3 победи па кикс кој моменталниов фудбал ни го овозможува.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Интер лани во првиот дел од сезоната односно по првите 18 одиграни кола не примил гол на само 4 утакмици и притоа ниеднаш не врзал минимум 2 кола по ред без примен гол.

У 18то коло против Јувентус е таа 4та клин шит утакмица по која следат уште 3 врзани утакмици без примен гол. Па Лацио ја прекинал низата, па следат уште 2 врзани без примен гол, и после трчи трчи сопни се, уште 4 клин шита до крај, 0 врзани.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Хахаххаа, ах бе Син, изговорите за работата на Инзаги се типични за лузери, а изговорите на Конте беа ок? Јас сакам да ти доловам дека на едниот му даваш време на другиот не, не знам кај глеаш дека ти викам да не критикуваш. У крајна линија ми падна у очи, ти поставив прашање, толку. Нит ти кажувам што да очекуваш, нит да не критикуваш, нит па не дај боже да ќутиш.
Искрено, мислам дека стварно му е голем залак Интер, ама тоа е нормален тек на работите, мора да проба, ако успее ќе стане врвен тренер, ако не успее, ќе се дружи со брат му по Серија Б.
Абе се раскараа на почеток на сезона, Син од една и двоецот Стефан-Џонтра од друга, за Конте-Инзаги споредбите. Па стана жустро, се вадеа скриншотс од разговори на фб, свашта имаше. Ти, несвесно, штотуку се заплетка во season-long дебата меѓу овие два табора. :icon_lol:
Чисто да ти дадам бекграунд инфо, дека влогот е голем во овие муабети. Да се случи да освоиме титула на 10 кола пред крај, едната страна ќе тврди, ништо посебно, можело и на 11 кола пред крај. И обратно, да завршиме на 10то место и 4ти во ЛШ група, другата страна ќе тврди дека Конте ќе бил 11то место и играта ни била добра, али сме немале среќа. Епска борба ќе биде до крај.

Викам ја дека си печена за во овој фан-клуб. Процесот на иницијација е една убава, фина дебата со долги постови со Син. Штотуку го заокружи процесот и те чека значката.

П.с. ја оваа рунда му ја давам на @Syn , нека ми извинат Стефан-Џонтра кампот. Човекот победи со употребата на "мрмеразредни" во реченица. :pos:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ама колку му нема сврха тој муабет дека Тудор и Де Зерби ќе ги имале истиве резултати. На страна тоа што нема.

Истово му го зборевме и првата сезона на Конте, кога каскаше зад Јувентус на Сари и коа му викавме дека и Спалети и Манчини истово ќе го правеа само немаше да зимаат 12 милиони плата и немаше јавно да плукаат по играчите и клубот.

Што е поентата на овој муабет, демек сме имале боље избор од Инзаги ама сме се одлучиле за него и сеа ќе спомнуваме де зербовци односно мрмеразредни тренери.
Инзаги беше најбоље опција после Конте и одбивањето на Алегри во моменти кога немаше ќорав тренер достапен.

Не не, да иам временска машина ќе го вратам сеа назад у јуни месец и ќе му го стаам Синиша за тренер па да го видам после.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.144
Поени од реакции
46.175
Да, да не беа тука Спалети и Манчини и да не завршуваа бајаги зад екипи од кои имаа далеку подобар ростер, можеби и ќе се согласев со вас, ама за жал беа, и резултатите им беа такви какви што им беа, далеку од она што беше окарактеризирано ко максимум на тој нивни Интер.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.580
Не е Инзаги крив што главниот играч во тимот е далеку од лидер или голгетер, Мартинез е во толку лоша форма што ме потсеќа на Едер, се врти наоколу а никаква корист од него.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.671
Поени од реакции
790
Абе факт е дека двојни аршини владеат...

Пинтус го бараат после 15те задњи минути вчера, демек кондициски паднати бла бла...

А после пресвртите со Верона, Фиоре и кои беа таму, кога у второ не се видоа другиве, муабетот беше дека физички сме ги издоминирале итд итд па ќељавион никој не го збореше...

На Конте лесно му се прашта бламот у ЛШ, поготово ланскиот и 4тото место.
Ериксен му грееше клупа на Гаљардини и добиваше минутажа колку македонче што издржуе у кревет (2.5 минути)...

Конте беше далеку од цвеќе за мирисање, али дека донесе титула после Хх години - донесе. Молим лепо.
Ме изненади со Тотенхем ко клуб што го зема, ама лета по паричка батето. Мислам дека нема да донесе значаен успех таму.

Инзаги е донесен за пласман ЛШ да обезбеди, сите изјави на Марота, Занети итд се околу тоа, а не околу титула. Со Роналдо у Јуве, никој овде не се ни надаше на титула. Ама после трансферот у МенЈу, пораснаа апетитите на форум-стручњаците и сите очекуваме титула.

Милан и Наполи ќе паднат. Пиоли е класичен пејсмејкер... прашање на време е кога ќе почнат да тонат.

Се согласувам дека во ниедно дерби не бевме надиграни. Останува уште Шахтјор дома да се добие и трите must-win ЛШ мечеви да се добиени и обезбеден пласман у нокаут фаза. Значи тимот/тренерот не потфрлил кога бил под притисок. Да не зборам за 12те милиона еура за пласман у најбољи 16 само од уефа.
Кај се тв права, влезници, а-у...

Конте доживеа тежок ДЕБАКЛ, ФИЈАСКО на ова поле у негова ВТОРА сезона овде, трансфери што сам си ги бираше, целосно одврзани раце...

Инзаги е овде 4/5 месеца, ако дадовме време на Конте со донесени Барели, Лукаковци, Ериксен, Видал (он си го сакаше де), Хакими... итд итд, може да дадеме време и на Мистеров со Дензелчо и дедо Џеко у екипа.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.144
Поени од реакции
46.175
Никој не му го одзима времето на Инзаги, у ниеден наврат не сум рекол дека треба да се отпушти, освен ако не е некоја сериозна пара во игра у позадина и сериозен тренер у прашање, во тој случај нема да глумам сентиментален калчо романтичар и сеедно ќе ми биде дали ќе е ногиран или не, у случај на нови газди, и пикиран и договорен класа од тренер.
За Инзаги и негово отпуштање ќе се размислува ако почне да извисува од ЛШ битката, во спротивно неговото место во тимот е згарантирано али тоа не значи дека треба да му се праштаат пацераји во иднина само зашто Џеко или Дамфрис му дошле, или зашто ланското лето беа значително осакатени.

Ова последново и за Милан важи, ако е нешто исклучок од последното трансфер лето кога све ни се деси, е фактот што имавме пример да го просведочиме најлошото меркато во историјата на калчо фудбалот, каде никој осетно не се засили и повеќето клубови ослабнаа, и тоа значително, цела голема тројка претрпе големи загуби, Јуве изгубија one man show играч кој им беше све што вредеше у екипа, за Интер знаеме, и за Милан знаеме.

Вака од страна ако гледаме само Наполи успеаа апгрејд некаков да направат, земаа еден анонимус у средина црн ама им легна добро, Спалети е далеку подобар тренер од Гатузо, не знам за некои други трансфери дали направија ама главниот костур од тимот им остана негибнат.

Така да и покрај дебаклот што Интер го доживеа летово, развојот на настани кај останатите може да им укаже шанса да се борат за титула и сеа, јуве се класичен пример за тоа бидејќи беа главни фаворити според кладилници пред старт на сезона.Веќе следно коло им е прилика за да фатат позначителен приклучок во таа битка, али за да го добиеме одговорот на тоа прашање, дали овој Интер може до титтула, на теренот треба да го гледаме макисмумот од она што е истрчано на истиот, во спротивно ќе добиеме една спалети сезона, кога на крајот остануваше тоа горко чувство дека можело многу подобро али тренерот не успеал тоа да го достави, ко што на пример беше случај и со Конте и групната фаза од ЛШ.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Му ги прочита некој последните два-три поста до крај? Ама бидете искрени ве молам. (Ок Урко не замарај со финта за мајка очигледно е дека тоа ќе го кажеш, кеј?)
Јас секад го читам Урко до крај. Пред некое време пишував за тој еден колега што ме нервира и намерно не го бришам од фејсбук. Истото важи и за Урко, колку и да ме нервира и колку и да знам што пишува и колку и да се повторува у тоа новелите што ги штанца сепак секогаш го читам до крај.

Има нешто болно у мене штом намерно сакам да се нервирам.
 
Член од
29 април 2012
Мислења
364
Поени од реакции
240
Му ги прочита некој последните два-три поста до крај? Ама бидете искрени ве молам. (Ок Урко не замарај со финта за мајка очигледно е дека тоа ќе го кажеш, кеј?)
Ja go citam samo koa serem
 

Kajgana Shop

На врв Bottom