За извртување на поента мислам дека ти нема рамен, ќе ти остаам како викаш така нека биде. И за обраќање во множина исто имам проблем, но нејсе.
Е сеа, мојот пост
@Syn е една ипол реченица, како успеа се‘ ова да ми го прилепиш у постов, види почеток на овој пост.
Од моја страна можам да кажам дека кога и да сум те прочитала, за било што откако е почната сезоната имаш еден единствен кривец, а тоа е тренерот. Можеби си (или ќе бидеш) во право, ама во меѓувреме (за мене нелогично) скроз ти е оправдано што со ваков тим не се нафатил Конте и тоа да ти било шампионски менталитет. Ја пре би рекла нешто друго, ама и тоа е matter of perspective. Нормално дека мора да се критикува секој тренер, ама ти не критикуваш, ти обвинуваш. Ете во постови пред почеток на сезона си рекол дека ништо не очекуваш, а од почеток до сега секое коло го обвинуваш тренерот дека не доставува. Не очекуваш ништо ама сепак не доставува тоа што очекуваш. Ете тоа е тоа во врска со споменатата субјективност.
Јас нормално дека го сакам Инзаги, беше во Лацио 22 години, ама веќе он нема никаква врска со мојот тим, па немам никаква причина да го бранам или правдам за тоа како работи во друг клуб.
И знаев дека ќе сакаш да се караш, јас не сакам, еве однапред ќе признаам дека си во право.
За Конте влечеш претпоставки иако мислам дека поим немаш како се одвиваа работите на релација Конте и управа, односно пред се, Конте и кинезите, зашто Конте немаше проблем со Марота или Аусилио. И претпоставките ти се погрешни ама тоа е друга тема на муабет.
Поентата ти ја изврте од старт велејќи дека ја сум фантастично субјективен, затоа е и цел тој пост за да ја видиш позадината за моите ставови. Ти тераш на изговори, истите изговори и проблеми важат и за други тренери
па истите вадат бољи резултати од Инзаги, таквите изговори се типични само за оние тренери кои се окарактеризирани како лузери во овој спорт, второразредни и треторазредни имиња за кои остатокот од светот не се ни замара со нивното постоење.
И од кај тоа дека не очекувам ништо, навивам Интер да победува и освојува титули секогаш, која е иначе поентата да навиваш за еден клуб ако не се надеваш на најдоброто, за титула кажав зашто е претешко да се освои, цело мое долгогодишно гледање на фудбал ми налага да имам таков став, зашто Интер ќе бидат уникатен пример ако тоа се деси, али под дифолт тоа не значи дека тимот не треба да го доставува она најдоброто кое го поседува. Па ако тоа на крај значи и титула, браво за нив, браво за Инзаги, ако значи ЛШ, исто, али ако се потфрла ... очигледно, мислам дека е нормално и да се критикува, не?
Ако се прават грешки, ако се игра лошо против послаби тимови, ако се примаат многу голови а притоа имаш најбоља одбрана у лига, ако кондиционо издишуваат после 70 мин фудбал, ако не се победува во дерби средби и тн и тн, да ќутам или ќутиме треба после тоа? И јуве ќе ги земам како пример, ова сигурно не е максимумот на тој клуб само гледам поголемиот дел од навивачите на тој тим тука се свесни дела Алегри сеа за сеа не им доставува и покрај сите други проблеми со кои се соочува тој тим.
Ова се све работи кои идат на сметка на тренерот, сакала ти или не, секогаш, нормално дека он ќе ми е таргетот во тој случај, не глеам поента да ќутам ... на форум, на крајот од денот, посочувам само на очигледното, ништо повеќе, у никој случај не го предодредив Инзаги дека нема да успее зашто глеам и тоа ми се препишува а не е точно.