Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
А тебе ли ќе те прашам што и колку да трубам?На мајкати да не е форумов,темава или штокуридае??

Све некои шерифи станавте на форумов,некои самопрогласени шефови,курови,бесови...

Ај таму игнор копчето најди го и олабај се и ти,а и олабавиме и мене.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Јас знаев дека не ти е добро само не бев сигурен.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
Ако сакаш и адхоминем ќе тераме ама искрено испод чест ми е.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Немам јас ништо лично против никој освен Поздрав топол на форумов.
Никогаш претходно не сум влегол во дискусија со тебе затоа што си бил генерално ок.
Откако ги продадовме Лукаку и Хакими ти се претвори во кочијаш.
И пак два месеца воопшто не те цитирам ама преку кур, ептен си досаден со кинезите и одредени два-тројца играчи кои те нервираат тебе лично.
Тие фори со игнорирај ме, не глуми шериф ти се многу очајни и обично ги користиш кога немаш нешто паметно да кажеш.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.128
Поени од реакции
40.773
Види сеа пак истите муабети, ама пошо ме живцираш ќе ги правиме пак.

1. Кој кур е Конте да си оди од тимот ако му е речено дека ќе си оди 1 играч од тимот, т.е. Хакими? КОЈ КУР? Па имаш тренери што пола тим им продаваат па ништо не викаат (не дека го оправдувам ова ама ко пример чисто), еве Куман глеј што му се деси летово, Гризман и Меси у еден преоден рок, лани Суарез, и глеам ете си отиде налутен у гневен пошо не му го поштуваат проектот. Ќе разберев ако си отидеше да немаше корона криза, рестрикции од Кина и слично, ама вака испадна путе и ништо повеќе.

2. Конте дојде 2019 година у тимов, газдите имаа проект, пари, куп фанови на стадион, се беше како што треба. И? Корона дојде у 2020 и еба матер на се. И изгледа Конте не го болеше кур што се деси сето тоа па одлучи да се лигави дека не му оделе по договрениот план. Неее бе сереш друже? Стварно? Баш чудно.

3. Никој не спори дека Конте донесе Скудето после 11 години, ама дека ќе праел династии, ќе освајал ЛШ и слично се муабети за мали деца. Едноставно човекот нема капацитет да освои елиминациско такмичење, барем за сега, ќе видиме во иднина али чисто сумњам.

4. Конте е силеџија од тренер, не игра фудбал убав за око и затоа му се краткорочни добрите резултати, сезона до две и поздрав.

5. Кратко и јасно одговори ми, БЕЗ ДА СПИНУВАШ И ЗАМАРАШ, ако Инзаги освои Скудето со цитирам: стариот и умрен Џеко, мртвиот Хакан и језивиот Дармијан, притоа без Лукаку, Хакими и Ериксен и пројде групи ЛШ, што ќе биде твоето мислење за Конте? Каков ќе биде изговорот?
1.Тоа е тоа површно размислување, испаднап путе.
Клубот ти е воден од дете од Кина, преку зум апликација, у задњи 2 години. Претседателот на тимот, од човек кој секој ден беше во Милано и одеше на сите натпревари, стана претседател кој еднаш во годината иде у Милано и само преку зум те информира дека клубот е за никаде и ти удира ручна на идејата Интер да стане доминантна сила во Италија, ваљда зашто компанијата на татко му во Кина почна да се распаѓа со брзина на светлината и секако тоа им беше приоритет нив, НЕ интер. Еден клуб најди ми кој беше воден вака у задњи 2 години, ЕДЕН. Ама ок, Конте бил путе зашто Сунинг ја уништи неговата идеја од Интер, клубот за кој навиваш, да создаде доминантен шампион во годините што следат. ОК. ете, Конте е путе поради истото, така кажа стек од ченто. Нека е.

И со цел памет Куман морковот ми го спомнуваш, по низа случајности што се нашол у Барса а не каде што припаѓа, у Аз Алкмар. Боже мили каков пример ми дае, Куман морковот. ОК стек.

2. Короната дојде за цел свет, не само за Интер, не го терај тоа како некаков изговор, Сунинг како копманија се распадна периодов, имаа само план А како да се води клубот без план Б и Ц, кога дојдоа рестрикциите во Кина уште пред короната тоа се одрази врз Интер, Короната само даде буст на и онака проблематичното водење на клубот ради Кина како држава. Имав разбирање и имав и имав ама куршлус пукна последново лето

Им се распадна кинескиот клуб после освоена титула, го банкротираа и избришаа од фудбалска мапа, компанијата им доживеа тежок удар, за Интер се замараа други луѓе, Марота, Аусилио и Конте, Интер за Сунинг задњи година-две не постоеше освен на тие пар зум комуникации што ги имаа со тимот каде им беше пренесено дека клубот е во очајна ситуација и излезот лежи во тоа да се продаваат најдобрите. Значи тимот инкасираше 200м евра, ДВЕСТА стек, не беа кадарни ни 30 да потрошат, па ова ако не ви збори за очајот во кој влеговме, што повеќе ? Ама корона имало ... ме боли кур, ние имавме шампионски тим, со шампионски тренер, клуб кој загарантирано ќе владееше во Италија во годините што следат, тоа Сунинг го УНИШТИ, сеа не знаеме на што сме, ама у никој случај ја немаме гаранцијата за успех што ќе ја имавме со Конте и неговиот план за Интер, у моментов работите се такви и тоа е факт.

Колку што добро направија Сунинг за клубот, а направија, толку и лошо изнудија во задњи година ипол, ако ги фалиме за добрите работи, зашто се плашите да ги критикувате за лошите кои дефакто се тука и постојат, сеуште постојат

3. Дали има или нема капацитет небитно, моментално имаш полош тренер од него во клубот кој сеуште ништо големо не освоил, сеа тебе ако ти е целта Интер да има полоши играчи и полоши тренери у иднина, ок, нема што тука веќе да се дискутира. Логиката мене ми вели дека тимот не треба да се ослабнува, Сунинг го ослабна, драстично, тоа под дифолт е голем проблем, барем треба да е, али за голем дел од навивачиве бар тука на форумов глеам не е јер конкуренцијата е слаба. И тоа е она што мене ми смета, а не што Инзаги е сеа тука, а Конте не е, фактот што Интер како клуб е драстично ослабнат од ланската сезона а ти ко навивач се тешиш со фактот дека и со другите во Италија е тоа случај. :) Кој ти е овој левел на размислување, уште изглеа не си свесен дека Конте и неговата идеја за Интер следнава сезона ќе ти доставеа титула со едно 20 бода поише од моментално смешнава конкуренција, од која за жал у моментов не се издвојуваме многу.

4. Зашто 10 години замараш тогаш за Симеоне, според твојата дефиниција за силеџии, он е убедливо најголемиот моментално во фудбалот и најсериозно ти тврдам дека Конте за него игра далеку подобар фудбал. Резултатите на Конте не гледам како тоа се краткорочни, па во Јуве создаде генерација на фудбалери што 10 години доминираше во Италија, основата он им ја постави, мислиш ако останеше немаше да продолжува да освојува титули со нив ? :))))
Пред некој да ми каже ама таму Марота беше одговорен за истото, што делумно е и точно, само нека провери каде завршија исто, со Марота, сезоната пред да дојде Конте, а потоа и да го види тимот кој Конте го имаше во првата негова сезона таму.

Со Интер види каква генерација и основа создаде за само година ипол, краткорочно ќе владееше со истата ? Од дебелиот лукаку, дупло полошиот од Икарди според тебе, направи топ 3 деветка моментално у свет, од прв ден го челичеше со тренинзи со начин на исхрана со све, монструм креираше, од Бастони исто, од играч печен за уште една позајмица направи перманентен стартер у шампионски Интер, и тн и тн, да не набројувам. Кракторочен ли ќе беше неговиот успех со ваква генерација на фдубалери и очај од конкуренција ? Поим немаш со муабетов дека неговите успеси се краткорочни, Интер како клуб лесно ќе те демантираше, а и Јуве, докторски креираше генерација на фудбалери што ќе ти доставуваше тебе титули у годините што следат, ко што и докторски беше спречен од тоа од кинезите.

5. Мислењето за Конте секогаш ќе ми остане исто, нема да ми го смени евентуална титула освоена од Инзаги, не гледам апсолутно никаква основа нешто да се промени во врска со моите ставови кон Конте само зашто Интер пак е шампион. На која основа Конте би бил лош ако Интер продолжи да победува, не ми е јасно : ))). Тогаш што да кажеме за него ко тренер чим после јадни мучни 10 години освоил Скудето ? Зашто тогаш ако веќе вака размислуваш, плитко, не го праиш еден од најдобрите тренери у свет, чим од оној јаден Интер што до задња секунда не знаеше дали ќе игра во ЛШ или Не, ти направил dominant force за година дена на чизмата, а притоа, да не заборавиме, кога дојде го изгуби убедливо најдобриот играч на клубот а притоа доведе дебел кечер од Англија за кого фан базата нарочито на форумов имаше прилично интересно мислење.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
моментално имаш полош тренер од него во клубот кој сеуште ништо големо не освоил, сеа тебе ако ти е целта Интер да има полоши играчи и полоши тренери у иднина, ок, нема што тука веќе да се дискутира.
Како можеш да кажеш дека Инзаги е полош а досега водел еден тим во својата менаџерска кариера во кој со играчи како брат му на Лукаку, Луиз Фелипе, Лулиќ и Пароло успеа да се пласира ЛШ и да помине групи? Има освоено и куп, а и двапати суперкуп. Буквално ноќна мора им беше на Јувентус и ги плескаше редовно. Направи од пропаднат напаѓач Златна копачка а играчи избркани од своите клубови прави ѕвезди (Луис Алберто)
Да го водел Конте Лацио претходно, и да направел поголеми успеси ќе имаше смисла ова. Ама вака ти споредуваш тренер на Јувентус (најдоминантиот во историјата на Серија А), Челзи и Интер каде секаде имал солиден буџет со тренер кој водел екипа каде претседателот секое лето ти продава најбитните играчи и ти носи пет засилувања со вкупна откупнина од 2 милиони €, па и покрај ова он успеа да го направи Лацио сериозно конкурентен тим.

И не, не го омаловажувам Конте туку само ми е безвезе колку се плука по Инзаги и се прави како да имаме тренер кој е на ниво на Стив Брус.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.128
Поени од реакции
40.773
Како можеш да кажеш дека Инзаги е полош а досега водел еден тим во својата менаџерска кариера во кој со играчи како брат му на Лукаку, Луиз Фелипе, Лулиќ и Пароло успеа да се пласира ЛШ и да помине групи? Има освоено и куп, а и двапати суперкуп. Буквално ноќна мора им беше на Јувентус и ги плескаше редовно. Направи од пропаднат напаѓач Златна копачка а играчи избркани од своите клубови прави ѕвезди (Луис Алберто)
Да го водел Конте Лацио претходно, и да направел поголеми успеси ќе имаше смисла ова. Ама вака ти споредуваш тренер на Јувентус (најдоминантиот во историјата на Серија А), Челзи и Интер каде секаде имал солиден буџет со тренер кој водел екипа каде претседателот секое лето ти продава најбитните играчи и ти носи пет засилувања со вкупна откупнина од 2 милиони €, и успеа да го направи Лацио сериозно конкурентен тим.

И не, не го омаловажувам Конте туку само ми е безвезе колку се плука по Инзаги и се прави како да имаме тренер кој е на ниво на Стив Брус.
Каде се плука Инзаги тука не гледам најискрено. Џеко е полош од Лукаку во моментов, дали е тоа плукање кон Џеко или едноставно факт, ко да сум кажал утре сонцето на исток ќе изгрее ... пак, ко секој ден што изгрева.

Во моментов не можеш во ниту еден универзум да речеш дека Инзаги е подобар од Конте, не стигнал до тој стадиум во кариерата за да се споредуваат овие двајца за тоа кој е подобар, ко што Конте не стигнал до стадиум у кариерата за да го споредуваш со најдобрите тренери кои се актуелни моментално или оние низ историјата.

Никогаш не сум го омаловажувал Инзаги откако дојде тука, напротив, логичен избор беше ако се земеше све у предвид, ама у ниеден случај не е апгрејд, напротив, со оглед на неговото искуство до сеа споредбено со она на Конте, станува збор за downgrade, со тоа што се надевмае сите дека Инзаги со Интер ќе го направи тој исчекор во кариерата и ќе создава име во тренерскиот свет. Така да имаш downgrade на тренерска позиција, истото важи и за ростерот, тоа под дифолт е (многу) лошо и не гледам каде ја црпите силата да сте сеуште задоволни со работиве. Се надевам има вистина во муабетите за продажба на дел од акциите или па на целата сопственост, зашто моментално со Сунинг одиме надоле, наместо нагоре, бар така стојат работите, делуваат ко да немаат капацитет да го водат клубов а притоа истиот да расте и да прерасне во екипа кадарна да атакува и на ЛШ еден ден.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Како можеш да кажеш дека Инзаги е полош а досега водел еден тим во својата менаџерска кариера во кој со играчи како брат му на Лукаку, Луиз Фелипе, Лулиќ и Пароло успеа да се пласира ЛШ и да помине групи? Има освоено и куп, а и двапати суперкуп. Буквално ноќна мора им беше на Јувентус и ги плескаше редовно. Направи од пропаднат напаѓач Златна копачка а играчи избркани од своите клубови прави ѕвезди (Луис Алберто)
Да го водел Конте Лацио претходно, и да направел поголеми успеси ќе имаше смисла ова. Ама вака ти споредуваш тренер на Јувентус (најдоминантиот во историјата на Серија А), Челзи и Интер каде секаде имал солиден буџет со тренер кој водел екипа каде претседателот секое лето ти продава најбитните играчи и ти носи пет засилувања со вкупна откупнина од 2 милиони €, па и покрај ова он успеа да го направи Лацио сериозно конкурентен тим.

И не, не го омаловажувам Конте туку само ми е безвезе колку се плука по Инзаги и се прави како да имаме тренер кој е на ниво на Стив Брус.
И да не заборавиме, Конте освои Скудето со убедливо најдобриот тим во Серија А моментално и со мртов Јувентус без среден ред и Пирло како тренер како главен конкурент. Тоа што Милан со. 40 годишен Ибра беше 1 место пола сезона е друг муабет.

Исто така Конте заврши на 4то место во група ЛШ за прв пат во историјата на клубот. А беше во група со Мехенгладбах и Шахтјор.

Премногу потценет е Инзаги. Конте од друга страна е преценет!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
Каде се плука Инзаги тука не гледам најискрено. Џеко е полош од Лукаку во моментов, дали е тоа плукање кон Џеко или едноставно факт, ко да сум кажал утре сонцето на исток ќе изгрее ... пак, ко секој ден што изгрева.
Па тоа што викаш дека е полош го гледам како плукање. Може и лошо се изразив, повеќе е дека не му се дава доволно значение на тоа што постигнал и секогаш е во сенка кога правите споредби. А како што кажав, а и ти како што викаш не стигнал до тој стадиум во кариерата да ги споредуваме. Конте е тренер 14 години додека Инзаги само 5.
Ова му е прв голем тим каде се очекува од него да донесе титула и стартот му е за пофалби. Мене лично повеќе ми се допаѓа овој напаѓачки фудбал отколку тој претпазливиот на Конте, но тоа е небитно. Битни се резултатите и титулите.

Глуп е цел овој муабет да се прави сега. Нека биде Инзаги две сезони тренер на Интер па тогаш ќе видиме дали е downgrade или upgrade.
Лично за мене ако оваа сезона освои Серија А и помине групи ЛШ, дефинитивно е upgrade.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.128
Поени од реакции
40.773
И да не заборавиме, Конте освои Скудето со убедливо најдобриот тим во Серија А моментално и со мртов Јувентус без среден ред и Пирло како тренер како главен конкурент. Тоа што Милан со. 40 годишен Ибра беше 1 место пола сезона е друг муабет.

Исто така Конте заврши на 4то место во група ЛШ за прв пат во историјата на клубот. А беше во група со Мехенгладбах и Шахтјор.

Премногу потценет е Инзаги. Конте од друга страна е преценет!
Конте направи шампион од екипа која до неговото доаѓање во просек завршуваше 30 поени позади првиот и 15 позади вториот, не една сезона, или две, не беа ни три, а нешто ми кажува дека не беа ни четири, пет, па и шест, а прилично сум убеден дека беа и повеќе.
Aма сеа ти ќе излезеш со некакви си статистики бројки ко што знаеш, колку он потрошил : ))) па као ќе ми истераш муабет и магаре со тој тим ќе освоеше титула, само што магаре со тие пари немаше да успее да ги собере Хакими и Лукаку тука ( не заборавај, Икарди си отиде па дојде Лукаку ), ќе ги земеше Кондогбија и Жоао Марио, или легендарниот Габриел Барбоса такозвани Габигол, или фрапантниот Раџа Наинголан за кого го дадоа и најталентираниот играч од примавера, или па еднодимензионалниот Политано ( само за овие двајца отидоа над 50м евра плус јак играч). :cenzura:

Трошеле Интер и пред Конте, трошеа и со Манчини, многу, не мора да ги споредуваме со Јуве, колку трошеле во споредба со останатите кои завршувале пред Интер тие сезони, колку трошеле во однос на Рома, Лацио, Аталанта, Наполи, исто екипи кои глатко си биле пред Интер додека Интер давал и по 100м. Премногу плитко гледате на Конте и Интер, човекот заврши ебано добра работа тука, не направи пак некаков фактор у фудбалот и стварно импресивно е дури колку многу од вас го плукате ко да е некој небитен.

Искрено се надевам дека нема на потешкиот начин да сфатите каков импакт имаше он тука.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
Никогаш не сум го омаловажувал Инзаги откако дојде тука, напротив, логичен избор беше ако се земеше све у предвид, ама у ниеден случај не е апгрејд, напротив, со оглед на неговото искуство до сеа споредбено со она на Конте, станува збор за downgrade, со тоа што се надевмае сите дека Инзаги со Интер ќе го направи тој исчекор во кариерата и ќе создава име во тренерскиот свет. Така да имаш downgrade на тренерска позиција, истото важи и за ростерот, тоа под дифолт е (многу) лошо и не гледам каде ја црпите силата да сте сеуште задоволни со работиве. Се надевам има вистина во муабетите за продажба на дел од акциите или па на целата сопственост, зашто моментално со Сунинг одиме надоле, наместо нагоре, бар така стојат работите, делуваат ко да немаат капацитет да го водат клубов а притоа истиот да расте и да прерасне во екипа кадарна да атакува и на ЛШ еден ден.
Заборавив уште една ствар.
Претходната менаџерска кариера нема никаква врска кога ќе се донесе нов тренер.
Леонардо воопшто не беше downgrade на Бенитез, иако нивната кариера е неспоредлива.
Секој тренер си е посебна приказна. И Конте според ова бил downgrade во Јувентус 2011 па како што викаш, создал шампионски тим.
Истото го може и Инзаги.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.040
Поени од реакции
10.977
Најако ми е вака што од -15 поени секоја година, не направил шампиони.
Како парите и играчите да беа истите, м?
Друго нешто, кога ги напаѓавме кинезите кога се ценкаа за играчи, се фрлаше со дрва и камења по нас.
Ама сеа пошто магионичарот ти го чепнаа,одма кинезите се канцерот.
КАКО МОЖЕ да ми го величиш човекот што зема 12 милиони плата, а успеа да заврши последен во група со Шахтјор и Гладбах. КАКО?
Освоил сериа А со најквалитетниот тим, при 12кк плата. УАУ. Подвиг и пол. Ама претходно -30 сме биле од Јуве, а овај шамп станал. Станал, со 200 милини трансфери и Јуве со боси играчи во тимот, наместо Видал, Погба итн (кои играле на -30).
Изгледа заборавени ти се мечевите со Рома на Олимпико и на нив сличните, кога ги пикаме в гол и наеднаш му текнува да го внесе Гаља па едвај да дочуваме 2-2 наместо да ги размонтираме.
ПИЧКА од тренер, пичка од човек.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.128
Поени од реакции
40.773
Заборавив уште една ствар.
Претходната менаџерска кариера нема никаква врска кога ќе се донесе нов тренер.
Леонардо воопшто не беше downgrade на Бенитез, иако нивната кариера е неспоредлива.
Секој тренер си е посебна приказна. И Конте според ова бил downgrade во Јувентус 2011 па како што викаш, создал шампионски тим.
Истото го може и Инзаги.
Конте дојде во Јуве после Ферара, Раниери и Дел Нери, не дојде после некој кој зад себе има прилично добра трофејна кариера со оглед дека не е долго време во тренерскиот свет.

Ако одиме сеа според твојава логика, исто може да се каже и ако Скамака дојдеше место Лукаку ( или за било кој друг ваков пример дали тренер или играч ), да се буни некој како тоа сме смееле да речеме дека е полош играч. Отвараш глеаш CV и тоа е тоа, у тој даден момент е полош, што не значи дека Скамака под дифолт во сезоните што следат ќе даде вкупно 10 голам, може просечно ќе тера и над 25, на тоа секако ќе се надеваш па и ќе имаш високи очекувања откако ќе дојде. Али у моментот на потпис би бил полош од оној кој го наследува и глупо е да се објаснува зашто е тоа така.
Downgrade не е само во смисла на тоа дека едниот има полоша кариера до сеа од другиот и слично, downgrade е и зашто едниов го градел овој тим, од старт имал идеја што како зашто, и истото на крај донело шампионски резултат, играчите навикнале на него, направил компактна средина, креирал супер одбрана и тн и тн, и сеа тоа го тргаш, плус пар битни играчи, и доаѓа нов човек, со други идеи и замисли а притоа истиот доаѓа во чкартна кинеска средина.

Затоа реков, во доста неблагодарна ситуација е сега Инзаги и нема ич да му судам макар на крај заврши со 0 титули, секако проблемот е поише од евидентно каде е лоциран, на крај краева Инзаги не ги ни имаше правите услови за да креира тим по некој свој терк, ко капак на све го изгуби и Лукаку за што медиумите известуваа дека многу вриел па дури и некои отидоа до таму дека имало простор и он да си оди. Глупости беа ова секако, ама доволно говори за средината у која се најде Инзаги. Така да секако, ако Инзаги освои титула после све ова, таа и те како ќе има на тежина а и многу ќе говори за него го тренер, само ќе потврди дека е еден од најперспективните нови калчо тренери пред кого може да има супер кариера, ама и без скудетото истото ќе важи за него све дур не го видиме како функционира во идеални услови и средина кои сега дефакто ги нема.
Автоматски споено мислење:

Најако ми е вака што од -15 поени секоја година, не направил шампиони.
Како парите и играчите да беа истите, м?
Друго нешто, кога ги напаѓавме кинезите кога се ценкаа за играчи, се фрлаше со дрва и камења по нас.
Ама сеа пошто магионичарот ти го чепнаа,одма кинезите се канцерот.
КАКО МОЖЕ да ми го величиш човекот што зема 12 милиони плата, а успеа да заврши последен во група со Шахтјор и Гладбах. КАКО?
Освоил сериа А со најквалитетниот тим, при 12кк плата. УАУ. Подвиг и пол. Ама претходно -30 сме биле од Јуве, а овај шамп станал. Станал, со 200 милини трансфери и Јуве со боси играчи во тимот, наместо Видал, Погба итн (кои играле на -30).
Изгледа заборавени ти се мечевите со Рома на Олимпико и на нив сличните, кога ги пикаме в гол и наеднаш му текнува да го внесе Гаља па едвај да дочуваме 2-2 наместо да ги размонтираме.
ПИЧКА од тренер, пичка од човек.
За вакво плитко размислување зборувам.
Парите беа исти, играчите не, трошеле и со Манчини на пример и по Манчини, ама се инвестираше многу во имиња ко Кондогбија, Жоао Марио, Барбоса, Наинголан, Политано и ред други, имиња кои чинеле многу а немале импакт ко оние кои Конте ги донесе. Така да не е само муабетот да се има пари, Интер имале пари и пред Конте, МНОГУ повеќе од Рома на пример или Лацио па они завршувале пред Интер на табела, зашто ? Зашто тој што ги трошел тие пари направил погрешни калкулации на што истите треба да се дадат.

Од друга страна Конте погоди 90% од трансферите, имаше утки тоа секако, ама многу поише погодени отколку промашени имиња, и многу добра проценка плус да остане пример Бастони за кого Интер беа спремни да го позајмат на уште една сезона во Каљари.

Така да можам комотно да величам некој кој ти го вратил клубот на фудбалска мапа, зашто да не го величам ? Ме боли кур колкава плата имал, од спрдња екипа,м меме екипа, со која сите се заебаваа, направи шампион, ДОВОЛНО ми е мене, доволна сатисфакција после пеколно тешки 10 години, еј, ДЕСЕТ години, не 10 месеци, за години праиме маубет. Ама завршил последен у група, ама зимал 12м по сезона, ама потрошил 200м, плитко размислување, ништо повеќе. Интер 100 пати повеќе трошеле на времето од Рома и Лацио па биле позади нив на табела, толку од твојот страшно добар аргумент дека и Конте трошел и као тоа толку, доволно е за да биде шампион, ништо спектакуларно.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.040
Поени од реакции
10.977
Па јас како што памтам тие играчите што си ги пишал погоре, ние ги критикувавме а ти ги величеше.
Како сеа и тогаш се трошело ама лоши биле трансферите? Абе пркна малце Ковачич и одма го стопија за смешни пари, и сеа ти ми го споредуваш периодот на Конте со овај?

ГО вратил некој на врвот, ама тоа не е заслуга на Конте и никој друг, како што сакаш да прикажиш.
Имаш среќа што не остана, ќе се крстеше во Ранокија и Коларов во одбраната. Пошто магот со Шкриниар не му беше интересно.
ИСПАЃА ВО ЛШ две год по ред, при смешни противници. Барса со дечишта на Џ Меаца и Шахтјор и Гладбах во втората. При тоа, има страшен тим и зема 12кк плата. Се слушаме?
 
Иди на гугл, најди ги еве двете сезони пред да дојде Конте тука, или четирите сезони пред да додје Конте тука, па оди види колку Интер потрошиле за секоја сезона посебно, после тоа отвори ја табелата за секоја сезона посебно, види кој све бил пред Интер во истите сезони, и колку тие трошеле во споредба со Интер.

Па после наврати се на страшниот тим што Конте го креирал, зашто уште пред да дојде во Интер условот за него беше тој, ОН да го креира тој тим, и он да ја има таа слобода во бирањето кој да дојде а кој да си отиде од Интер. Ова ко навивач на клубот требаше да го знаеш, а не да се понашаш ко да наследил он страшна екипа или да ми тераш со муабетот и магаре да беше тука, исто ќе беше. Имавме магариња тука, не беше исто, завршуваа зад тимови со трансфер буџет од 10 милиони евра.

За испаѓањето од групи кур ме боли зашто на крајот не направи шампиони, се извади со стил и ја израдува цела милионска фан база која чекаше на тој момент 11 години. Треба малце да учиш од навивачите на Атлетико, зашто според твоето плитко размислување таму Симеоне врши очајно лоша работа, јер зима 20м годишно, можда и јаче, а исто и трошел многу на играчи. Али свесни се и они, он ако си отиде, ризикот они да исчезнат од фудбаслката мапа ко што било случај пред него е голем.

п.с. Oва за Шкринијар, мислам ни ти самиот не се сфати што сакаш да кажеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom