Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.252
- Поени од реакции
- 46.632
Лукаку и Хакими дојдоа ради него, потврдено од агентите на играчите и од самиот Лукаку, Барела исто му беше прв на листата на желби и инсистираше на негово доаѓање, он беше и мислам негово прво засилување.Чисто процедурално, негов играч е само Лукаку и Бастони, може и Хакими иако прв избор знаеме кој му беше на бек.
Ериксон не го сакаше, Шкринијар за малце ќе го продадевме заради Конте.
Ама ако збориме дека дошле Санчез, Јанг, Дармијан заради него, тоа е точно.
Не го деградирам Конте, само далеку од тоа дека немаше добиено добра основа на тим, особено во одбрана.
За Ериксен се слагам ама за Скринијар не, ако сакаше да се продаде, ќе го продадеше без проблем зашто пар клубови го чекаа со раширени раце и ќе ги дадеа тие 50-60м без проблем, мене не ми се веруе дека имаше фаци кои стварно веруваа и сеуште веруваат дека Ицо го сакал место Скринијар. Не заборавај дека Конте ја контролираше трансфер политиката на клубот нарочито за такви битни потези, имаше трпение за Скринијар и го чекаше да блесне што и беше случај втората сезона, за што се согласи и да се ослободат од Годин кој првата сезона беше каква-таква битна карика за тимот.
Си заврши одлична работа во поглед на изборот на играчи, плус и што им удри ручна за Бастони кој секако дека ќе беше наш играч уште ама можеби ќе чекавме на него уште година две ако се отидеше со првиот дил за Барела, а тоа беше да им се даде Бастони ко позајмен играч на неколку сезони.
Со Конте бевме на добар пат да станеме фудбалска сила во Италија и да доминираме во годините што следат и затоа ми е најкриво што нештата добија ваков епилог со ручната од Кина. Сега тоа го очекувам од Инзаги само под услов работата со кинезите да се оправи, или со некои други сопственици, со тоа што давам еден time frame oд 2 години за креирање на јак тим бидејќи изгубивме многу со Лукаку, Хакими и Ериксен, сите преквалитетни, сите во својот прајм. Верувам во Инзаги, Марота и Аусилио, многу, не и во тие што се над нив, бар не сеа за сеа, и тоа само ме плаши, ништо друго, со првите тројца што ги набројав сме у сигурни раце.
Било кој друг голем тренер со таков однос на управата ќе си заминеше, никад не беа за него проблем Аусилио и Марота, туку некој што не ни доаѓаше во Милано цела година и преку зум само ги известуваше како стојат работите. Колку и да е драма квин конте, а е, за ова беше потполно у право и само некој кој реагира имплусивно тоа нема да може да го види и ќе ми тера со муабетите дека е пичка. Нит Гвардиола нит Мурињо нит Зидан не би ти останале во екипа ако истите почнат еден супер проект, за да после 2 години откако тој проект носи резултат, ти дојде некое 26 годишно пичлеме од Кина и на зум ти вика еј ај сеа шиткај си еден од недопирливите, и од тие пари само 5% ќе можеш да трошиш за замени. На вакво нешто само Мацари ќе ти клима со глава, или Семпличи, или оние бескичмењацине што 20 пати беа отпуштани од палермо и џенова и пак им се враќаа.