Не е мала работа вака да им свртиш на виолетовиве, нарочито после такво очајно прво полувреме, 90% заслуга за триумфов тука конкретно има кај Инзаги и она што тој го изнудил од тимов во оние 15 минути пауза, башка што ова е тешко гостување, едно од најтешките за сите големи тимови од Италија плус што земаа некој залет овие Фиорентина сезонава и беа со фул самодоверба пред мечов и вриеа, така да job well done.
Али мора, под дифолт ова треба да се подразбира, играта во одбрана да се среди и да се добие онаа стабилност што ја имаа лани после 7мо коло па све до крај, тие грешки у средина, лоши проценки и продавања на посед ќе се средат 1000%, ама одбраната е најделикатниот сегмент на кој многу треба да работи Инзаги, нарочито што и низ кариерата у Лацио, без разлика на слабиот ростер, ова му беше проблем. Не е инат од тренер, лесно си ги воочува грешките, има добар тајминг со измените исто, верувам дека како ќе тече остатоков од сезонава така и назад ќе добијат на стабилност што е услов ако сакаме титула, башка тука ги има сите услови за да и он се усоврши у тој поглед, најдобрата дефанзивна тројка во Италија плус играчи у средина кои знаат добро и во одбрана со исклучок на турчинот.
Всушност, разликата во посед еве ја од прво и второ, претпоставувам дека покрај мотивирање на играчиве напраил и некои тактички промени во тие 15 минути кои изнудија во второ да гледаме еден поинаков Интер, поседот далеку повеќе кај противникот а притоа целосно беа неутрализирани во креација на шанси а Интер беше тој и што даваше голови и тим кој креираше многу шанси, на крај резултатот можеше да биде и поубедлив.
Рано е уште да се влечат заклучоци, играчки за жал сме прилично осакатени со заминувањата на 2ца пребитни играчи за кои практично и немаше адекватна замена плус Ериксен кој кај Инзаги би бил далеку порелевантен фактор, али па не е ваљда случајно што од новиов бран италијански стратези, Инзаги се издвојува најмногу и е најперспективен. Мислам дека тоа веќе и го покажува до сеа у Интер и штета за него што нема услови да тренира далеку појак Интер али се надевам од следните сезони и тоа ќе е случај.
Како и да е ми се допаѓа ко профил на тренер сега за сега, најмногу зашто се адаптира и не оди со глава кроз ѕид ко многумина пред него, бара начини како да искреира една победничка формула со моменталниов тим. Плус у доста неблагодарна ситуација е, дојде во актуелен шампион а истиот имаше огромни проблеми во текот на летото, а притоа очекувањата од навивачите се исти, Титула во Италија. Има доста канцероген дел од фан базата кој нема да има разбирање за него ако дојдат проблемите, несвесни дека изгубија у моментов топ3 9ка у Свет а дојде Џеко кој е во години апла, дека изгубија страшен играч во средина а дојде неконстантен турчин далеку послаб од данецот, изгубија можда и најбољи десен бек у свет а дојде играч кој допрва треба да се докажува на високо ниво у доста деликатна земја каде секогаш си на мета на медиумите. Треба да му се даде време, а и идеални услови за работa, па тогаш да му се суди кога реално ќе поседува све што е потребно за успеси у овој спорт, у моментов тоа не е случај.