Фан Клуб: Интер

Браво за Инзаги и измените, ги осети точно на време, посебно Барела што го повлече. Не убија во прво ама јасно беше дека во второ ќе паднат, сигурен бев дека ќе ја вртиме. Шампионски, за 3 минути :D

Сега за сега се гледа дека кондициски се држат, се надевам дека ќе задржат вакво темпо во најголем дел од сезоната.
 
Ова е покажување карактер од цел тим. После такво прво полувреме, вака рутински да ја добијат утакмицава во второ е одлика на сериозен клуб.
Пофалби и за Инзаги, успева да најде противодговор на скоро сите тактички фори што противничките тренери пробуваат да ги протнат на утакмиците протв Интер.
Дамфрис изгледа на солиден играч. Кога ќе го поднаучи јазикот, ќе почне да се разбира со соиграчите, ќе се приспособи на системот и на лигата, ќе дојде до израз повеќе квалитетот што го додава во играта на Интер. Тоа веројатно ќе го видиме во вториот дел од сезоната.
Следна е Аталанта, која не изгледа многу импресивно на почеток на сезона. Добра прилика да ги добијат и нив на Меаца.
 
И со Верона и денес страшен фудбал играат у второ после никакво прво полувреме. Симоне добар.
5 пати поубав фудбал играат со Симоне отколку со Контехехехе.
Има ритам, има игра. Тоа со Конте беше очобол, дерби не сакав да гледам, сезонава утакмица немам пропуштено.
 
Следна е Аталанта, која не изгледа многу импресивно на почеток на сезона. Добра прилика да ги добијат и нив на Меаца.
Реално, небитно е со кого играме, битно е како ќе одиграме. Се е до нас, се уште сме најдобри во лигава. Кога не ни играат пресинг ги полниме, кога играат пресинг паѓаат. Да не звучам преоптимистички како Тролејбус ама рутинирано треба да освоиме.
 
После војна сите генерали...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ти брат и пред и после војна се бламираш. :D

Аман со оризарите, Броз и Перишиќ, секоја утакмица истото го трубиш. Глеаш ваљда дека добро играме и дека имаме 18 дадени гола на 5 натпревари. Сеа ако изиграме едно слабо полувреме не значи дека треба да се избрка цел стручен штаб, играчи и сопственици, аман!

Фиорентина почнаа многу јако, да не речам на ура, дадоа НЕРЕГУЛАРЕН гол и тоа малце не утепа. Нема сумња дека беа бољи тим у прво, ама длабоко бев убеден и знаев дека ќе свртиме, т.е. дека имаме добри шанси да свртиме. Не може екипа како Виола такво темпо да игра 90 минути, предлабок пресинг кој бара премногу трчање, едноставно мораше да се казни тоа. Не е воопшто глуп и наивен тренер Симоне, и со Верона увиде кај е слаб тимот и во второ полувреме гледавме друг Интер, па така и денес си ги увиде грешките и во второ ги осакативме, можевме 17 гола да им дадеме.

Премногу ми се допаѓа во која насока оди тимов, уште Дензелот да се закопа во прв тим и ќе бидеме топ.
 
Реално, небитно е со кого играме, битно е како ќе одиграме. Се е до нас, се уште сме најдобри во лигава. Кога не ни играат пресинг ги полниме, кога играат пресинг паѓаат. Да не звучам како Тролејбус ама рутинирано треба да освоиме.
Рано е многу за такви заклучоци :) , сеуште не изиграле ни едно дерби во лига.
Али да, at face value нема некој во лигава, ни по ростер, ни по воиграност, на кој што треба да му завидуваат, или од кој треба да се плашат.
Треба да играат за титула во вакви околности во лига, со тоа се согласувам.
Ме бендисува Инзаги за сега. Позитивно сум изненаден од тоа како изгледа тимот на терен. Се надевам дека ќе го држи темпото во текот на цела сезона.
 
Ние да го имаме Тео Хернандез, минимум по три ќе даваме секој натпревар. Премногу простор за Перишиќ имаше денес, а он не успеа да направи нешто посериозно освен тој голот од офсајд. Ок е, доста трча и добро покрива, ама фали офанзивно да биде поубедлив.
Неговиот гол не го рачунам во неговото слабо издание затоа што он ја имаше најлесната работа во цела акција.
Чаланоглу изигра солидно во второ за разлика од прво. Но, прво ретко кој освен Хандановиќ има преодна оценка. Добри одбрани имаше денес Самир.
 
Само уште ако беше прва постава Дамфриз :P
Мислев Дамфриз да влезе десно место Дармјан, стандард измена.

Како и да е, презадоволен што успеавме да направиме пресврт за краток период, инаку лесно можеше натпреварот да отиде во друг правец.
 
Рано е многу за такви заклучоци :)
giphy.webp



Каде се Syn и Џонтра што промашуваат натпревари во вечерен термин, да не шверцуваат мигранти од Афганистан? Не ми текнува друга причина :kafence: :cautious:
 
Не ја гледав ама коренот да му го изнаебам на Виола...срцето ми се наполна дека ги тепавме на таа дупката гнасна Артмеио Франки..ммногу гадни копилиња што против Интер играат како животот да му зависи...сега следни се комшиите Аталанта....лани кога ги тепавме 1-0 толку не издоминираа како да играа Баерн Минхен против Арминиа Билифилд...сега се надевам дека ја немаат таа форма и ќе бидат поистрошени бидејќи ќе биди научна фантастика пак да извајме позитивен резултат со нив.
 
giphy.webp



Каде се Syn и Џонтра што промашуваат натпревари во вечерен термин, да не шверцуваат мигранти од Афганистан? Не ми текнува друга причина :kafence: :cautious:
За Урко може да ти кажам дека тагува и жали ради сево ова пошо длабоко во себе посакува Интер да не направи ништо сезонава за да испадне дека Конте бил магионичар. Не знаеш што збореше на фејс у прво полувреме, буквално да посакаш да го убиеш. СТОКА!
 
Нерегуларен гол, плус недосуден пенал за нас. Лошо судење.

Прбвото бевме доста лошо, ама и Фиорентина играше целосен пресинг и трчаа како луди. Со такво темпо не можат да издржат долго, затоа паднаа во второ.

Очекував повеќе од Чалханоглу, засега е само просечен. Подобро Весино да го видиме наредна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom